Home Live Ова се најевтините места за летување во Грција во Септември

Ова се најевтините места за летување во Грција во Септември

Крајот на септември дефинитивно е најповолен за одмор во Грција, а за среќа морето е доволно топло за капење.

Меѓутоа, доколку барате најевтини опции, треба да се откажете од луксузните апартмани и чартер летовите, како и да се фокусирате на одредени места кои се сметаат за поевтини.

– Факт е дека во секоја од дестинациите може да се најде сместување по многу ниски цени за целото семејство, но најчесто таквите капацитети се доста далеку од морето или не нудат многу содржини како некое луксузно сместување.

Значителна разлика во цените можете да забележите и кога станува збор за места кои имаат добра репутација во споредба со оние кои се помалку познати и со помал туристички развој, но тоа не мора секогаш да биде така.

Огромен број фактори играат улога во формирањето на цените, затоа на една дестинација може да се види широк опсег и варијации на цените…

Општ пресек покажува дека најниските цени за сместување се на Евија, Атос, во околината на Солун, а потоа и Ставрос и сите градови од Олимписките региони – пренесува порталот Грција инфо.

Овие локации се атрактивни, а за комплетен аранжман можете да поминете со помалку од 100 евра.

Олимпик би, 10 ноќевања, од 21 септември за 32 евра по лице – звучи речиси нереално достапно, а ако сакате и автобуски превоз, истиот аранжман е околку 65.

Паралија е во тој период и за 10 ноќевања од 39 евра односно 73 со превоз и може да се плати и на рати. Аргус ги брои последните места за олимпискиот регион, а цените во септември се од 89 евра за 10 ноќевања во апартмани и превоз.

Неос Мармарас, најпознатото летувалиште во Ситонија, на вториот крак на Халкидики, е една од хит понудите на Вива травел – за септември има аранжман за 45 евра по лице, но со сопствен превоз, само шест дена ( пет ноќевања), а за 79 евра по лице.

Во истото место во втората половина на септември може да резервирате 10 ноќевања со автобуски превоз.

Доколку преферирате Пефкохори, на полуостровот Касандра, седум ноќевања со сопствен превоз во септември ќе ве чинат 60 евра преку Travelland, додека во последниот термин на Eurotours (на самиот крај на септември, почетокот на октомври) 10 ноќевања во Пефкохори може се најдат за 36 евра, но без превоз – со автобус е 74 евра по лице.

Десет ноќевања на Тасос во септември преку агенција чини 50 евра, со автобуски превоз 97 евра. НаТасос од 79 евра во последниот термин (10 ноќевања), или од 109 ако сакате и организиран превоз, а аранжманот за патување Сабра кој вклучува 10 ноќевања и автобуски превоз, на пример од Белград чини 125 евра (без превоз од 70 евра).

Со оглед дека Македонија е поблиску, преку нашите агенции би било поповолно.

Едно од најпопуларните летни одморалишта за туристите е Ставрос, рибарско гратче на околу 80 километри од Солун, а на крајот на септември преку Viva travel може да се одморите таму за 79 евра по лице – вклучувајќи сместување во апартман за 10 ноќевања и автобуски превоз.

Последниот агенциски термин за островот Евија е 13 септември, па ако ви одговара, можете да ги добиете вашите 10 ноќевања на море од 46 евра по лице со сопствен превоз, а доколку ви треба превоз со автобус, сметајте на 50 евра повеќе.

Previous articleТони Науноски: Ова ли е држава, дозвола ми бараат за мои дрва да сечам, а дрварите 5 илјади кубик ги продаваат
Next articleДенес Ненад Стојановски ќе наполнеше 70 години, а еве каква болна приказна раскажа неговата ќерка Јана за него и нејзиниот син кој е крстен по дедо му