Home Live Препораки за штедење струја од една домаќинка: Заборавете ја превосмукалката и печете...

Препораки за штедење струја од една домаќинка: Заборавете ја превосмукалката и печете пипер на сонце !

Министерот за економија Крешник Бектеши неодамна на прес-конференција информираше за сет препораки, мерки и задолженија за заштеда на електрична и топлинска енергија кои денеска ги усвои Владата.

Мерките се носат со цел да се намали потрошувачката на електрична енергија и кај државните и јавни институции, како и кај домаќинствата и компаниите, соопшти Владата. Мерките ќе почнат да важат од 1 септември и ќе траат до 31 март, следната година.

„Како што и претходно напоменав и веќе алармиравме, прогнозите се дека ќе ја преживееме една од најтешките зими на енергетски план, не само нашата земја, туку сите земји во регионот и во Европа.

Со цел полесно да се справиме со периодот кој не очекува за да имаме непречено снабдување со електрична енергија и нејзино ефикасно искористување, и крајна цел пониски сметки за струја, Министерството за економија подготви план и препораки ‘Заштеда на струја за безбедна зима’, рече министерот Бектеши.

Препораките, укажувањата и задолженијата се поделени во повеќе категории во зависност од тоа дали се работи за домаќинства, компании или простории на јавни објекти во сопственост на државата.

– КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ! ОВА КАКО ДОПОЛНУВАЊЕ НA СОВЕТИТЕ ЗА ШТЕДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА , ДАДЕНИ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ! ГО ОБЈАВИВ ВО ЕДНА ЖЕНСКА ГРУПА, НО СОВЕТИТЕ ВАЖАТ И ЗА МАЖИТЕ!“.

Ова е текстот кој е објавен на Фејсбук страницата Огнените ѕве рови на Дамјана, а всушност е превземен од Анастасија Петроовска која дала совет како да се заштеди електична енергија. Текстот понатаму вели:

1. МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ ќе ја пуштате еднаш месечно и тоа на мал програм ! Ептен се разгаливте, што му фали на перењето во када!

Додуше ќе се згрбавите свиткани над легенот, но не е страшно , може да ви се фати половината или да добиете ишијас, барем ќе се одморите некоја недела !

2. ИМАМЕ СОНЦЕ на претек и греота е да не го искористиме и со тоа да заштедиме електрична енергија ! С’ кн пуштање бојлерот, извадете на балкон или во двор, легени, тенџериња , шишиња со вода, и цело време ќе имате вода за капење, за миење садови , за сите потреби ! И да , нема зијан да ја штедите и водата !

3. САМО ЕДНА СИЈАЛИЦА НОЌЕ И ТОА од најслабите , во дневната соба ! Ја пуштате во употреба откако не ќе можете да се гледате меѓу себе ! Во другите простории не ви треба сијалица, сигурно си го знаете распоредот на намештајот и ќе се движите полека !

Може да им завидуваме на мачките што можат да гледаат во темница !

Е сега ако се удрите негде, да речеме малиот прст од ногата на некое ќоше од намештајот, ќе си поскокате и ќе поофкате а на другите делови од телото можат само модрици да ви излезат ! ( ќе ви поминат за една недела ) !

4. АКО СТЕ ГЛАДНИ , не се фаќајте веднаш за шпоретот : еве ви го сонцето, слободно можете да испржите јајца, да испечете пиперки , па и супа да сварите !

5. ФРИЖИДЕРОТ : ќе го отварате само еднаш во денот и тоа наутро или навечер кога е поладно ! Ем штедите струја, ем допринесувате за диетата што во моментов ја држите !

6. ТВ – Било што да гледате , ќе го правите тоа со паузи: 10 минути, гледате. 15 минути правите пауза ! За ова ви гарантирам дека ништо нема да пропуштите !

7. ПРАВОСМУКАЛКА : заборавете дека ја имате ! Ќе си се вратите на старите добри метли ( ништо не им фали) , ќе си ставите една маска ( сигурно чувате уште од тие што не штитеа од вирусот) и ќе се распафкате со метлата магли и правови во сите соби !

8.ВИЕ ШТО СЕДИТЕ ВО ВИСОКОКАТНИЦИ , фино – лепо , нема да користите лифт, ќе си се качувате пешки до некој десети или единаести спрат , нели спортувањето е здраво и еве ви шанса да си го подобрите здравјето ! Ако толку не можете да се качувате ,ќе им се тупнете на комшиите од приземје , па заедно ќе штедите струја !

9. И НА КРАЈ,ноќе ќе ги исклучите сите апарати приклучени на струја , дури и оние малите сијалични што стојат пред иконите!

Мене толку ми текна, вие продолжете со совети ! ИМАЈТЕ УБАВА ШТЕДЛИВА ВЕЧЕР – АНАСТАСИЈА КОКАН ПЕТРОВСКА“, стои во објавата.

Previous articleНасмеан кога е до згодна колешка, Зуица изгледа дека не е љубоморна кога Наум се дружи со волку згодна пејачка (ФОТО)
Next articleАтиџе нема за огрев за да ја помине зимата во новата куќа во Дорфулија- нова хуманитарна акција за нашата позната пчеларка