Home Live Стефан од Некст тајм објави посебна слика со Тинеа, оваа фотографија кажува...

Стефан од Некст тајм објави посебна слика со Тинеа, оваа фотографија кажува многу за нивниот однос (ФОТО)

Тивко ја започнаа, но и тивко ја прекинаа љубовната врска познатиот музичар Стефан Филиповски од дуото „Некст тајм“ и манекенката Маја Ристевска, пред повеќе од 1 година.

Познатиот пејач стави крај на врската со манекенката Ристевска, а ги избришал и сите заеднички фотографии од социјалните мрежи, објави Слободен печат.

Причината за разделбата е непозната, а двојката се разделила пријателски. Инаку, Маја има еден брак зад себе, со фудбалерот Јован Костовски кој што траеше околу една година.

Стефан, пак, досега љубеше голем број на познати дами, а манекенките отсекогаш била негова слабост. Пред Маја, беше во врска и со Драгана Чуприна, но раскинаа после неколку години поминати заедно.

Стефан ретко зборува за својот приватен живот во медиумите. Кога беше во врска со Драгана Чуприна, тој во едно постаро интервју за Точка изјави:

-Јас знам дека сум искрен кога станува збор за љубовта, секогаш пристапувам најискрено. Не барам девојка наоколу колку да имам, туку тоа едноставно се случува. Мене ми се случи многу спонтано, јас и нејќев да се заљубам во тој период, меѓутоа едноставно ми се случи.

Со Драгана се запознавме овде во Скопје. Мене и претходно ми беше доста симпатична, и така…не беше ништо планирано, се’ се случи онака како што требаше.“.

Сега, откако веќе не е со Маја, тој е во среќна врска во манекенката и блогерка од Белград, Тинеа Б. Мартин објави слика со оваа убавица, како уживаат на плажа и добија коментари колку се убави и емотикони- срциња.

Тинеа инаку живее во Виена и еве како Тинеа се претставува на својот блог: „Здраво на сите на сите!

Моето име е Тинеа (необично име, знам. Родена сум на 23 декември 1988 година во Љубљана и кратко време по моето раѓање, моите родители се вработија и се преселија со мене во Белград.

Основно училиште и гимназија завршив во Белград и откако се запишав на Социологија на Универзитетот во Белград, успешно се префрлив на Социологија во Виена и започнав нов живот, сама, во друга земја. Моментално сум вработена во Виена и имам високо образование.

Бидејќи многумина се заинтересирани за моето потекло (заедно со моето чудно име), решив да ви го откријам – јас сум дете на босански Краишник и славонски Далматинец. Но, бидејќи пораснав во Белград, Зборувам српски, и дома некој крајно необичен јазик.

Покрај тоа што пишувам блог, правам и музика. Во слободно време сакам да пеам и свирам пијано, понекогаш играм малку балет… и понекогаш добивам кастинг и сум фото -модел“, вели убавата девојка.

„Мајка“ е насловен новиот албум на дуото „Некст тајм“, што го сочинуваат близнаците Мартин и Стефан Филиповски, а премиерно беше претставен вво јуни оваа година, објави Нова Македонија.

-Албумот „Мајка“ и го посветуваме на нашата и на сите мајаки во светот, но пред се на нашата единствена – мајка Македонија – порачаа момците од „Некст тајм“.

-Велат дека имаме две мајки. Така и ние , едната е нашата мајка Сузана, а другата е татковината. Затоа што татковината ја викаме мајка Македонија. Албумот го посветуваме на целата наша земја, на Македонија.

Како и на нашата мајка Сузана и на сите мајки борци. Секој нека си го доживее на свој начин и нека го подари на својата мајка или на Македонија – изјави Стефан Филиповски, вокалот на Некст Тајм кој не ги штедеше убавите зборови за нивната мајка Сузана, а објави Женски магазин.

Нашата мајка е супер, голем борец, кој нѐ изнесе на вистински пат. Многу ни помогна од секој аспект. Имавме среќа, пред да се појави песната „Ја излези, Ѓурѓо“ да ѝ речеме:

„Мамо, веќе ти не ни требаш финасиски. Ние сега ова можеме да го тераме.“ И фала му на Господ што ни даде неколку хитови „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам, бабо“ и сите други што ги издадовме.

Можеме и финасиски да се обезбедиме и да организираме еве и добра промоција, да испечатиме цеде на свој трошок. Да биде сѐ како што треба. Ова ни е трет албум. И веруваме дека оваа „Мајка“ ќе остане за век и векови – појаснува Стефан за Женски магазин.

Откако Стефан и Мартин беа со девојките на одмор во Грција, на првиот крак, потоа Стефан одлучи да си помине сам време со девојката Тинеа, со која често објавува фотографии на својот Инста профил.

Сега, моментално тие се во Виена, каде што живее Тинеа и таму си поминуваат многу убаво време заедно.

Стефан објави слика со Тинеа како седат во кафич/ресторан во Виена на ,,руфтоп” од каде што се гледа целиот град. Тие на фотографијата делуваат многу среќни и заљубени што значи дека се’ е како што треба во нивната врска.

Previous articleОва е сестрата на Сузана Манчиќ: Водителката со неколку зборови го откри нивниот однос (ФОТО)
Next articleМарко ,,Дај побрзај” кажа што не му дозволува жена му да прави, па откри дали ќе и го даде телефонот пак