Home Live Антонио Димитриевски: Нејќам ќерка ми да се бави со оваа работа, не...

Антонио Димитриевски: Нејќам ќерка ми да се бави со оваа работа, не е ни толку профитабилно

Антонио Димитриевски во интервју за Репортер.мк проговори за своите почетоци, својата работа и детали од приватниот живот.

Тој ја започна својата кариера во пишан медиум, работеше во македонска телевизија, па изјави:

-Веројатно луѓето до крајот на животот имаат свое хоби. Јас сопственото го имам претворено во професија. Цел живот сум сакал да се занимавам, можеби не конкретно со таа професија, но музиката ми била од мали нозе, тоа што е.

Нешто што е порив, желба, задоволство.. Од друга страна, дарбата за пишување, претпоставувам е наследена од мајка ми која имала литературни амбиции, била во тие литературни кругови и станала позната писателка, во годините после Втората светска војна итн.

Веројатно се споиле тие две нешта и цело време се прелеваат, дел во оние музичко-естрадни води, дел во тие новинарски води. Не ми е тешко, апсолутно јас работам со истиот порив.

Знаат колегите овде, често знам да се пошегувам, дека сум приправник у шестдесетој или уредник, како сакаш земи го.

-Се дружам со еден куп луѓе, ќе се видам со еден куп луѓе, случајно или намерно. Ќе се сретнам на социјалните мрежи комуницираме со овие помладите, од Анета, до Живкица, до речиси да нема човек со кој сум ги прекинал сите контакти во животот.

Потоа проговори и за порталот Вистина.мк на кој е уредник веќе подолго време:

-Ние не го прераскажуваме она што веќе некој го напишал. Ние сме се потрудиле во доменот на домашната естрада да имаме максимално, 100 посто, сопствен печат и сопствено авторство.

Настаните се тие, некој порано ќе ја објави веста, некој подоцна. Јас сум престанал да се тркам со брзината на објавување, што е демек главниот адут на онлајн новинарството.

Генерално, информацијата може да ја дознае некој пред тебе, некоја тетка од улица да ти ја каже. Не е битно кој прв дознал, на крајот на краиштата, побитно е како си ја обработил, како си ја пласирал и како си им ја доловил и сервирал на луѓето таа информација.

Има ли во сето тоа суштина, има ли како да кажам, месо или е обична подгреана вода. Ако ти знаеш тоа добро да го спакуваш, што значи тоа, новинарски?

Наслов кој ќе те залепи за мониторот или телефонот, сеедно, да има факти внатре, да има нешто што е претставено на начин кој е вистинит, допадлив и забавен.

Никој не сака да чита долги текстови, се сменија работите. Римата ми е мене својствена, зашто мислам ако има рима, полесно се чита и полесно се памти.

А еротска поезија, некогаш има, некогаш нема ама знаеш како, две работи, најчитани работи се еротика и црната хроника, црните вести.

Јас не сум љубител и поборник на црните вести, и ми е жал кога нешто навистина морам такво да објавам и знаеш, неизбежно е.

Ќе по чине некоја голема ѕвезда и сега не можеш ти тоа да не го истретираш, да не го раскажеш, судбината, кариерата, приватниот живот, ова она.

Генерално кога има убави вести, зашто да не ги зачиниме.

-Јас не знам да нема социјални мрежи што треба да праиме, треба да ги затвориме сите фирми. Онлајн новинарството веќе не е новинарство, туку се онлајн информации.

Технологијата, онаа ако во времето на музиката важеше ,,The video killed the radio star”, oвде, онлајн новинарството ги у би вистинските новинарски ѕвезди, затоа веќе нема новинари, затоа деца од улица пишуваат за ситни пари, копи-пејст или така нареченото, фотокопир новинарство цвета, царува еден текст.

Потоа, Антонио се осврна малку на детали од приватниот живот и проговори за тоа колку време поминува на својот телефон:

-Прилично како децата сум станат, заради природата на работата, не заради сопствена љубопитност. Тоа што генерално, телефонот е замена за компјутеров.

Знаеш каква е нашава работа, нема во 3 саат си одам дома, и да си отидеш во 3, работата е 24/7. Постојано нови информации, нови случувања, проверка на фактите итн.

Потоа, водителката го праша за неговата ќерка, дали го наследила талентот за музика или за пишување, на што Тони одговори дека повеќе и’ оди пишување.

-Не, дека нема ,,сенс” за музика, но мислам дека, да биде пејачка нема да биде, иако се обидуваше и во основно училиште, имаше успеси, доби и награди..

Мислам дека има ,,сенс” за литература, за македонски јазик, па и лежи за пишување. Ќе ја поддржам максимално што можам (ако сака да биде дел од ваква работа), но ќе бидам максимално несреќен заради тоа.

Има многу попрофитабилни и повозбудливи професии од оваа нашата. Некогаш беше, но денес повеќе не е. Мислам дека не е добро да се бави, а патем не е ни профитабилно.

Previous articleНовопечената мајка, Хана Хулиќ првпат проговори за мајчинството и дали ќе прават уште една свадба со Грашо
Next articleШеф Марк ужива со сопругата на ова место на луксузна вечера, ама му ја зготвија други (ФОТО)