Home Live Новопечената мајка, Хана Хулиќ првпат проговори за мајчинството и дали ќе прават...

Новопечената мајка, Хана Хулиќ првпат проговори за мајчинството и дали ќе прават уште една свадба со Грашо

Пејачот Петар Грашо и Хана Хуљиќ станаа родители на малото девојче Алба, а потоа дедото Тончи Хуљиќ го најави доаѓањето на новото бебе и ги откри деталите за породувањето на неговата ќерка.

Семејствата Хуљиќ и Грашо имаат големи причини за славење. Малото девојче дојде на свет пет дена пред терминот и ги изненади сите. Ова го призна и гордиот дедо Тончи кој откри како поминало породувањето.

– Пресреќни сме! Алба малку брзаше кога дојде на свет, но своевремено малку порано на свет дојдоа и нејзината мајка Хана и нашиот Иван, кој е синот на Тончи – изјави Тончи за „Јутарњи лист“, а Грашо додаде:

– Мама и бебе се добро, сè помина добро. Бебето е здраво и среќно.

Инаку, Хана утрото пристигнала во сплитското породилиште, а кога родила Грашо бил во Загреб. Му се јавиле членовите на семејството и го известиле за ситуацијата, а тој потоа влегол во автомобилот и заминал за Сплит.

Веста дека неговата сопруга е во болница го стигнала откако слетал на аеродромот во Загреб од Македонија.

Кога Хана се породи, Петар наздравуваше со неколку пријатели и дедото, но вистинската прослава допрва следуваше.

– Семејно славевме, но ќе правиме вистинска забава за да ја прославиме и свадбата и раѓањето на бебето – вели Тончи и низ смеа открива дека не сака внуката да го нарекува „дедо“:

– Јас ќе бидам Тончи. Сè е во едно.

Тој ја потврди и информацијата дека девојчето се вика Алба.

-Петар и Хана однапред се договорија малата да се вика Алба. Тоа е име со латинско потекло и доаѓа од зборот ,,albus” (бело, светло).

Алба на италијански и шпански значи ,,зора”, па може да се каже дека девојчето го добило името по таткото на Петар, Зоран. Инаку, да беше момче, ќе се викаше Тончи, по мене и на дедо му – рече низ смеа Тончи.

Да потсетиме, Хана и Грашо се венчаа во февруари во Сплит, а венчавката се одржа во кругот на семејството, кумовите и најблиските пријатели.

Ќерката на Хана Хуљиќ и Петар Грашo донесе радост во животот на познатиот пар. Алба се роди предвремено неколку денови, а сега веќе има 1 месец.

Девојчето Алба, ќерката на Хана Хуљиќ и Петар Грашо, пристигна на светот на 17 јули и внесе сосема нова енергија во нивните животи.

Поради написите во весниците за нивниот брак, свадба, па дури и уште една свадбена прослава, во оваа прилика за хрватските медиуми конечно проговори убавата ќерка на Тончи Хуљиќ, која на овој начин ги разјасни деталите од бракот со Петар, како и, како се снаоѓа во улогата на мајка…

‒ Ми се допаѓа улогата на мајка. Добро сум. Сега малку ја смирувам затоа што има грчеви. Се обидувам да ја заспијам – низ смеа проговори Хана за „24сата.хр“ кога зборуваше за својата ќерка и се наврати на насловите и написите во весниците за неа и Петар, кои се појавуваат речиси секој ден.

‒ Секој ден читам по нешто ново за мене и Петар, па престанав да реагирам‒ изјави убавата Хана, новопечената мајка и сопруга на популарниот пејач.

Хуљиќ ја искористи оваа прилика да стави крај на обвинувањата дека наесен двајцата ќе имаат уште една свадбена веселба.

‒ Искрено, веќе не знам од каде доаѓаат тие зборови. Не планираме уште една свадба – изјави таа во оваа прилика.

Иако нивната венчавка привлече големо внимание во јавноста, Петар претходно истакна дека не им била целта да се пробијат низ медиумите …

– Ако има двајца кои помалку сакаат да се експонираат надвор од својата работа, тогаш тоа сме јас и Хана. Медиумите само си ја вршеа работата, не си ласкам. Разговарав со моите пријатели новинари. Им реков: „Луѓе, што повеќе?!“ – откри Петар и додаде:

– Бевме само двајца кои сакаа да се венчаат меѓу пријатели, но направивме мала грешка. Колку повеќе се затворавме, толку повеќе бевме опкружени.

Ми беше важно тонот да е поважен од сликата. Кога стигнавме пред црквата, моравме да и пријдеме со автомобил, што ми се чинеше чудно. Замислив дека ќе биде рака под рака, низ градот – истакна тогаш Петар …

Previous articleПрвата дама Елизабета „крцкаше“ сношти во Битола на „Манаки“ – толку дотерана не сме ја виделе (ФОТО)
Next articleАнтонио Димитриевски: Нејќам ќерка ми да се бави со оваа работа, не е ни толку профитабилно