Home Live Ова го стори Јордан Митев во чест на легендата Гоце Николовски- златното...

Ова го стори Јордан Митев во чест на легендата Гоце Николовски- златното грло не се заборава (ВИДЕО)

Од осамостојувањето до денес, народот ги пее песните на тројцата великани кои не се повеќе меѓу нас, Гоце Николовски, Војо Стојановски, Пепи Бафтировски, Гоце Арнаудов. Нив повеќе ги нема, но нивните хитови ќе останат за навек.

Гоце Николовски е познат македонски пејач на народна музика. Познат е по својот голем хит „Бисер балкански“. Гоце Николовски е роден во 1947 година во Скопје, Македонија. Музичката кариера ја започнува со шеснаесет години во градот Ниш, каде што живее.

Победник е во тогаш популарната емисија ” Максиметар ” и уште тогаш ја навестува својата музичка кариера. Почнува во групата ” Рубинси ” , но многу брзо преминува во тогаш најпопуларната нишка попрок група ” Далтони “.

Славата на оваа група се шири по Југославија, а нивната песна ” Рука од сна “, и денес често може да се чуе на нишките радио станици.

Својата популарност како музичар и пејач во Македонија ја достигнува во 1990 година кога на Фолк Фест Валандово за прва пат ја изведува легендарната македонска песна Бисер Балкански.

Песната ја доби првата награда на фестивалот во конкуренција од повеќе изведувачи од Југославија.

„Бисер балкански“, иако е новокомпонирана македонска народна песна, многумина ја сметаат за втора македонска химна. Ја испеа легендарниот пејач Гоце Николовски.

Песната за првпат била испеана на „Фолк фест Валандово“ во 1990 година. Ја освоила првата награда.

Текстот на песната е од Јован Павловски, музиката е на Хилми Билбил а аранжманот е на Томислав Таневски. По самата изведба песната станува голем хит и многу наскоро станува широко прифатена од македонскиот народ.

Јасминка Павловска, во својата статија посветена на Гоце Николовски вели дека ниту една новосоздадена песна претходно, ни потоа немала таква општонародна прифатеност, што во периодот на раните деведесетти, што се совпаѓа со независноста на Македонија, ужива и своевиден статус на химна, стои за оваа песна на Википедија.

Композиторот на оваа песна Хилми Билбил. Тој исто така одамна го напушти овој свет како што е познато има свој музички наследник, а тоа е композиторот и пејач Роберт Билбилов. Тој во една прилика зборуваше за својот татко.

-Имав 15 години кога си замина татко ми. Беше болен од срце и уште од тогаш некоја моја интуиција ме тераше да помислам дека може да се случи и најлошото.

Моите чичковци ме подготвија дека ако татко ми си замине, јас треба да бидам тој што ќе го води семејството.

Мојата мајка тогаш беше многу млада, а и сестра ми беше мала. Така и направив. Кога ни јавија дека го напуштил овој свет, мене ми се вратија зборовите дека јас сум сега одговорен“, изјави Билбилов во емисијата „Ексклузив“ на 1 ТВ.

Гоце Николовски не меѓу нас од 19 декември во 2006 година, но неговите дела не се заборавени. Една од песните која се пее и денес на сите настани, свадби, веселби е „Мојата серенада“, која гоце ја испеал на „Серенада фест“ во 1993 година.

Во негова чест, а и во чест на младенците кои уживале во оваа песна, како и на сватовите, Јордан Митев ја испеал „Мојата серенада“, и оние познати стихови; Тивко свирам за да можеш да ме чуеш само ти…

Оваа негова изведба која е „ежење“, ја објавил на Фејсбук, и добил многу пофални зборови, честитки и позитивни критики, а и оправдано.

Previous articleНа анкетите не им „цветаа розите“, но СДСМ на изненадување на сите, победи убедливо во Маврово и Ростуше?
Next articleПознатиот актер од „Бољи живот“ беше принуден да се раздели од ќерката, пет години ја немал видено, а потоа тажно си замина во вечноста