Home Uncategorized Првата дама Елизабета „крцкаше“ сношти во Битола на „Манаки“ – толку дотерана...

Првата дама Елизабета „крцкаше“ сношти во Битола на „Манаки“ – толку дотерана не сме ја виделе (ФОТО)

Од вчера, Битола почна да живее во духот на филмот, оддавајќи почит кон првите сниматели на Балканот, Браќата Манаки.

Послан беше црвениот тепих, по кој синоќа зачекорија филмските работници, но и ѕвезди, сниматели, и сите љубители на филмот.

-Расположението е супер, има адреналин, сите уживаат, работат, на разни пунктови, едни врзуваат, други редат столици, некои монтираат, потоа во Офицерски ги подготвуваат билетите

Завчера во Битола пристигна и оскаровецот Ентони Дод Ментл, добитник на годинешната награда за животно дело.

-Вчера имав шанса да се запознаам со него, не само што е исклучителен кинематографер, туку е и прекрасен човек, не се однесува како ѕвезда, изјави Симеон Мони Дамевски, директор на фестивалот.

Oвогодинешното издание на “Браќа Манаки” е збогатено со 60 филмови, но и познати личности кои ќе одлучуваат за селектираните филмови во долгометражната програма, краткометражните филмови, документарната програма и студентската програма.

-На последните денови ни доаѓа Џон Метисон, снимателот на Гладијатор, Логан, Икс мен, главно ги снима филмоите на Ридли Скот, имам австриска позната актерка, имаме во жирито добитници на многу награди, изјави Дамевски.

Подготвен е и Офицерскиот дом во Битола, локација каде ќе се одржуваат прес конференции кои ќе се одржуваат секојдневно, офф програмата ќе има свој интересен корнер тука, а на платото ќе се прикажуваат филмови од програмата МК АГОЛ.

Исто така ќе биде доделена и наградата од Друштвото на филмски работници, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ која постхумно ќе биде доделена на филмскиот продуцент Горјан Тозија, која традиционално се доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

Тозија беше често присутен на фестивалот, а во неговата богата професионална биографија ќе останат запаметени двата најголеми успеси: номинацијата за Оскар на филмот „Пред дождот“ во 1994 година, кога тој раководеше со продуцентската куќа „Вардар филм“ и двојната номинација за Оскар на филмот „Медена земја“ во 2020 година, кога тој беше на чело на Агенцијата за филм.

Филмот е глас на комплексните значења на реалноста бидејќи говори во името и на утопиите и на дистопиите, а уметноста е чин на храброст, затоа што нејзината цел не е да ја репродуцира реалноста, туку да не соочи со неа, истакна вечерва во Битола претседателот Стево Пендаровски, кој како покровител го отвори Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“.

Пред аудиториумот во Битола, Пендаровски го цитираше Брехт според кој уметноста не е огледало во кое се огледува реалноста, туку длето со кое критички се обликува она што не е експлицитно видливо во реалноста и она што често општествените и политичките динамики сакаат да го затскријат.

– Ако основната мисија на филмот е да биде во полемика со светот и неговите аномалии, тогаш фестивалските филмски манифестации треба да бидат јадрата на прогресивноста во естетска и во поширока општествена смисла, а нашиот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со богата играна и документарна програма и годинава потврдува дека е токму такво јадро во континуитет, нагласи Пендаровски.

„Ми беше чест вечерва, на отворањето на 43. издание на интернационалниот фестивал на филмската камера БРАЌА МАНАКИ во Битола, да му ја врачам наградата за животно дело на истакнатиот британско-дански кинематографер, оскаровецот Ентони Дод Ментл“, објави на својот профил на социјалните мрежи, доцна синоќа, претседателот Стево Пендаровски.

Особено впечатлива на црвениот тепих, беше сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.

Првата дама изгледаше елегантно во темнозелен фустан со црни панели во горниот дел и класични салонки.

Previous articleКате од група „Соната“ згодна во купаќи, еве какви слики објави од домашен терен и од плажа (ФОТО)
Next articleНовопечената мајка, Хана Хулиќ првпат проговори за мајчинството и дали ќе прават уште една свадба со Грашо