Home Live Пејачката Тамаpа објави како ќе се вика внуката на Мијалков – меѓу...

Пејачката Тамаpа објави како ќе се вика внуката на Мијалков – меѓу гостите Бети Канческа, Олга Костовска… (ФОТО)

На големиот празник Павловден, постариот син на Сашо Мијалков и примабалерината Александра Мијалкова стапи во брак со својата партнерка.

Имено Јордан Мијалков и Анастасија направија прекрасна свадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели.

Фотографии од свадбата имаше на профилот на свекрвата Александра Мијалкова, која остана верна на својот препознатлив стил и блесна во елегантен црн коктел фустан, пишува Женски Магазин.

Како што можеше да видиме, младата избраничка на синот Јордан изгледа прекрасно. Таа носеше краток бел фустан, изгледаше многу елегантно, а можеше да се види и трудничкото стомаче.

Анастасија Бела, новата снаа на Мијалкови, е косопственик на концептуалната продавница „URMA“, заедно со нејзината сестра Александра Бела која е сопруга на актерот Атанас Атанасовски, објави Вечер, што значи дека актерот Атанас и синот на Сашо Мијалков станале баџанаци.

Сестрата на невестата, Александра беше облечена во црвена креација, која изненади многумина со својот фантастичен и несекојдневен изглед.

Тамара Тодевдска на својот Инстраграм на стори ја објави веста дека Сашо и Сандра Мијалкови станале баба и дедо. „Девојче е“, напишала Тамара и го означила на оваа објава таткото на девојчето, синот на Сашо, Јордан Мијалков.

На објавата е означена и сопругата на Мијалков, примабалерината Сандра Мијалкова, која стана баба.

Сега кога им се роди принцезичка во семејството, се очекуваше дедо Сашо да направи голема и незаборавна забава за памтење за првото внуче.

Но, кога стануваше збор за пејачка која ќе ги забавува, семејството не се мислеше, се знаеше дека тоа ќе биде нашата Тамара Тодевска.

Тамара Тодевска е една од нашите најактивни и најдобро пејачки на македонската естрада која има светски глас.

Тамара Тодевска важи за голема пријателка на семејството Мијалкови.

Таа синоќа пееше на големата прослава на Мијалкови, по повод првата внука во семејството.

Тамара објави ,,селфи” со чичко Јордан и тетката на внуката, па напиша:

,,Мекици за Алесандра, со таткото, чичкото и тетките”

Внуката на Сашо Мијалков има многу убаво и необично име, а по видеата кои Тамара ги репостираше на својот профил можеше да се забележи кој е највесел.

Тетката на Алесандра, сестрата на снаата на Мијалкови, се растури од играње, со кренати раце, а потоа и се придружи и Александра Мијалкова, која изгледаше многу убаво и елегантно, како и секогаш.

Потоа, при крајот на вечерта, Тамара се сликна и со дедо Сашо кој ја прегрна нашата пејачка и се гледаше дека е многу среќен што има внука.

Нека е жива и здрава малата Алесандра, честитки до семејството Мијалкови!

Меѓу присутните, беше и поранешната министерка за култура, во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, како и поранешен поратеник, Бети Канчевска – Милевска.

На забавата беше присутна и ќерката на Трифун Костовски, Олга Костовска.

За неа, Тамара рече дека ќе посвети посебно место во своите мемоари, кога еден ден ќе ги пишува.

Previous articleШеф Марк ужива со сопругата на ова место на луксузна вечера, ама му ја зготвија други (ФОТО)
Next articleШтом се појавува Влатко Ѓорчев, резултатот е познат? Високиот функционер на ВМРО кажа првични резултати од Тетово