Home News Богоев: Моментот кога од 2 према 1 за ДПМНЕ на анкети, станува...

Богоев: Моментот кога од 2 према 1 за ДПМНЕ на анкети, станува 2 према 1 за СДСМ на терен

Високиот функционер на СДСМ, Стефан Богоев, во статус на социјалните мрежи, објаснува како течел вчерашниот изборен ден:

„На вчерашните избори вкупно: СДСМ и коалиција: 2 градоначалници + 2 советници.  ВМРО – ДПМНЕ: 0 градоначалници + 4 советници. Левица: 0 комплетна.

Во Центар Жупа имаше 1 кандидат, но таа беше стратегијата на ВМРО – ДПМНЕ, да направи се за да нема цензус од 33.33%. Затоа и немаа кандидат, бидејќи проценија дека секако ќе изгубат и одеа на бојкот, но не проценија дека ќе успееме во цензусот и победата.

Маврово – Ростуше е директна борба помеѓу 2 кандидати, гради во гради, СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ. Кандидатот на Мицкоски е член на Извршен Комитет на партијата (највисокото тело).

СДСМ обезбеди и цензус и убедлива победа иако пола пратеничка група и раководство на ВМРО – ДПМНЕ беа редовно на терен па дури и членови на избирачките одбори (на само гласачко место) на денот на гласање.

Во Тетово победи БЕСА, второ место е ДУИ, трето е ВМРО – ДПМНЕ, четврто СДСМ. Соодносот помеѓу советниците остана ист (СДСМ со ВМРО – ДПМНЕ). Разликата е намалена од претходните избори, дури и со неколку коалициски партнери на СДСМ кои одлучија да настапат самостојно и да одлеат гласови од “купот”. Пад на гласови има и кај ВМРО – ДПМНЕ и кај СДСМ.

Заклучоци и факти:

СДСМ и коалицијата победи во 2 општини кадешто се бираше градоначалник.

Поразот на ВМРО – ДПМНЕ и Левица и нивниот пад на гласови укажува дека национализмот и лажниот патриотизам не вродиле со плод.

Се потврди дека анкетите на ВМРО – ДПМНЕ (води 2:1) се лажни и комплетно неточни.

Граѓаните сакаат европска Македонија и европски општини.

Ковачевски го победи Мицкоски на првото изборно соочување.

Во втор статус, Богоев објави славеничка фотографија и порача:

„Моментот кога од 2 према 1 за ДПМНЕ на анкети, станува 2 према 1 за СДСМ на терен. Убав ден победнички!“

Previous articleОткако го помина вирусот, Каролина Гочева пак на одмор, еве каде одмара и со кого
Next articleМарија Шерифовиќ го покажа еден од своите домови: Вреди повеќе од 200.000 евра, кај има добар вкус, пријатно е