Home Live Турунџиева: Ве лажат дека ви продаваат мед од Атиџе – еве на...

Турунџиева: Ве лажат дека ви продаваат мед од Атиџе – еве на кој начин можете да го купите нејзиниот

Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова избрале одличен симболичен наслов за својот прв албум „Пола мене-пола тебе“, како мотото на Атиџе, пчеларката од селото Бекрилија, за чија приказна преку документарецот „Медена земја“ дозна целиот свет.

Албумот со осум песни, на македонски и на турски јазик се промовираше минатата година во Скопје, а самите Атиџе и Сузана се и автори на дел од песните.

Песните се снимани во студиото на Роберто Поп- Димитров „Кентаур“, кој е исто така дел од авторите“, објави во декември Женски магазин.

Благодарение на хуманоста на многу пријатели на Турунџиева, Атиџе и нејзиниот брат Феим сега се преселени во новата куќа во селото Дорфулија.

-Малку поплакав кога се селев од Бекрирлија, седев на скалите на старата куќа и плачев. Ми падна жал за моето село, таму сум го поминала целиот живот. Од петокот сум преселена во новата куќа. Многу ни е убава куќата“, изјави Атиџе по промоцијата.

Откако почнаа да се дружат, евидентно е дека и на Атиџе Муратова, но и на Сузана Турунџиева, почнаа да им се случуваат убави работи во животот.

-Кога се запознавме, ништо не си ветивме една на друга. Одевме чекор по чекор до целта. Нас некако ни се препрелетоа енергиите, направивме една супер конекција. Ние сме многу раслиќни ако земеш да не анализираш.

Но, од женски аспект сме многу слични. Таа ја има сромноста, трпеливоста, ведрината која што е во дефицит во ова наше лудило. Се повеќе луѓе се грижат за интереси, се повеќе ги врзуваат зделки и можности да заработат едни од други.

Нас ништо не не врза такво. Апсолутно ништо, јас бев растеретена од таа комерцијална страна јас да бидам покрај Атиџе и таа да биде покрај луѓето коишто ја препознаваат нејзината љубов, и не случајно тимот на „Медена земја“ ја одбрал баш Атиџе“, рече неодамна Турунџиева во „Магазин“ на Сител.

-Јас не сум сретнала некој што толку многу ја сака Македонија колку Атиџе. Таа со толку многу голема љубов зборува за својата земја. И навечер кога си седиме често пати, и си фантазираме„, рече Сузана.

Таа изјави дека фантазира да оди на егзотини места, и кога на Атиџе ќе ѝ покаже некој егзотичен остров, таа ѝ вели: ти не знаеш колку е убаво дома, во Македонија, по нашите планини, ако ги одиш пеш.

-Јас не сум во некоја финансиска благосостојба, да можам да ѝ го сменам нејзе животот на многу подобро, зборувам од аспект на тоа да ѝ обезбедан животни услови, бидејќи и јас сум таа што ги нема во моментов.

Јас сум еден самохран родител, кој живее под кирија, кој живее од една плата, и немам ништо на свое име. Но, јас имам огромна желба да го правам светот подобро место за живеење, и онолку колку што можам да ги обединувам добрите луѓе„, рече Сузана.

Сузана Турунџиева покрена нова акција за помош на својата добра пријателка. Тоа се декоративни камења кои таа ги цртала, како и садови и сега ги продава, а од продажбата на овие убави уметнички дела, ќе се донира за помош на Атиџе.

Камењата и садовите се со мотив на пчела, во стилот на Атиџе, а Сузана објавила слики од нејзината рачна изработка и на својот Фејсбук профил го упатила овој апел:

– Мислам дека не треба да потенцирам кој(а) ми беше инспирацијата за овие камења?! Атиџе се разбира – жената од која можевме многу да научиме, ама за жал ништо не научивме.

Чест на исклучоци кои покажаа дека се луѓе од збор и луѓе со срце и совест. Мисијата за Атиџе продолжува, следен предизвик е обезбедување на огревни дрва за претстојната зима, средување на дворот, оградување на истиот и изградба на летниковец…

За сите кои сакате да се вклучите во мисијата и да го убрзаме процесот на реализација пред почеток на зимата, пишете ми во инбокс“, стои во објавата на Турунџиева.

По оваа објава, Турунџиева се налути и на Фејсбук ги прозва сите оние кои ја навредувале и ја омаловажувале Атиџе и во својот нов статус напиша:

-Ви се обраќам во име на Атиџе. Сите, кои деновиве се осмеливте да го ставите во вашите пог ани усти големото име на Атиџе (па и моето) и да вре ѓате, плукате, судите и омаловажувате некого на кого не сте му ни до колена, срам и грев да ве фати…

Па дај боже и вие да живеете “богато” (со 4000 ден во месецот) како и Атиџе. А на сите кои се дрзнуваат лажно да продаваат мед под нејзино име, арам да им се парите. Потенцирам: Мед од Атиџе е само оној кој сте го купиле лично од неа!!!!

Додека на оние пак, на кои 20 евра за медот на Атиџе ви се многу, не морате да купите, ама барем не морате ни да лаете и ширите сомнеж со триста бесмислени шпекулации.

А што се однесува до мојата мисија за помош и поддршка на Атиџе, И БЕЗ ВАС ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ!!! Бог на нашиот пат секогаш испраќа добри луѓе со кои сите предизвици, чекор по чекор ќе ги совладуваме, ЗАЕДНИЧКИ“, напиша Сузана.

Previous articleИрена Вељовска ги почести фановите: Во вакво сензибилно издание ретко кога ја гледаме, одлична е (ФОТО)
Next articleКако да се другарки, а не мајка и ќерки: Маја Панчева ужива на летување со ќерките