Home Live Јелена Џоковиќ отворено прозборе за бракот и како пробувала да се ,,срамни”...

Јелена Џоковиќ отворено прозборе за бракот и како пробувала да се ,,срамни” на иста должина со Ноле

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е во брак со Јелена од 2014 година и имаат две деца. Сепак, малкумина се сеќаваат како изгледа неговата поранешна девојка.

Новак Ѓоковиќ беше во врска со успешната диџејка Лидија Поповиќ пред да започне да излегува со Јелена пред повеќе од 10 години. Таа неодамна откри дека се сеќава на врската со Ѓоковиќ.

„Новак е прекрасен во секоја смисла на зборот. Она што го имавме останува во далечното минато, а јас имам само пофални зборови за него“, рече тогаш таа и додаде:

„Патиштата ни се разделија, нема ништо лошо во тоа, а и денес не се слушаме. Секој си има своја кариера, нон-стоп сме на нозе, но секако сакам да се сеќавам на тој период, ми се допаѓа да го запомнам по убави работи, уште мислам на него“.

Лидија неодамна беше прогласена за најдобар диџеј во Србија и наводно зема 30.000 евра за настапи. Неодамна на Инстаграм се појави слика со познатиот боксер Конор Мек Грегор:

Лидија на социјалните мрежи објавува слики од настапите, но и оние во бикини, поради што енјзините следбеници ја споредуваат со познатата Ким Кардашијан.

Уште од 2003 година, Ноле реди успеси и победи меѓу најдобрите тенисери како што се Федерер и Надал. Веројатно сите знаеме доста за Џоковиќ, но има некои работи кои можеби не сте ги знале за него.

Тој е голем фан на фудбалот и омилени клубови му се Црвена Ѕвезда, Милан и Бенфика. Неговата жена Јелена е негова школска љубов. Поседува богатство од 180 милиони долари.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со крст околу вратот, гуру, спиритуалист, напиша Блиц за Ноле во една прилика. Ова се поими кои се поврзуваа со него.

„Смеј се додека дишеш, сакај додека живее“, вака во Шортлист го опишуваат познатиот тенисер. о оваа реченица која личи дека е дел од мотивационен говор, е опишан Ѓоковиќ.

„Треба да разбреме дека сме споени на повеќе нивоа, не само физички. Поврзани сме едни со други, со семејството, со Земјата, со универзумот. Тоа е енергетска смисла, високи вибрации.

Како и да сфатите, мислам дека постои виша сила која го создала сето ова, и сите нас, а ние само добиваме помош да живееме“, вели тенисерот.

Додава дека преминувањето на здрава храна му го сменило животот. Вели дека не сака да го користи зборот веган, затоа што живее во средина каде има доста етикетирања.

Јелена Ѓоковиќ е многу активна на социјалните мрежи каде со своите следбеници споделува моменти од нејзиниот деловен и приватен живот.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ овој пат проговори за нејзината борба со анксиозноста и за се’ што презима во врска со оваа состојба.

– Понекогаш се чувствував преоптоварено, што многу влијаеше на моите резултати и отвореност за нови искуства, учење и пријателства. Анксиозноста и стресот не се шега – рече Јелена и додаде:

– Бев вознемирена, тоа ме уништи мене, мојата слика за себе. Мислев дека сум супержена, дека можам да одговорам на сите потреби на мојот сопруг и децата, а потоа морав да се соочам со моите стравови.

И среќа што се случи затоа што се разбудив и сфатив дека морам да се посветам. Ќе биде храбро да го кажам ова пред милиони, но се обидував да се натпреварувам со Ноле.

Мислев дека не добивам доволно признание како што го заслужувам и дека мојата работа не се гледа бидејќи се’ се одвива во позадина – заклучила таа.

За среќа, здравјето на Јелена Ѓоковиќ не беше сериозно загрозено, а благодарение на семејството таа успеа да ги надмине сите неволји.

Меѓутоа, во неодамнешното интервју за Стори, Јелена истакна дека извесно време и било тешко што луѓето ја гледаат само како сопруга на Ноле, додека нејзината работа и успеси биле ставени на втор план.

– Се’ што направив беше невидливо. Жените немаат простор да зборуваат, да се покажат и постои стереотип за спортистките како треба да изгледаат и да се однесуваат.

Порано ме болеше што ме препознаваа само како негова сопруга, а сега се носам со гордост – изјави Јелена.

Previous articleТамара Јованов: Сточари, пекари, електричари… за сите нив, дури и една Словенија, е светлосни години разлика оттука
Next articleИрена Вељовска ги почести фановите: Во вакво сензибилно издание ретко кога ја гледаме, одлична е (ФОТО)