Home Live Родителите на Драгана Мирковиќ не дошле на свадба кај ќерка си: пејачката...

Родителите на Драгана Мирковиќ не дошле на свадба кај ќерка си: пејачката конечно откри зошто

Пејачката Драгана Мирковиќ зад себе има многу богата и успешна кариера која трае повеќе од 30 години. Таа се оствари како сопруга и мајка.

Балканската фолк дива Драгана Мирковиќ важи за една од најуспешните и најомилените фолкерки не само на овие простори, туку и секаде каде што живеат нашинци од Балканските простори.

Фолк пејачката Драгана Мирковиќ е една од најнаградуваните пејачки и најпозната на Балакнот. Таа ги оставрила сите свои сонови во текот на кариерата.

Со сопругот Тони Бијелиќ, синот Марко и ќерката мануела живеее во раскошна вила во Виена, а како што изјавила има доволно пари за повеќе никогаш да не излезе на сцена.

– Живеам надвор од земјата, имам прекрасен брак и семејство. Живеам прекрасен живот, одам на патувања, добив се тоа што го сакав дури и повеќе од тоа. Не постои ништо поради што би морала да работам, освен љубовта кон публиката, изјавила фолк пејачката.

Нивната вила во Виена е лусксузна, има базен, многу драгоцени предмети кои се обвиткани со Сваровски кристали. Тие поседуваат и фирма која продава автомобили, имаат ТВ станица во Србија, возен парк… колку Драгана ги цени своите соработници свдочи информацијата дека поклонила дури автомобил „јагуар“, пренесуваат српските медиуми.

Нејзините концерти во Србија, Македонија, Бугарија, но и во Австралија, Германија, Америка, Швајцарија се секогаш исполнети до последно место, а таа возвраќа со прекрасна енергија која придонесува за одлична забава и пеење во еден глас на незјините хитови.

Драгана Мирковиќ е родена пред 50 години во Касидол и тогаш никој не претпоставувал дека ќе биде толку успешна.

Денес, Мирковиќ живее во Виена заедно со нејзиниот сопруг и децата, а селаните од нејзиното родно место открија непознати детали за животот на пејачката.

За „Pressonline“ по зборовите на мештаните Мирковиќ своето родно место го посетува во текот на летото.

Во центарот на Белград се наоѓа и продавница каде што Драгана редовно пазарува, а продавчката објасни дека Мирковиќ секогаш кога ги посетува родителите купува кај неа во продавница.

“Пешки доаѓа во продавница и купува основни намирници. Секогаш има шминка, но знае да дојде во хеланки и папучи.Сите кои сакаат да се фотографираат со неа им излегува во пресрет“, вели Марија од продавницата.

Една од селанките изјави дека Драгана имала голема љубов во селото.

„Имаше момче додека беше во селото, како секоја тинејџерка. Кога доаѓа им помага на родителите, но никогаш не оди на нива со нив“ вели Зорица.

Таа е често е во центарот на вниманието поради огромното богатство што го поседува. Пејачката веќе извесно време живее во Виена со сопругот Тони и децата Мануела и Марко, во величенствена палата вредна 50 милиони евра.

Тони и Драгана се во брак 22 години. Нивниот брак е многу хармоничен, и како таков никогаш не бил изложен на скандали.

Двојката се запознала во Виена, благодарение на менаџерот на Тони. Имено, Тони не ни знаел која е Драгана и што прави. Бизнисменот се заљубил во пејачката на прв поглед, а симпатиите биле обострани.

Набрзо почнале да излегуваат, а по една година врска решиле да се венчаат. Тие се венчаа во 1999 година, во Виена, но на свадбата сепак нешто недостасуваше.

За жал, на свадбата со Тони не присуствуваше семејството на пејачката Драгана Мирковиќ, поради што таа беше многу тажна. Таа во една прилика ја откри причината зошто родителите не биле на свадбата.

„Се венчавме во општината, беше скромна прослава. Беше време на санкции, никој од моите не можеше да дојде, бидејќи не можеше да извади виза. Бидејќи Тони е австриски државјанин по раѓање, едноставно не можев да го сторам тоа додека не се оженив и додека нашата заедница не беше завршена на хартија.

Едноставно немав можност да обезбедам виза за моето семејство, тато, мама, сестра. И затоа имавме малку гости“, рече во една прилика Драгана.

„Дури и семејството на Тони не можеше да дојде, бидејќи и тој има многу роднини. Така бевме дваесетина, но без разлика што ми недостигаа, сепак тоа беше најубавата и најромантичната свадба за мене.

Едноставно, толку сум искрено сакана и едноставно бев среќна, а тоа ми беше доволно во тој момент“, додаде таа.

Previous articleВо црвени бикини, Елена од Сител ужива на плажа, убавата водителка на заслужен одмор (ФОТО)
Next articleДеколте и отворени рамења- Софија Куновска згрми во Битола- уште е една од нашите најубави глумици (ФОТО)