Home Live Тамара Јованов: Сточари, пекари, електричари… за сите нив, дури и една Словенија,...

Тамара Јованов: Сточари, пекари, електричари… за сите нив, дури и една Словенија, е светлосни години разлика оттука

„Мајка ми, цел живот го помина во текстилната индустрија, како текстилен инженер. Низ нејзиното искуство, а мое сведоштво, тоа изгледаше отприлика вака:

– работа во 3 смени (денес си трета, а утре прва по потреба),

– работа секој викенд,

– една недела одмор во годината (а не би го дале ни тоа да можеш да црнчиш ко робот),

– работа со секакви хемикалии,

– никакви услови за работа (ладно во зима, жешко и загушно во лето),

– ужасен и понижувачки однос на транзициските профитери – т.н. газди или на странските инвеститори заштитени како бели мечки,

– со “отпушти преку ноќ – прими преку ноќ” пристап кон вработените, без никаква нивна заштита од било која институција,

– со ставање на шефици во позиција да изиграваат плашила и да се дерат по вработените ко по стока, за малку повисока плата,

– со пријавување на помалку работно време од реалното,

– со пријавување на пониско образование од реалното за помала плата,

– со нередовна исплата на плата,

– со ништо повеќе од минимална плата,

– со редовни ВИСОКИ ПРОФИТИ за газдите, никогаш, ни на сон, неподелени со вработените, барем во еден дел,

– со постојана неизвесност од месец во месец – ќе имаш ли работа или ќе немаш,

– со нервози дома, оти не си робот за да не ти влијае и да не ја внесеш некогаш дома маката (а како да не ја внесеш, кога нема ни плата, ни храна месецот?)…

И ринташ ко коњ преку 30 години, за пред крај да те шутнат ко технолошки вишок без збор!

И после трпење на таа голгота од “кариера” заради преживување, кога треба да одиш во пензија имаш нови проблеми, а пензијата ако ја дочекаш, е мизерни 11.000 денари?!

Не стигаат ни за сите лекови кои ти требаат после таков живот – секој фа кинг ден од работниот век со неизвесност, страв, беспарица, нервози… додека си требал да гледаш фамилија и да растеш и школуваш деца, заради нефункционални институции кои не го есапат обичниот човек и владеење на криминалот со амин на властите!

Наместо систем во кој ќе се развиваме и живееме, создадоа септичка јама од државава, во која сите се давиме со години!

И после, колнеле луѓето, пцуеле, мразеле, биле нетокму?! Стварно?!

Уништени се и потрошени во мизерија бројни животи, а никој не одговараше за тоа!

По она што е направено во државава, тешките неправди кои ги живееме со децении, најочајно е што народ уште трпи и чека полошо!

Крени се народе! Нели ти е доста?! Нели е време за крај на експлоатација на нашите мајки, сестри, баби, тетки, другарки? Време е!

Крени ја главата! Барај ја правдата! Пс. Чест на исклучоците од примериве (ги има, знам), ама малку сте. Толку малку, што не се ни броите, за жал.“

Тамара Јованов, повторно изненади со нов статус каде зборуваше за Македонците кои одлучуваат да се преселат во дијаспората, заради подобри услови:

,,Викеднов ми се отселија уште двајца млади од фамилија, за Словенија.

Работоспособни, вработени во ИТ индустрија. По нив, планираат да си заминат уште неколкуте кои ги имам тука.

Сите се во нивните доцни дваесетти и рани триесетти. Семејството ќе си го прошируваат негде на Запад.

Причината – окупиран и нефункционален систем, кој продуцира деструктивно општество и убивање на вербата дека ќе доживеат некаква значителна промена.

По нив, голема е веројатноста да си заминат и нивните родители.

Сточари, пекари, електричари… за сите нив, статустот и условите истото да го работат дури и во Словенија, се светлосни години разлика оттука.

Младите треба да ни бидат на прво место во секоја мерка и промена.

Промените пак, мора да почнат веднаш. Наместо шминка, мора да бидат суштински и да почнат од образованието.

Или ова ќе го менуваме или сите останати заедно, ќе потонеме. Некои (народот) повеќе од другите (властодршците).

Ако за миг сме заборавиле, да си повториме – држава без млади луѓе, е држава без иднина.”

Previous articleМарија Шерифовиќ го покажа еден од своите домови: Вреди повеќе од 200.000 евра, кај има добар вкус, пријатно е
Next articleЈелена Џоковиќ отворено прозборе за бракот и како пробувала да се ,,срамни” на иста должина со Ноле