Home Live Во црвени бикини, Елена од Сител ужива на плажа, убавата водителка на...

Во црвени бикини, Елена од Сител ужива на плажа, убавата водителка на заслужен одмор (ФОТО)

Шармантната водителка Елена Стојановска речиси секое утро гледачите имаат прилика да ја гледаат на утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“, каде со својот професионален пристап ги информира гледачите.

Таа е една од нашите најпопуларни водителки. Ја сакаат сите генерации, поради нејзиниот шарм, а она што ја карактеризира Елена е младоликиот изглед и насмевката. Во една прилика, Елена зборуваше за својата нега и убавина.

Искрено, најчесто сум без шминка. Веднаш по емисија затоа што имаме тешка телевизиска шминка гледам да ја отстранам, премногу ми е сценска за така да се шетам.

Приватно, сакам да го прикријам заморот на лицето и да изгледам свежо, а сакам и да ги истакнам очите.

Сите кои ме познаваат знаат дека со спортот сум на вие. Вежбам кампањски и никогаш не се претворив во некој спортски тип. Најчесто место член јас сум спонзор на теретаната затоа што ќе платам членарина и не одам.

Но, сакам да пешачам и мислам дека тоа многу ми помага“, откри водителката во Женски магазин.

-Не сум се однесувала ска ндалозно и така и никогаш не прочитав за себе нешто што би ме вознемирило.

Си ја работам работата најдобро што знам, па се надевам дека така ќе биде и понатаму“, рече Елена во интервју за ubava.mk.

Искрено, не можам да се пожалам. За среќа сум била секогаш убаво прифатена од колегите, од публиката“, изјави во едно интервју убавата водителка.

Лик кој ви го задржува погледот а глас го кој задржува вниманието. Иако за неа најголема љубов беше радиото и сеуште телевизијата, со едното засега се збогува, но можеме да ја видиме на фрекфенцијата на сител телевизија во утринската “Ја сакам Македонија“, напиша во една прилика Убава.мк

– Имав мали паузи но дефинитивно Сити радио беше моја најголема и најдолга радио приказна.

-На телевизија почнав на 18 години со емисијата 100% на А1 телевизија, а еве сега речиси дваесет години подоцна ги будам гледачите на Сител во утринската „Ја сакам Македонија“. Имав и мали прекини, но сепак вака во бројки е прилично долг период.

Радиото дозволува комфор и ви дозволува да бидете вие, без никакви маски од шминка, внимателно седење, внимавање на гестикулацијата.

Некогаш и тешко беше да се одвојат едниот од другиот медиум, но радиото мене ми помагаше за говорот на телевизија.

Радиото направи да имам брза течна мисла, да се снаоѓам во повеќе ситуации.

Телевизијата пак си има свои придобивки, присутноста на тв екраните е фантастична промоција за некој што решил да се занимава со оваа работа“, изјави таа во интервју за Убава.мк

Елена, која е со години омилена кај гледачите, во истото интервју вели: Верувам во тоа дека човек мора да работи на себе, во секој домен. Јас сум „бубалица“. Таква бев и на училиште, таква сум и во професијата“, рече Елена.

Таа на Инстаграм знае да се пофали со убавите нешта од својот живот, како семејството, одморот на Карибите и работата во ТВ Сител.

Елена објави слика неа како и напиша дека на мажите не треба слепо да им се верува. На сликата всушност таа е кај својот стилист, топ средена и до сликата напишала:

На мажите не треба слепо да им се верува, ама јас правам исклучоци. Даниел Николовски, тебе секогаш ти верувам.

Елена е мајка на Илина, која во ноември ќе наполни 11 години. Многумина, гледајќи ја ја доживуваат како многу млада девојка и не знаат дека е во брак со Огнен повеќе од десет години.

Огнен пак, не е поврзан со медиумска работа на директен начин како неговата сакана. Тој работи во една позната маркетинг агенција. Во една прилика, Елена објави слика од сопругот и напиша дека се на љубовен состанок.

Елена на Инста стори објавила селфи- како ужива на плажа, на заслужен одмор. На сликата, таа е со сосема природно издание, без трошка шминка, а она што привлекува внимание се црвените бикини кои супер ѝ стојат.

Previous articleСамо еднаш, Калиопи објави слика од синот Пако- ова е вистинската приказна која таа ја кажа за него
Next articleРодителите на Драгана Мирковиќ не дошле на свадба кај ќерка си: пејачката конечно откри зошто