Home Live Агнеса ги ,,стресе” обожавателите – во розев тесен фустан се фотна пред...

Агнеса ги ,,стресе” обожавателите – во розев тесен фустан се фотна пред катедралата Невски во Софија (ФОТО)

Порталот style.mk, коментирајќи ја Агнеса, пренесува дека има информации дека Органџиева во Истанбул извадила две ребра:

„Овој пат, таа е актуелна со трач муабетот дека се решила да извади две ребра за да има струк како на Ким Кардашиан.

Операцијата наводно ја направила во една позната клиника во Истанбул.

Според фотката,таа навистински има тесно струкче,па дали и фалат две ребра не знаеме, оти таа не беше достапна за коментар. Останува да процените сами“, напиша стајл.мк, а Агнеса денес веднаш одговори:

„Трачарско Скопје, уште ова немам слушнато!“

Потоа, во коментар, каде една жена ја предупредува дека треба да се размисли пред да се вади некој дел од телото, бидејќи може да притреба за старост, Агнеса децидно одговара:

„Па пишав погоре дека оваа вест НЕ Е ТОЧНА!“

Откога Агнеса се разведе од Роберт, во животот и се случуваат интересни работи, а во повеќе интервјуа има добиено многу ,,лу ди” прашања кога е сингл, откога беше мажена:

На прашањето, дали прифаќа понуди за вечера од мажи, таа рече: Сега во овој момент, можам само со другар јавно да искочам на вечера, а со друга особа секако не. Тоа би било надвор од Скопје.

По ова интервју на Агнеса, многу жени се најдоа засегнати и упатија критики на адреса на Органџиева, поради нејзините ставови и коментари. Агнеса кратко им одговори: „Многу жени си се пронајдоа и тоа е тоа.“

После неколку дена, Агнеса е повторно во очите на јавноста, а во интервју за Бекстејџ имаше интересен ,,квиз” каде што славните личности ги наместија со првоаприлски шеги.

Помеѓу одговорите, се најдоа многу славни личности како Андреј ДНК, Миле Кузмановски, Ламбе, Александра Јанева, а највлијателен коментар остави нашата Агнеса.

Водителката на Бекстејџ преку телефонски разговор одлучи да се пошегува со Агнеса дека нејзиниот поранешен сопруг, Роберт испратил цел одговор помеѓу драмата што се случуваше меѓу нив, а како шлаг на тортата испратил и екс плицитни фотографии од Агнеса.

Првиот одговор на Агнеса беше: ,,Од Боби? Ај, ќе му се јавам сега да видам што е работа.” Потоа водителката повторно нагласи со прашањето, а имаш ти такви фотографии, на што Агнеса одговори: ,,Не знам, ќе му се јавам сега”!

Агнеса сега е во многу пријателски односи со Роберт, најмногу поради нивните две ќерки, како што доликува. Значајните моменти од животот на нивните ќерки, како родендени, матурски и други прослави ги прославуваат како едно семејство.

Имено, Вивиен оваа година го заврши средното образование, а во мај ја славеше најважната вечер во животот на еден средношколец.

По повод матурската забава и крајот на средното образование, мама Агнеса организираше забава за Вивиен, а на социјалните мрежи покажа како заблекаска нејзината прва наследничка.

Имено, матурската прослава се одвивала во националната кафана и винарија – Лозница, а Агнеса на својот профил напиша:

,,Среќо моја, од денес чекориш по патеките на новата страна од твојот живот. Горда сум што Господ ме благослови со ќерка како тебе.. ти посакувам среќа, многу љубов и заштита во се што те чека.

Вивиен Орданоска мама секогаш ќе ти биде ветер во грб”, напиша Агнеса.

На сликите кои Агнеса ги објави, може да се види и Роберт Ордановски кој се смешка на една од фотографиите.

Агнеса сега ужива во животот со нејзините две ќерки, а неодамна таа објави дека била на бизнис патување.

#buisness #trip, стои под сликата на Агнеса која според локацијата можеме да видиме дека била во Бугарија. Таа потоа објави фотографија од пред катедралата Св. Александар Невски.

Агнеса беше облечена во розево тесно фустанче кое ги истакнуваше нејзините големи облини и тесен струк. Додека Агнеса се фотографира, Роберт никаде го нема, од матурата на ќеркичката нема нов пост.

Previous articleMиа Костова кажа кој е изворот на нејзината среќа, а во коментар ѝ кажаа дека се две душички (ФОТО)
Next articleАндpеј и Панчо од ДНК пpославија 20 години значаен јубилеј во Кичево, а Панчо кажа зошто баш таму имал најголема трема – поврзана со мајка му