Home Live Ова неверојатно нешто го направи сопругата на Ферус Мустафов за него- тоа...

Ова неверојатно нешто го направи сопругата на Ферус Мустафов за него- тоа е вистинска љубов

Кралот на ромската музика Ферус Мустафов, во време на пандемијата за Вечер.мк изјави дека тешко живее од неговата мала пензија и се пожали дека музичарите воопшто тешко живеат.

-Поради короната останав без работа, без популарно наречените тезги. Со мојата пензиичка од 9.000 денари не се живее. Српска пензија не добивам бидејќи не сум нивен државјанин иако во Србија имам настапувано повеќе отколку во Македонија, објаснува Ферус.

Што можам со тие кои не се ни 150 евра? Национална пензија Македонија не ми дава, а таа е колку што знам преку илјада евра.

Со овие сега, можам да платам некоја помала сметка и толку. Струјата не можам да ја платам кога е зима, ладно, а морам да се греам.

А, јадењето каде е? Тоа е најскапо. Треба нели здраво да се храниме. Далеку е овој народ од здравото јадење, има многу болни луѓе кои немаат пари за лекарства.

Тешко ми е, ама ќе се издржи. Важно останав жив, се придржувам до сите здравствени мерки. Ама понекогаш трпението ми попушта. Не е лесно“, изјави за Вечер кралот на ромската музика.

мајсторот на дувачки инструменти во една прилика изјави вели дека музичката сцена е во криза и откри дека денес не се заработува добро и солидно како што било во минатото.

„И турнеите не се тоа што беа, а и нашиве пејачи не настапуваат многу. Сега повеќе снимам и гостувам во соседна Србија, кај нас нема веќе пари“, искрен е Ферус кој вели дека иако нема толку пари, сепак е среќен што покрај себе ја има љубовта на својот живот со која се е полесно.

„Нема веќе одење и трошење на пари по други жени, сопругата ме кара и не смеам. А и не сакам, среќен сум со неа“, рече Ферус пред пандемијата.

Иако своевремено Ферус тврдеше дека жените како и музиката го одржуваат во живот, изгледа дека работите веќе се смениле, па сега се држи само до музиката и неговата сопруга.

Во 2011 година на прашањето колку жени поминале во неговиот кревет, бидејки важеше за голем заводник и срцекршач како млад, еве што одговори:

„Ако кажам може ова жена ми да го прочита и да се наљути и не смеам многу многу да се фалам. Но ајде, ќе бидам искрен, поминале доста жени во мојот кревет. Кај што сум бил низ светов, можам да се пофалам дека сум бил посакуван.“

Ферус за ММС.мк изјави дека тој е во добро односи со сите свои колеги.

-Јас фала му на Бога живеам со сите, не се мразам со никој и никогаш не сум забележал некој да не ме почитува. Ме почитуваат и овде и надвор.

Ее тоа да се постигне е многу тешко, ама јас го постигнав. Затоа пак ќе речам, само треба да си човек, ништо друго не е потребно. Еве еден пример ќе дадам.

Со син ми шетаме низ град и влеговме во еден дуќан. Кога влеговме сите ме поздравуваат, ме прашуваат како сум. Кон мене така реагираат сите.

И не е само тука, такво почитување јас имам и тоа многу повеќе надвор од државава. Е тоа е многу важно не само за мене за било кој од нас. Да се почитуваме.

Ако не е човек што сака друго нека биде. Ама тоа е тешко да се постигне. Па нас повеќе не утепа короната, отколку зборовите. Ако продолжи вака ќе заборавиме и да свириме, додава тој.

Потоа, за истиот портал зборувал за тоа како издржал финансиски во време на вирусот.

– Како издржав? Ете издржав некако и уште издржувам и јас и моите колеги. Мора живот да се тера, мора сметки да се плаќаат.

Јас не сакам пари да ми даваат, не сакам милостиња од никој. Сакам да не пуштат да работиме, сам да си платам сметки, да има за храна и за сите основни човекови потреби“.

Ферус стана татко на 62-години, пред 10 години. Со втората сопруга Елис тие пред неколку години ја добија ќеркичката Мелек. Од бракот со Лиле, првата сопруга на Ферус, со која беше заедно речиси 40 години, тој има две возрасни ќерки.

Својата Елис, тој си ја носи во срцето, и е горд на неа, а она што таа го направи за Ферус е за гордеење. Дневните весници тоагш ја обајвија целата приказна.

Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов (68) во 2012 тајно се ожени со скопјанката Јелена Зафировска (35), со која е шест години. Јелена, пак, заради љубовта кон Ферус од православна христијанка стана муслиманка, па место Јелена сега се вика Елис.

Венчавањето на Ферус и, сега веќе Елис, се одвивало во џамија во Штип. За церемонијата знаеле уште тројца роднини на Ферус кои биле сведоци и оџата.

-Венчавањето се случи непланирано иако сме заедно толку време. Бевме во Штип и сосема случајно среде седенка паднавме на муабет на темата брак, станавме отидовме во џамијата и се венчавме. Среќен сум, јас сум секогаш среќен штом сум крај жени. Но, нормално е дека Елис ми значи штом сум со неа толку време, вели младоженецот Ферус.

Среќна што станала госпоѓа Ферус е и младата невеста иако, како што вели, не морало да се венчаат.

– Мене документот ништо не ми значи. А бил а не бил. Знам дека ако има слога ќе има се. Ферус се изненади од мојата одлука да се прекрстам. Но, и тоа се случи така ненадејно.

На сестра му на Ферус тешко и беше да го изговара моето име и ми викаше Елис. Кога отидовме во џамијата и кога оџата ме праша како се викам, јас му кажав дека имам желба да го сменам името, и го сменив, рекла Елис.

Бракот со Елис е втор брак на кралот на ромската музика. Тој 35 години беше во брак со Лиле, која по разводот се пресели во родната Струмица. Ферус и Лиле ги имаат синот Илми и ќерката Џана. Ферус е веќе дедо на внуците Ферус и Лиле од синот Илми, а потоа пак стана дедо од ќерка му Џана.

И Ферус и Елис кога јавно проговорија за нивната врска велеа дека причина за распадот на бракот не е новата љубов на Ферус.

-Да не беше таа ќе беше некоја друга. Не е ниту љубомората на Лиле. Која жена не е љубоморна? Јас и Лиле веќе долго време не се согласуваме.

Уште пред 20 години и реков да биде жена како што треба за да не се оставаме под старост. Така и бидна, како да сум знаел што ќе се случи, изјави Ферус за весникот “Вест” тогаш.

Previous articleПоради љубовта кон Стефан од „Некст тајм“, неговата сакана, убавата Србинка на овој начин ја поддржа Македонија
Next articleЗгодна во тексас шорцеви, Тијана Дапчевиќ опуштено се прошета низ Скопје (ФОТО)