Home Live Поради љубовта кон Стефан од „Некст тајм“, неговата сакана, убавата Србинка на...

Поради љубовта кон Стефан од „Некст тајм“, неговата сакана, убавата Србинка на овој начин ја поддржа Македонија

„Мајка“ е насловен новиот албум на дуото „Некст тајм“, што го сочинуваат близнаците Мартин и Стефан Филиповски, а премиерно беше претставен вво јуни оваа година, објави Нова Македонија.

-Албумот „Мајка“ и го посветуваме на нашата и на сите мајаки во светот, но пред се на нашата единствена – мајка Македонија – порачаа момците од „Некст тајм“.

-Велат дека имаме две мајки. Така и ние , едната е нашата мајка Сузана, а другата е татковината. Затоа што татковината ја викаме мајка Македонија. Албумот го посветуваме на целата наша земја, на Македонија.

Како и на нашата мајка Сузана и на сите мајки борци. Секој нека си го доживее на свој начин и нека го подари на својата мајка или на Македонија – изјави Стефан Филиповски, вокалот на Некст Тајм кој не ги штедеше убавите зборови за нивната мајка Сузана, а објави Женски магазин.

Нашата мајка е супер, голем борец, кој нѐ изнесе на вистински пат. Многу ни помогна од секој аспект. Имавме среќа, пред да се појави песната „Ја излези, Ѓурѓо“ да ѝ речеме:

„Мамо, веќе ти не ни требаш финасиски. Ние сега ова можеме да го тераме.“ И фала му на Господ што ни даде неколку хитови „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам, бабо“ и сите други што ги издадовме.

Можеме и финасиски да се обезбедиме и да организираме еве и добра промоција, да испечатиме цеде на свој трошок. Да биде сѐ како што треба. Ова ни е трет албум. И веруваме дека оваа „Мајка“ ќе остане за век и векови – појаснува Стефан за Женски магазин.

Познатиот музичар од групата „Некст тајм“ Стефан Филиповски ретко зборува за својот приватен живот во медиумите. Кога беше во врска со манекенката Драгана Чуприна, тој во едно постаро интервју за Точка изјави:

-Јас знам дека сум искрен кога станува збор за љубовта, секогаш пристапувам најискрено.

Не барам девојка наоколу колку да имам, туку тоа едноставно се случува. Мене ми се случи многу спонтано, јас и нејќев да се заљубам во тој период, меѓутоа едноставно ми се случи.

Потоа, тивко ја започнаа, но и тивко ја прекинаа љубовната со манекенката Маја Ристевска.

Познатиот пејач стави крај на врската со манекенката Ристевска, а ги избришал и сите заеднички фотографии од социјалните мрежи, објави Слободен печат.

Причината за разделбата е непозната, а двојката се разделила пријателски. Инаку, Маја има еден брак зад себе, со фудбалерот Јован Костовски кој што траеше околу една година.

Сега, откако веќе не е со Маја, тој е во среќна врска во манекенката и блогерка од Белград, Тинеа Б. Мартин објави слика со оваа убавица, како уживаат на плажа и добија коментари колку се убави и емотикони- срциња.

Тинеа инаку живее во Виена и еве како Тинеа се претставува на својот блог: „Здраво на сите на сите!

Моето име е Тинеа (необично име, знам. Родена сум на 23 декември 1988 година во Љубљана и кратко време по моето раѓање, моите родители се вработија и се преселија со мене во Белград.

Основно училиште и гимназија завршив во Белград и откако се запишав на Социологија на Универзитетот во Белград, успешно се префрлив на Социологија во Виена и започнав нов живот, сама, во друга земја. Моментално сум вработена во Виена и имам високо образование.

Бидејќи многумина се заинтересирани за моето потекло (заедно со моето чудно име), решив да ви го откријам – јас сум дете на босански Краишник и славонски Далматинец. Но, бидејќи пораснав во Белград, Зборувам српски, и дома некој крајно необичен јазик.

Покрај тоа што пишувам блог, правам и музика. Во слободно време сакам да пеам и свирам пијано, понекогаш играм малку балет… и понекогаш добивам кастинг и сум фото -модел“, вели убавата девојка.

Тинеа на убав начин ѝ дала поддршка на Македонија, во времето кога беа актуелни протестите против францускиот предлог. Таа, на Фејсбук напишала емотивна поддршка за Македонија, земјата од каде што е нејзиниот сакан.

– Оваа мала, слатка земја е на пат нејзината култура, јазик и територијален интегритет целосно да се оправдаат и да се спојат со соседните земји. Во време кога со месеци се борат за територијален интегритет на друга држава на светско ниво, оваа сака да земе се што има.

Во оваа земја се протестира за мир и слобода и сакам да го поддржам барем на овој начин. Да живее Македонија“, напишала Тинеа и гп ставила македонскот знаме на Фејсбук.

Previous articleТамара ептен се раскомоти во спа центар, ја тргна и бањарката (ФОТО)
Next articleОва неверојатно нешто го направи сопругата на Ферус Мустафов за него- тоа е вистинска љубов