Home Live Тамара ептен се раскомоти во спа центар, ја тргна и бањарката (ФОТО)

Тамара ептен се раскомоти во спа центар, ја тргна и бањарката (ФОТО)

Тамара Тодевска е секогаш во фокусот на јавноста поради песните за кои се врзуваат сите генерации, поради моќниот глас и интерпретација, поради тоа што на социјалните мрежи секогаш гласно кажува што има да каже и објавува многу, за неа драги моменти од приватниот живот.

Во една прилика, пред да замине на Евровизија со песната Proud, таа раскажа што мисли за оваа песна и што е нејзината приказна за нејзиното создавање.

Тоа е песна за сите оние што веруваат во себе, што се борат за своите соништа и што го живеат животот според свои правила.

Песната е посветена на мојата ќерка Хана, но пораката е универзална – биди горд/а на себе и верувај во својата големина, без разлика што ти велат другите.

Спотот одлично се надоврзува со приказната и она во што силно верувам – жената може да биде сѐ што таа сака да бид“, кажа Тамара во Женски магазин и додаде:

-Искрено, помина времето кога се фокусирав на тоа што ќе го кажат луѓето за мене или за мојата работа. Научив да не се врзвувам ниту за позитивните ниту за негативните коментари“ , рече Тамара во Женски магазин.

Таа беше искрена и во едно интервју за НМД.мк и таму раскажа:

– За да се чувствуваш убаво однадвор треба да си среќен одвнатре, со себе! Задоволен со она што го поседуваш, и секако да ги искористиш и надоградуваш сите свои квалитети!

Не би се откажала ама баш од ништо, па и самите знаете дека нашите дедовци, баби, имале не по едно туку по 5, 6 деца, па ете некако на крајот ги истерувале на прав пат! За да создадеш фамилија е голема жртва, се откажувате од се, но на крајот вреди!

Популарноста има и позитивни и негативни страни, убаво е да си во постојан контакт со своите фанови, да се фотографираш, почесто да патуваш…Негативните се, па… Можеби ете недоволното спиење поради честите настапи.

Јас сакам да ме има по медиуми само кога имам нешто да кажам! Нов албум, спот, песна… А да се појаувам во медиуми без причина мислам дека е навистина смешно…

Нема некоја голема филозофија во слабеењето, само треба да сте решени и да почнете. Секако дека јас направив драстични промени во исхраната“, рече Тамара која сега е доста ослабена.

– Денес Тамара е таму каде што треба да биде. Јас и мојот тим победивме. Ги победивме коментарите дека ништо нема да направиме на Евровизија, дека нема да влеземе во финале. Покажавме и докажавме дека со макотрпна и тимска работа апсолутно сè е возможно.

Ние го постигнавме најдобриот пласман за Македонија на Евровизија. Македонија беше прва земја од нашиот регион што била победник од страна на жирито.

Но најважно од сè, ние самите знаевме дека сме победници бидејќи невозможното го направивме возможно.

Со време научив да не се врзувам за награди и признанија. Се разбира, се радувам на нив, но тие не ме дефинираат мене. Јас сум многу повеќе од Тамара пејачката. Јас сум мајка, жена, сопруга, борец, артист.

Наградите се можеби само валидација дека тоа што го правам допира до луѓето, а тоа е најголемо признание за секој артист. Ме радува тоа што се појавуваат нови артисти кои инвестираат во себе и кои на еден начин креираат една нова, позрела и можеби пософистицирана македонска музичка сцена.

Да бидеме реални, тешко е да се биде артист во Македонија, но од друга страна имаме артисти кои оставаат трага без разлика на тоа колку е тешка ситуацијата.

Музичарите во Македонија се доказ дека без разлика на сè, ако веруваш и работиш на себе, апсолутно сè е возможно.

-Моите деца се светлината во мојот живот и бескрајно сум благодарна што ја имам можноста да бидам мајка. Јас уживам во секој момент поминат со нив и факт е дека ме направија подобра личност“, рече Тамара во Слободен печат.

Новата слика која Тамара ја објави на стори на Инста е од спа центар, и таа е облечена во бањарка. арно ама, за да се фотне за на стори, Тамара ја раскопча бањарката и покажа што има под неа.

Ослебена и стегната, Тамара се сликаше во костим за капење во кој се релаксира во спа центарот. А има и што да покаже и секоја чест за тоа како оваа наша пејачка изгледа сега!

Previous articleЕве што прави сега Олгица Христовска и со каков бизнис се занимава, откако се омажи и ги остави музиката и глумата, сопруот Кошутиќ е многу вљубен во неа
Next articleПоради љубовта кон Стефан од „Некст тајм“, неговата сакана, убавата Србинка на овој начин ја поддржа Македонија