Home Live Згодна во тексас шорцеви, Тијана Дапчевиќ опуштено се прошета низ Скопје (ФОТО)

Згодна во тексас шорцеви, Тијана Дапчевиќ опуштено се прошета низ Скопје (ФОТО)

Пејачка, музичар- виолончелист, сетра на Тамара, мајка на Вук, актерка, тоа со еден збор е Тијана Дапчевиќ, скопјанка која долги години живее во Белград со сопругот Милан и синот.

Во едно интервју за Женски магазин таа зборуваше за улогата на Ула во Преспав и за тоа како се забавувала на снимањето на оваа серија.

– Смешки се случуваа констатно. Се случи на едно снимање толку да се смееме, режисерот дојде и ни рече: „На сите четворица ќе ви дадам по сто евра само престанете да се смеете, за да можеме да ја снимиме сцената“.

Додека снимавме овие месеци во Скопје, хм, само јас си знам како ми беше. Ама, знаеш како, добро е што ОХО како продукција многу не’ чува, како бели мечки сме заштитени. Ништо не ни фалеше.

Јас доаѓав, снимав по седум дена во Скопје, па се враќав во Белград, па Вук и Милан доаѓаа во Скопје. Олеснителна околност беше тоа што можев да одам, па пак да се враќам.

Добро е што Вук и Милан си се навикнати да се дружат и да си се чуваат, најдобри другари се, така што јас проблем со тоа немам. Милан, покрај тоа што е најдобар сопруг и мојот ветер во грб веќе 20 години е и прекрасен татко. Јас постојано ова го зборувам и веќе досадна станав“, рекла Тијана и додала.

– Најмногу ме смеат син ми, Хана и Дарен, со нив е игранка без престанка, особено кога се сите тројца на купче, тоа е пресмешно. Вук ѝ прави „будалаштини“ на Хана, Хана му прави „будалаштини“ на Вук, а Дарен сето тоа го гледа од страна, како Тито и Кардељ ги гледа двајцата.

Како цртан филм му се тие двајца, зашто не можат да се доискажат. Секогаш кога се заедно, тоа се смешки. Од што се еуфорични се пресмешни. И многу сакам да ги гледам така на купче, кога се еуфорични и кога си прават „будалаштини“ едни на други.

Кој поголема будала ќе направи од себе, тоа е врвот. Тие се моето богатство и мојата најголема љубов“.

Тијана беше гостинка во емисијата Еден на еден која ја води Жаре минатата година и таму раскажа многу нешта, а дел од нив се за тоа како поминало снимањето на „Преспав“.

Тијана рече дека било тешко да се снима во услови на пандемија, но и раскажа случка врзана за Талат- Дритон.

-Многу беше мачно, најмачно беше тоа што не се дружевме. Ние веќе се познаваме као огромна фамилија, а овој пат имавме договор да се движиме само дома и на снимање.

Секогаш кога снимаме, снимаме по 35-40 дена. Но, ние никогаш не сме си повисиле тон еден на друг, функционирме одлично.

Освен помеѓу брачниот пар Ула и Коста. Јас и Игор се однесуваме навистина како брачен пар, тој кога ќе ждригне јас му викам: Свињо една“, рече Тијана и раскажа како Јелена Јованова ја научила како да стане тата-мата за учење на улогата.

„Јелена ни вика дека јас и Игор сме како вистински брачен пар. Инаку, таа и васил најмногу ми помогнаа“, рече Тијана и раскажа интересна случка.

-Еднаш завршивме порано со снимање и му викам на Дритон (Талат), ајде да се враќаме пешки од телевизија дома, место да не возат. Наидовме на една кафана, внатре празно, жив човек нема.

Му викам, ај да велземе на кратко, една ракија, едно мее, малце да се опуштиме. А не смеевме, според договорот само дома и снимање. Ама во кафаната баш немаше жив човек, за што си направив и снимка.

Ни се јавува Васил: Кај сте? Му кажавме, а потоа дојде и тој. Поседовме еден саат. Утредента разбрале од продукцијата дека сме го прекршиле договорот, и среќа не бевме казнети, само опоменати“, рече Тијана.

Раскажа и за својата сестра Тамара, за една неубава случка кога Тамара со мотор влегла во излог на продавница.

„Се занесе, место кочница, таа стиснала гас и влезе со мотор во „Просветно дело“. Кога отидов во болница да ја видам, што да видам, целата чалмосана, само очите ѝ се гледаа од сите завои.

Докторот ми кажа дека за влакно се спасила. И сега не ми е добро кога зборам, животот ми го скрати“, рече Тијана.

Пејачката раскажа и за тоа дека таа и Тамара и сега се караат како мали деца и дека кога Тамара ѝ е лута ја блокира на сите мрежи.

Тамара на Инста стори објави видео од својата сетсра Тијана која дошла во Скопеј и заеднички уживале во прошетката кај кањонот Матка. На една снимка, Тијана е облечена во тексас шорцеви и го држи внукот за рака.

Тијана изгледа топ во ова издание во кое се прошета низ Скопје, а потоа на Матка се возеше со чамец со семејството и со пријателите.

Previous articleОва неверојатно нешто го направи сопругата на Ферус Мустафов за него- тоа е вистинска љубов
Next articleНовинарот Бранко Героски му порача на Трифун Костовски што треба да прави