Home Live Дарио откри како ја контролирал ќерка си, проговори и други работи кои...

Дарио откри како ја контролирал ќерка си, проговори и други работи кои јавноста не ги знаеше

Дарио има голема причина за среќа. Тој стана дедо, имено се омажи неговата ќерка Андреа.

На Фејсбук страницата на Дарио се објавени слики од венчавката на Андреа, која се одржала покрај Охридското езеро.

Дарио во интервју за Репортер.мк изјави повеќе детали од венчавката на ќерката, а потоа сподели и други детали од неговиот приватен живот.

-Чудно ми е, многу ретко или никогаш не ставам приватни моменти од животот на Инстаграм или социјални мрежи, но ова беше појако од мене, поради мојата слабост -ќерка ми, сакав да ставам за да си направам еден ќеиф.

Беше посвета само ,,My girl”, само јас и она, значи не беше тоа не знам колку слики, но испадна дека од тие објавени 2-3 слики, се направи една голема фама, по социјалниве мрежи, по портали, па луѓево дознаа онака широк круг на луѓе.

Дури ми е онака и малку чудно и непријатно, не се осеќам комфортно кога сите знаат што приватно се случува кај мене. Убав момент, убава работа, супер помина се’, беше прекрасно стварно и сега одиме понатаму.

-Порталиве направија малку ха ос, ќе кажеш на еден, па вториов ќе преземе од првиот, па третиот од вториот, десеттиот од седмиот и на крај ќе испадне каша попара, фактички едни пишуваа свадба.

Други пишуваа од Охрид е човекот, значи едноставно нивна желба беше да биде во Охрид на вода, во тоа нивно црквиче заштитничко Св. Петка и инаку се двајцата тука, двајцата се Скопјани, една убава забава, весела, романтична..

Мислам дека се’ беше како што треба, тоа беа најосновните оние податоци.. Јас не знам луѓево како мислат, пејачиве кога ќе се фатат одма за микрофон и пејат, јас сум тотална спротивност од тоа.

Тоа е наша приватна веселба, забава, вечера.. Седевме со многу близок круг на луѓе, буквално уживавме во тој момент, да го запамтам, не сакав да сликам, туку сакав да ги запамтам моментите, така да беше интимно дружење, спонтани муабети, смеење..

Никакви пеења и гламурозни настапи. Немаше ни музика жива, специјална, си слушавме музиче некое убаво за опуштање, така, убаво, урбано, културно и фино.

За тоа како ја запознал сопругата Бојана и нивната свадба, го рече следново:

-Тогаш беше уште Југославија, одевме цело друштво, отидовме сите роднини и пријатели до кај неа во Врање, немаше граници, немаше ништо, само палиш кола и идеш таму.

Значи беше стандардна, класична свадба, немаше ништо посебно, сега измишљаат бесни глисти, ова ќе има, она ќе има.

Најнормална свадба, ја зимаш девојката од дома, регистрација, свадба, хотел, музика.

Врската беше исто непланирана и спонтана тотално. Ние се запознавме, Бојана е родена во Ниш, иако живеше во Врање и се’ уште се таму нејзините.

Дошла тука како студент, на педагогија во Скопје, сосем случајно се запознавме во дискотека Турист, преку мојот пријател Драган Костиќ, шеф на дискотеката и дј.

Како тука седевме на сепаре, имаме нов лик, се запознавме, ќе отидеме ваму на пијачка, таму, кога излагавме ние излагавме прво во еден кафич, па во втор кафич, па после трет, четврт кафич одиш негде во диско.

Така измеѓу првиот и вториот кафич негде ја поминувавме улицава, булевар Јна, тазе запознаени во Центар, и тука шибаат коли, од кај црква таму и јас и викам дај ми рака да поминеме, да не те удри некоја кола.

И ја фаќам за рака и викам пуштање нема, толку беше, немаше никаков вербален муабет, него едноставно само по себе си дојде и до ден денеска се држиме за рака.

– Не бев строг татко, но многу педантен и принципиелен. Отсекогаш сум сакал се’ да биде на свое место, ништо растурено, се’ да биде педантно и средено.

Мада ја контролирав ќерка ми кога почнуваше со пубертетските времиња, тука беше страшно и стресно за мене.

Каде ќе оди, со кого ќе оди, па сите менеџери беа известени која е и како е, да ја пазат, со кого влегува, кога оди, кога излегува, да ме известат.

Не сум бил нешто престрог, но сум сакал да бидат воспитани, културни и ненападни и мислам дека и ден денеска имам две прекрасни деца, кои се веќе возрасни личности, на кои сум стварно горд.

Целото интервју може да го погледнете во видеото ОВДЕ.

Previous articleЈа паметите ли оваа убава мисица, еве што прави денес Ана, најубавата македонка за 1998 година и зошто ја батали модата
Next articleМе искраде чистачката со која пиевме кафе и добро се познававме, никој не одговара додека таа ги троши парите