Home Live Дац се сликаше во кревет со книга, а Џокси откри што всушност...

Дац се сликаше во кревет со книга, а Џокси откри што всушност тој прави (ФОТО)

Како што се пишуваше неодамна, Дац го ожени својот син Јаков со Софија за која рече дека е негова нова ќерка. Невестата била многу кул облечена, со кратка венчаница, а ги покажала и своите тетoважи. Дац на свадбата им пеел на младите.

Неодамна актерот и музичар Драган Спасов Дац ја сподели среќната вест дека уште една свадбена прослава е на повидок во семејството Спасови. Постариот син на актерот, Јаков се верил, а по тој повод Дац се огласи на неговиот фејсбук-профил.

„Добив уште една ќерка, тоа е мојата снашка Софија! Љубов во неограничени количини“, напиша актерот во таа прилика. Тој неодамна се ожени со својата долгогодишна партнетрка Весна и тоа без да знае, откако пријателите го изненадија на настап, на неговиот роденден.

Во неколку наврати, Дац има изјавено дека ја сака Јана, ќерката на неговата сопруга Весна како е да негова. Сега тој објави слика со двата сина, снаата и ќерката и напиша: Сите мои деца!

Актерот Дераган Спасов Дац е семеен човек и во неколку наврати има споменато колку ја сака својата Весна. Во една прилика, објавувајќи слика со жена му, тој напиша: Најубавите очи се оние кои те гледаат со љубов, бојата нема врска.

Дац, на оригинален начин ѝ го честиташе роденденот на својата сакана: Се сум ти кажал, се знаеш… но, ќе те потсеќам вечно. Среќен роденден убавице моја. Псссст, чувај ги нашите тајни засекогаш.

По повод осми март, тој ѝ упати романтични зброви на својата Весна: „Мојот Осми март, мојот роденден и мојата Нова година. Мојот цел живот!“, напиша актерот.

Уште една романтична, оригинална честитка, Дац напиша пред некој ден, по повод роденденот на Весна.

Среќен роденден моја животна сопатничке! Од твојот роденден па се до мојот, ќе бидат затворени обложувалниците. Aма не е важно и без тоа те сакам. Да си жива и здрава уште многу децении!“, напиша Дац за својата Весна.

Дац и потоа oбјави слика со својата сакана сопруга и им одржа лекција на сите мажи за романтика. Со сопругата се сликаше со по една ѕвезда во рацете и напиша: Сите ѕвезди ти ги симнав, празно е небото!

Дац во април прослави роденден, а по тој повод на Фејсбук објави една убава вест. Весна, која тој досега ја нарекуваше своја жена, сега и официјално му е законска сопруга.

Пријателите го изненадиле на настап, му повикале матичар да ги венча со Весна, без тој да знае.

– Синоќа во очи мојот роденден, мојата Весна заедно со пријателите ми приреди несекојдневно изненадување. Во најголема тајност и без ништо да се посомневам, организирале матичар, и синоќа званично стапивме во брак. Фала на сите, посебно на мојата лавица.

Весна, те сакам бескрајно!“, напиша тој тогаш на Фејсбук.

Во едно интеревју за medium.edu.mk, тој зборуваше за очекувањата во неговата актерска професија.

– Јас кога почнав со оваа работа мислев дека само во филмови ќе глумам. Такво чувство имав, но ме излажа зашто тука слабо се снимаат филмови. Од друга страна, не бев дел од тие филмови коишто се снимаа тогаш. Но, правиот контакт со публиката е театарот – тука нема збор.

Во театарот ја чувствуваш публиката, па дури и имаш трема при првата изведба, односно на премиерата. На филмот пак, јас отидов да ја гледам премиерата.

Малку различно е. Како е снимено во филмот не зависи од тебе, како е монтирано, исто така не зависи од тебе.

Може и воопшто да те нема во филмот, ако не му требаш на режисерот. Така што, филмот е комплетна друга работа од театорот. Мислам дека премногу се седи на Фејсбук, Инстаграм и сѐ останато.

Порано имаше многу повеќе движење. Јас не бев прибран дома, бев цело време по улица.

Дац на својот Фејсбук профил често објавува мудри мисли за кои има голема инспирација сам да ги напише:

,,Постојат луѓе на кои светот не им е доволен, па се шетаат по вселената. Ќе ги препознаете, мирисаат на ѕвезди.”

,,Оглас. Продавам години истрошени од љубов.

Изнајмувам костум, издуван од ветришта. Менувам чевли уморни од скитање.

Подарувам среќа, малку потрошена. ДСД.”

Дац објави слика пред спиење, во кревет, раскомотен како ја чита книгата ,,21г.” oд Тону Манџук Манџуковски.

Во коментари беше преплавен со најразлични мотиви, а стоеше и коментарот на нашиот познат пејач Џина Папас Џокси, кој му напиша: ,,Дац ја бара Г точката…”

Previous articleМе искраде чистачката со која пиевме кафе и добро се познававме, никој не одговара додека таа ги троши парите
Next articleКаролина ептен се врати во младоста- изненади со нов имиџ, фустанче без градник- како да е 20 годишна девојка (ФОТО)