Home Live Ја паметите ли оваа убава мисица, еве што прави денес Ана, најубавата...

Ја паметите ли оваа убава мисица, еве што прави денес Ана, најубавата македонка за 1998 година и зошто ја батали модата

Сега е помалку актуелна во јавноста, но ретко кој ја има заборавено Мис на Македонија за 1998 година, Ана Биновска, сега со уште едно презиме, Кочева.

Со манекенството и работата на телевизија активно се занимаваше во периодот од 1998 до 2009 година, но сега сосема други приоритети го исполнуваат нејзиниот живот“, објави Женски магазин во една прилика.

-Тоа беше последниот избор за „Мис на Македонија“ (организиран од страна на „Екран“) кој што се одржа во хотелот „Силекс“ во Охрид.

На изборот му претходеше еднонеделно заедничко дружење и патување на учесничките низ неколку градови на Македонија, во рамки на таканаречениот „Караван на убавината“.

На финалната вечер настапуваа нашите популарни пејачи Владо Јаневски, Маја Гроздановска, Маја Вукичевиќ, Дуле и Коки, Искра Трпева и многу други.

Настапувавме и танцувавме на песни од Рики Мартин, „Спајс грлс“, Селин Дион и сето тоа беше фантастично организирано благодарение на студиото „Ребис“ кое беше задолжено за кореографијата и танцовите точки.

Никогаш нема да го заборавам моментот на прогласувањето, кога маестралниот Дарко Мијалковски, водителот на изборот, на драматичен начин, својствен само за него, го изговори моето име.

Истовремено, атмосферата се исполни со аплауз, пукотници од огномет, a во позадината гласно одекнуваше нумерата “It’s the final countdown“ од групата „Europe“. Сè уште ме лазат морници кога ќе се присетам.

Додека го изведував победничкото дефиле на пистата, во позадина на сцената на која настапувавме, ја видов мајка ми. Успеала да помине низ обезбедувањето и весело, со кренати раце играше и славеше.

Веднаш по крунисувањето, откако мојата убава претходничка Андријана Ацоска, „Мис на Македонија“ за 1997 година, ја стави круната на мојата глава, на сцената нагрнаа останатите учеснички, моите родители и многу други познати и непознати луѓе за да ми честитаат и да се сликаат со мене.

Од толпата народ буквално ме изнесе обезбедувањето ангажирано за таа цел. Изборот засекогаш ќе ми остане во убаво сеќавање, како потсетник дека никогаш не треба да се откажуваме од нашите соништа“ се де од убавите спомени на Ана.

Поранешната мисица, во 1998-та и манекенка и денес, петнаесетина години оттогаш, плени со убавината – спојот на изгледот, надворешниот и, секако, таа што извира однатре, духот и душата. Во прашање секако е Ана Биновска чијашто титула Мис на Македонија ѝ ги отвори ширум вратите на модниот свет, но и на телевизијата.

Пред шест години се здоби со научниот степен доктор(ка) по економски науки, а темата на која докторира е од областа на менаџментот.

Инаку е сопруга и мајка на два сина – дванаесетгодишниот Калин и двогодишниот Илин“, објави Машки магазин за Ана.

-Таа кажала што најмногу ја привлекува кај мажите во овој магазин: Она што на прв поглед ме привлекува се секако физичките атрибути, убава насмевка, продорен поглед, мажествен глас, заштитнички раце и слично.

Но, за да го задржи мојот интерес, потребно е да биде интересна личност, со широки видици и развиен интелект. Порано барав партнер од кој можам да учам и да му се воодушевувам, но сега ми е најбитно да биде добар сопруг и татко кој секогаш ги става интересите на своето семејство на прво место“, изјавила Биновска.

Можеби спротивностите се привлекуваат во физиката, но во реалниот живот повеќе верувам дека ги привлекуваме оние луѓе и нешта со кои вибрираме на иста фреквенција во одреден момент од животот.

Многу врски се распаѓаат затоа што едноставно двајцата партнери продолжиле да се развиваат во различна насока.

Мислам дека тајната на успешниот брак е убаво и точно опишана во изреката од еден непознат автор: „Совршен брак – тоа се само две несовршени личности кои одбиваат да се откажат еден од друг.

Можеби мажот е главата на семејството, но жената е неговото срце. Кратко и јасно“, рекла Биновска во Машки магазин, а таа во Женски магазин кажала што работи сега кога не се занимава со мода.

– Во последниве 12 години, се фокусирав и се реализирав на други животни полиња, пред сè како сопруга, мајка на два сина, Калин и Илин.

Во 2016 година докторирав на „Економски факултет“ во Скопје, на тема од областа на менаџментот, а веќе 13 години работам во компанијата А1 Македонија“, открива Ана за себеси.

Previous articleЈована од „Сител“ покажа како навистина изгледа зад камерите на Утринската програма, еден детаљ ќе ве изненади (ФОТО)
Next articleДарио откри како ја контролирал ќерка си, проговори и други работи кои јавноста не ги знаеше