Home Live Каролина ептен се врати во младоста- изненади со нов имиџ, фустанче без...

Каролина ептен се врати во младоста- изненади со нов имиџ, фустанче без градник- како да е 20 годишна девојка (ФОТО)

Нашата поп принцеза Каролина Гочева, за Македонија имаа пеено на Евровизија два пати, еднаш во Талин во Естонија и еднаш во Хелсикнки во Финска.

Една слика која е од Талин, таа сподели на Инса стори во една прилика, и се сети на личност која го напушти овој свет.

-Спомени од едно време, што се чини толку далечно. Сара Пројковска ја појави сликава по повод роденденот на Живкица Каленикова, а ова е нашата весела екипа во Талин, Естонија, пред скоро 20 години.

Никола Перевски, Ана Костадиновска, Франс, Стево. И наш Данче, секогаш насмеан каков што сите го памтиме, никогаш незаборавен. Фала Сарке. И среќен роденден ЖиЖи“, напиша Каролина тогаш.

Таа всушност мисли на својот менаџер Даниел Милошески, кој го напушти овој свет пред неколку години. Тој и неговиот брат Бибан ја имаат основано Авалон продукција која важи за една од најсупешните на овие простори.

Во една прилика, за Фешнел, Каролина зборуваше за својот стил и имиџ и ја прашаа: За Вас никогаш не сме прочитале негативни критики околу стилот што го негувате,а медиумите ве прогласуваат за најдобро облечена естрадна личност.

Секако, имате помош од професионален стилист, но колку се плашите од модни промашувања и дали сметате дека Ви се случиле?“На ова, Каролина одговори:

-Секако дека ми се случиле, нормално дека и јас кога ќе видам некоја своја фотографија од пред неколку години, ми се случува да посакам да ја запалам(се смее), но секој прави грешки, тоа е потполно природна работа.

Секогаш сум облекувала парчиња во кои се чувствувам добро и никогаш не сум сакала слепо да следам модни трендови. Експеримент само за да се биде интересен може да биде неуспешен експеримент.

Сите промени треба да се во скад со карактерот, без разлика дали се работи за јавна личност или не. Ние правиме минимални промени, кои нема да ми пречат да функционирам нормално, а кога на пример би се потстрижала кратко и би ја обоила косата во друга боја, тоа би била промена, но во мојот случај сигурно неуспешна, затоа што тоа не сум јас.

Ја следам колку што имам време, јас навистина не сум моден зависник.

Секако, поради природата на мојата професија поседувам и дизајнерски парчиња, особено чевли, но иако приватно не ги носам често, туку главно на сцена и за разни фотосесии.

Ми претставува задоволство да знам дека си ги имам по дома, а знаеме дека секое задоволство чини доста(се смее)“, изјавила Каролина.

-Не би знаела да кажам, можеби вие подобро би знаеле да издвоите што ми е заштитен знак, бидејќи јас мислам дека не сум се врзала за ниедно парче гардероба или аксесоар.

Ок, во последно време сакам да носам шешири, па изминативе пар месеци купив осум различни бои и модели“, рекла оваа наша позната пејачка.

Каролина, пред да започне со проектите „Македонско девојче“ пееше поп нумери кои беа популарни, а всушност секоја песна на Каролина станува хит. Сега, таа повторно се врати назад во тоа време, кога пееше модерни песни, и на Фејсбук напиша:

– Драги мои, како што ви најавив на последниот концерт, по долго време претставуваме нешто ново, забавно и долгоочекувано.

Во соработка со мојот стар другар и соработник, Роберт Билбилов, „Од небо до дно”, напиша Каролина и објави линк од новата песна.

Каролина и во стајлингот е доста слободна, имено таа изгледа одлично- како пшак да има 20 години, а во еден дел од спотот се гледа нејзиното фустанче под кое не носи градник.

Previous articleДац се сликаше во кревет со книга, а Џокси откри што всушност тој прави (ФОТО)
Next articleПознатата ЈУ пејачка го негува стилот на старите генерации, природна, без пластика, изненади со последната објава