Home Live Перо Антиќ почна да се фали со Катарина пред дpугарите, ја однесе...

Перо Антиќ почна да се фали со Катарина пред дpугарите, ја однесе во Србија и се дружеа со овој познат спортист (ФОТО)

Познатиот кошаркар Перо Антиќ, сега претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), во интервју за „Жешко столче“ минатата година, зборуваше за актуелните состојби во мак баскетот, но и за можноста да си замине од челната позиција во КФСМ.

– Едноставно кога знаеш дека донесуваш правилни одлуки, за доброто на кошарката, а не за себе не те допира ништо. Ми фали тоа да се конфронтирам, расправам и објаснувам, тоа беше мое размислување порано, но не гледам во тоа добивка.

Се работи за национален интерес за кошарката и сакаме да ги искористиме сите наши врски на најдобар можен начин за да се извадат нови кошаркари, нови млади.

Одиме само напред и не ги гледаме негативните коментари поради тоа што тие имаат, колку што знам јас еден лајк, еден „шер“ и на луѓето им е преку глава веќе од тоа.

Кај нас е „дежа-ву“, сите се тренери, сите се директори, се и сешто. Четиригодишен е мандатот, но воопшто не ми е важно. Ако не им се допаѓа на работењето, условите нека донесат подобар слободно.

Ниту сум врзан за таа функција, ниту било кој треба да биде врзан за функција. Треба да биде врзан за доброто на кошарката, ако не им годи јас ќе најдам нов предизвик. Тоа е најмал проблем.

Со најпозитвно сеќавање би излегол од таму. Клубовите одлучуваат, здруженијата, па ако не им се допаѓа прв ќе си отидам – вели меѓу другото Антиќ. во јавноста, тој последниов период е ектуелен по врската со Катарина Ивановска, нап понат модел.

Во интервју за НМД, Катарина зборуваше за тоа што сакала да биде како мала, пред патот да ја однесе на модните писти.

– Кога завршив средно школо прво што сакав да студирам беше политички науки, но тогаш кариерата ми тргна по нагорна линија и морав да ја искористам шансата која ми се пружи. И гледано од оваа страна сега никогаш не би се занимавала со политика во Македонија.

Со редовно вежбање и нормално здрава исхрана, но и гените наследени од мојата фамилија играат главна улога, така што не ми е потребно многу време за да се вратам во форма.

Јас бев 2 год на row веган диет. Mене лично не ми одговараше, но убаво е кога внатрешните органи ќе ги исчистиш преку здрава и вкусна храна која многу често ја спремав сама.

Дури и сега знам да направам row веган десерт за да не јадам, нели, разни чоколади, колачи и сладолед. Но, мислам дека за луѓето кои вежбаат редовно, замената за протеини е незаменлива и мора да се јаде месо, јајца или риба“, рекла Катарина а потоа го споделила својот омилен рецепт:

– Супа од брокули и карфиол. Добро сварени, со маслиново масло и зачини по желба и свеж ѓумбир. Сето тоа зедно се става во блендер и се бленда. Ако сакате да е погуста како потаж, тогаш не додавајте многу вода во блендерот. На крајот, во чинијата врз супата додавам семки од тиква и маслиново масло“.

Таа е мајка на две деца и во една прилика за нив во Слобиоден печат има кажано: Дисциплината со која живеам од дете ми помогна и во обврските со децата да воведам дневна рутина. Во првите 5 месеци по породувањето, не прифаќав ангажмани и тоа е период кога едноставно не сакав да се одвојувам од децата.

Немав што да елиминирам, бидејќи немав масни наслаги и килограми што се над потребното за здрава бременост. Мојата генетика и овој пат беше мој сојузник.

Инаку, морам да ви признаам дека најгурмански се однесував во првите денови од бременоста“, рече Катарина.

Инаку, новото стори кое го објавил Перо Антиќ, а го споделила и Катарина е од Белград, каде што се заедно во еден ноќен клуб и уживаат во забавата заедно со Богдан Богдановиќ, кој е познат кошаркар.

Богдановиќ игра во НБА лигата, за Атланта Хокс, а инаку е и репрезентативец на Србија. Врската на Перо и на Катарина веќе станува сериозна, штом тој ја носи во Србија за да ја покаже на негоите кошаркарски другари.

Previous articleНовинарот Бранко Героски му порача на Трифун Костовски што треба да прави
Next articleСо овие емисии израснавме и буди носталгија нивното споменување – во една он нив се појави Новак Ѓоковиќ како седумгодишно момче