Home Live Млада супер бабичка, еве колку години полни денес Сузана Спасовска и што...

Млада супер бабичка, еве колку години полни денес Сузана Спасовска и што си посака за роденденот

Нашата позната фолк пекјачка Сузана Спасовска многу епитети заслужила низ 35 годишната кариера, почнувајќи од Сузе национале, златното грло, македонскиот славеј“, објави Женски магазин во една прилика.

Сузана Спасовска во овој период најмногу сака да биде баба на Клара, која има неполни две години. Кога е со внуката, не ѝ важно што не е онаа Сузана од сцената, се претвара во големо дете и го доживува она што само една баба може, со својата внука.

Ужива во времето поминато во „Танец“ каде што работи, не сака многу време да поминува на социјалните мрежи. Горда е на својата Теона за која вели дека како самохрана мајка ја однела на добар пат.

Сузе со радост раскажала и за својата мајка, но и за новиот проект „Приказна“ со кој ги прославува своите 35 музички години, а раскажа и други свои животни приказни.

– Секогаш треба да се биде поразличен, доколку сакате да бидете забележани и да постигнете фантастичен успех. Ако не бидете поразлични, ако се претопите во стадото, тогаш кој ќе ве забележи?

Јас така сум размислувала од почетокот на кариерата, значи сè што е направено, не е воопшто случајно.

Така сум размислувала, дека треба да направам една своја стратегија, по којашто ќе чекорам во текот на кариерата, значи чекор по чекор, јас сум ја градела својата кариера.

Многу ретко се случило нешто да дојде случајно. Сето тоа си било осмислено од мене. Секако на почеток, си почнуваш сам, па се надоградуваш во текот на кариерата со соработници, си го градиш својот тим, и така малку по малку, доаѓаш до луѓе околу тебе кои ставаат едно камче во мозаикот наречен Сузана Спасовска.

Сам човек не може да опстои на сцената. Се гордеам што можам да бидам пример за младите, да оставам трајни вредости зад себе, и среќна сум што одат по моите стапки, како што јас сум чекорела по стапките на легендите на македонската музика“, рекла Сузана а потоа додала:

– И оние кои блие пред мене, нашите големи легенди не биле доволно испочитувани во времето во кое живееле.

Сите ние не можеме сите награди и признанија да ги добиеме додека сме присутни на земјата, додека живееме, но јас воопшто не се заморувам со тоа.

Мене ми е најважно да оставам материјал, проект, музика зад себе, за да можат другите генерации да видат што сè се работело во едно време.

Како ние што сме учеле од нашите легенди, тие ако не ни ги оставеле тие песни на некои носачи на звук, ние немало да можеме даги слушаме, да ги обновуваме да ги пееме денес.

Така и јас сакам да оставам само еден белег во времето во коешто живеам. Како што земам од музиката, така сето тоа повторно го враќам назад, во проектите, значи вложувам , од првиот момент многу вложувам.

Не само што се вложувам себеси како личност, со многу откажувања од многу работи во животот, многу се вложувам себеси, а вложувам и финансиски. Она што јас ќе го земам од музиката, јас повторно го враќам во музиката.

Како што се раѓаме, растеме понатаму, а животот се состои од промени. Ако би можела да се вратам назад веројатно би променила доста работи, коишто сепак би ми олесниле за чекорењето напред.

Сепак, животот е тој којшто не носи само убави работи. Некогаш се случуваат и неубави работи коишто сакаме да ги избришеме, но не можеме да ги избришеме. Сите тие искушенија, дали приватно или во работата ме направиле посилна, поздржлива, човек којшто верува во иднината, којшто не се откажува така лесно при првиот пад.

Едноставно се чувствувам силна и мудра. А, ако не биле сите тие искушенија, и сите те препреки низ кариерата и низ животот, веројатно оваа Сузана ќе била една поинаква Сузана“, рекла Спасовска е потоа прозборела за својата ќерка и за тоа како ја воспитала како самохрана мајка, но и за нејзината мајка како поддршка.

-Сите ние кога ќе дојдеме во тие години кога треба да имаме семејство, да имаме пород, сите сакаме да биде сето тоа совршено, така и јас сум сакала. Меѓуоа, некогаш е подобро, знаеме дека е подобро, макар и со еден родител да биде детето, но да функционира семејството.

Теона не го почувствувала премногу отсуството на таткото, и едноставно отсекогаш велела дека нејзината мајка е и мајка и татко..

Јас никогаш не сум бранела таа да има комуникација со својот татко, сум била отворена за тоа, сум кажувала дека доколку сака да се види, да се слушне, сето тоа било дозволено.

Не сум сакала да давам никакви забрани. Сето тоа било оставено на неа, таа да си одлучува. Таа одлучила да ја сака својата мајка како да е и мајка и татко.

Мајка ми е врна шнајдерка, таа отсекогаш ми била важна фигура, уште од малечка.Најмногу посетувам на мајка ми, иако имаме влијание од другиот родител, меѓутоа сите коишто ја виделе мојата мајка, веднаш знаеле дека ми е мајка.

Ние и си личиме, во карактерот потсетуваме една на друга, така сме брзи и аналитични во работите.Секогаш ми била поткрепа, општо, моите родители ми биле поткрепа, но не можеле премногу даме крепат во градњето на кариерата, затоа што тие имале своја работа и не биле во музичкиот свет за да можат да ме поткрепат, но во се друго во живото, ме крепеле најмногу што можеле, и затоа сум им благодарна.

Татко ми за жал веќе не е меѓу нас. Посебно во времето кога јас одев многу на турнеи, во тоа време се патуваше многу, немав толку време за да се посветам на Теона, туку тука беа мајка ми татко ми, кога јас требаше да бидам на некоја турнеја или настап, тие беа со неа.

И таа си уживаше, и баба и дедо беа среќни, а и ќерка ми си беше среќна со баба и со дедо. Но, исто така со секој слободен момент бев со Теона, да ја воспитам како што треба, за да ѝ бидам и на неа една поткрепа, една потпора, и еден правец да ѝ дадам во животот.

И му благодарам на Бога, сега сум среќна и можам да кажам дека иако самохрана мајка, сум ѝ дала еден правец во животот, да знае што треба, што не треба, и да биде воспитана како што треба“, изјавила Сузана.

Сузана Спасовска денес има двоен повод за славење, роденден и именден. Таа на Фејсбук објави дека денеска е Света Сузана и си го посака ова својот роденден и именден.

-Мојот ден! 24.08. Роденден и Именден во еден ден! Нека ми се множат годините со здравје и убавини, и нека е за многу години денешниот ден Св. Сузана!58 год“, напиша Сузе.

Инаку, таа е родена во 1964 година, што значи дека наполни 58 години. Сузе е млада бабичка, изгледа супер и доста помладо, и поради младиот дух и пораки младоликоста никој не би рекол дека е во шестата деценија.

Previous articleОткако направи свадба за 600 гости, пејачката Марија од „Ѕвездите на Гранд“ раскажа како го ќарила сопругот
Next articleПријател на убавата презентерка Бубе Јаневска кажа каква е таа всушност и зошто ја сака