Home Live Игор за Илина: Таа во моментов држи предавање на Тенеси, јас во...

Игор за Илина: Таа во моментов држи предавање на Тенеси, јас во моментов држам мачка во раце и зјапам во ТВ…

Илина Аросова, нашата позната аплинистка која е и ликовен уметник, е едниствената жена во Македонија која се има искачено на Монт Еверест. Арсова и нејзиниот сакан, Игор Џамбазов се зближија во Дојран, а иналку таа има свој хостел во Охрид.

„Езеро зад решетки“ или „Мр -тва Природа“, како и да ја крстиме оваа фотографија реалноста е жална. Едно се руши, друго се гради, трето се легализира. Како и до сега, законот и одлуките се применуваат врз едни, а не и врз сите.

И зато не не биват и нема да не биват. А езерцето златно со сласт ќе го сведочи нашето самоун иштување, давење во сопствениот отпад, гушење во сопствениот бетон….“, напишаа таа до една слика која ја сподели од Лагадин каде што е хостелот.

Илина Арсова е познат борец за женските права на сите полиња, особено во нејзината бранша, спортот.

Љубителките на алпинизмот и општо природата имаа единствена можност да се приклучат на нејзината женска качувачка школа, каде што мината година уживаа во качувањето карпи.

о претпоставка дека жените делуваат по рационално, повеќе се изложени на емоции од страв, кој е “рачна кочница” во процесот на напредување. Ова е особено изразено во качувачките или други адреналински спортови, каде стравот е донекаде основан и ризик навистина постои.

Така, се случува со години да тапкаме во место и да немаме речиси никаков напредок, или пак истиот се одвива многу бавно.

Знаејќи ги овие работи, од сопствено и искуство на други луѓе, сметам дека односот на жена кон жена може да има особено позитивен ефект врз мотивацијата и пребродување на овие пречки.

Не дека не примаме машки во друштво, но едноставно ова е добра вежба за девојките да бидат по самостојни, свесни за своето ниво и целта која сакаат да ја постигнат.

Нашата заедница е мала, а имаме одлични услови, како за планинарење, велосипед, параглајдерство, слободно скијање, така и за секој вид качување карпи. (Спортско, алпинизам, традиционално…). Битно е да се почитуваат правилата за безбедност кон себе, партнерот, опремата и околината, за овој спорт да биде подостапен кон нови интересенти.

Особено сакам да ги поттикнам девојките и со нив да ги споделам моите лични искуства, придобивките од спортот во комбинација со прекрасните предели ширум светот кои сум ги открила благодарение на качувањето“, изјави Илина.

Во 2012 година на номинација од Американската амбасада во Скопје, бев избрана меѓу 17 жени од целиот свет, како прва генерација на Глобалната Спортска Програма на Стејт Департментот на САД.

Од тука започнаа моите напори за ширење на оваа мисија и во Македонија, преку бројни ангажмани за зајакнување на жените преку спорт, оснивање и поддршка на организации чија цел беше поттикнување родова еднаквост и дипломатска примена на спортот при градење на подобар свет со еднакви можности за сите.

Сега, кога повеќе се зборува на оваа тема, сакам да се надоврзам дека овој концепт воопшто не е нов. Имено спортистите како и уметниците, од секогаш имале одговорна улога, да ја претстават својата земја преку своите дела, вештини, освоени медали и сл.

Си спомнувам на пример, колку сè луѓе ја запознаа Македонија преку моите планинарски походи ширум светот, па дури и дојдоа да ја посетат. Со поместување на нивото на планинарските спортови, Македонците во странство неретко ме нарекуваа “Амбасадор на добрата волја”.

Иако планинарењето не е меѓу најатрактивните спортови бидејќи на врвовите немаме полни стадиони публика. А замислете дури какво влијание имаат и имале нашите успешни Олимпијци уште од минатото па до денес.

Во процесот на пренесување на искуствата, минативе години можам да се пофалам дека преку 1500 млади, особено девојки ги посетија нашите спортски настани, мотивациски работилници и теренски активности.

А сме успеале да инспирираме илјадници други преку моќта на медиумите, меѓународните соработки и градењето нови заедници кои секојдневно се борат против стереотипите и очекувањата од општеството.

Приказната продолжува, следат интересни новитети на оваа тема“, најави Илина Арсова во една прилика.

Илина е сега пак на планинарење, и раскажа со какви маки се соочува на снег, во зимски услови среде календарско лето кај нас.

„Не сите планини се таму во височините, некои од нив ги носиме во себе. Тие се најтешки за искачување. Одиме! Со мене сте?“, напиша таа и доби голема поддшка на Инстаграм.

Партнерот на Илина, познатиот актер, пејач и шоумен Игор Џамбазов, денес се пошегува на своја сметка: „Кој за што учел“

Previous articleНајвкусниот рецепт од Адријана Алачки, оваа чорба е предизвик за секоја домаќинка
Next articleГрешка е во прашање, на доктор или сестра – Саша и Дејан Матиќ гледале кога се родиле