Home Live Највкусниот рецепт од Адријана Алачки, оваа чорба е предизвик за секоја домаќинка

Највкусниот рецепт од Адријана Алачки, оваа чорба е предизвик за секоја домаќинка

Адријана Алачки го има прошетано целиот свет, како дел од нејзината истражувачка мисија- да ја запознае секоја традиционална култура и секоја традиционална кујна.

Авторката на емисијата „Вкусот на традицијата“ и претседател на здружението „Гастромак“ ги спои двата свои ангжамани за да патува низ народот насекаде и да осознава за нивните традиции.

Алачки во една прилика била гостинка во новата епизода на Еден на Еден со Жаре и меѓудругото ќе раскаже и за дел од овие патувања.

Една од нејзините приказни е како ги запознала домородците во Бразил, кои најголелите слатки специјалитети ги прават од скапана банана. Потоа, ќе раскаже и родното место на Аборџините, и за моментот кога забележала колку нивниот ритам е сличен со нашиот, но и кујната.

Алачки прозборе и за својот најголем страв, а тоа е стравот од летање, иако во 2019 година, имала вкупно 39 лета. Овој страв, Адријана го надминува со јога и со медитација.

– „Мислам дека нема човек којшто не се плаши од летање барем малку. А стравот од летање е мојот единствен страв. За мене велат дека сум најсмирениот човек на светот, а во тоа ми помагаат токму јогата и медитацијата“, изјави Адријана за Женски магазин.

„Почнав да учам јога пред 26 години, од Лидија и од Стефан, во првата школа за јога во Македонија. Многумина кај нас не се запознаени и не се едуцирани. Убаво е кога вежбаш интегрална јога, тогаш го имаш тој благодет преку команда на телото да го контролираш и умот и го раздвижуваш и во најмалите делови“, рекла таа.

– Долго време работев на сите континенти како презентер на македонската музика, фолклор и одржувам часови по готвење, правев комплетна промоција за Македонија. Готвењето отсекогаш беше моја пасија. Растев во семејство каде што готвењето и семејните ручеци беа секојдневен ритуал.

Така што сето ова дојде како последица од една чиста љубов кон кујната, но не само како храна, туку се задржувам на таа наша пребогата традиција и историја поврзана со нашите специјалитети.

Првите 200 емисии од „Вкусот на традицијата“ беа направени по рецептите од македонскиот традиционален готвач. Многу ретко се случуваше нешто да не се погоди, но „Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење и е од народот за народот.

Тоа верувам на сите им се случува, зависи од расположението, моменталното чувство и од други компоненти Готвењето за најмилите е љубов и ништо друго.

Но, веќе работите се менуваат, доаѓаат следните генерации кои стануваат подобри мајстори во кујната од мене, а тоа е мојот син Благоја, кој секојдневно ме збунува со преубавите вкусови што тој ги создава во кујната.

Пресуден момент беше кога во Токио во хотелот „Хајат“ се одржуваше македонска вечер. Кога влегов во кујната на хотелот, шефот, искусен јапонски готвач, ми побара македонски традиционален готвач, по кој би требале да готват.

Менито го креирав за таа вечер, но немав книга која упорно ја барав пред да отпатувам за Јапонија. Си ветив пред себе дека кога ќе се вратам, јас ќе напишам таков готвач.

Истражувањето и пишувањето траеше три години до финалниот производ. Преведен е едновремено и на англиски јазик. Со помош на „Винсент графика“ се реализираше оваа луксузна книга, „Македонски традиционален готвач““, рече Адријана, а пото зборувапше за својата внука Јана.

-Јана, сонцето бабино. Среќно дете на Грациела и на Игор Димовски. Тоа со зборови не се искажува. Прекрасни и грижливи родители, секоја чест.

Ја гледам недоволно колку што сакам и колку што имам потреба. За мене е најубавиот момент кога Јана ќе дојде кај баба и вујче на гости. Целото внимание е кон неа, рефреш состојба.

Адријана на Фејсбуј од време на време ги споделува рецептите кои ги прави, а еден од нив е и од оваа чорба и тоа рибна. Адријана направила чорба од пастрмка и го споделила рецептот на Фејсбук, кој е предизвик за секоја домаќинка:

– Чорба од пастрмка со зеленчук….во следните емисии Вкусот на традицијата во комплексот Етно Село Тимчевски!

1 пастрмка се вари во солена вода. Се прецедува, чисти од коски и кожа. Во тенџере, во водата од рибата се варат 1 кромид, морков, целер, пашканат, компир, 6 лукчиња, 1 праз, 1 везена пиперка, магдонос….

На крајот се става тенка запршка од 1 каф лажиче брашно и бибер и се додава претходно сварената, исчистена пастрмка“, сподели Адријана Алачки. На крајот, може да се каже уште она нејзиното познато: Мх,мх,мх…

Previous articleГоца Тржан раскажа искрена приказна за својата ќерка- ми рече да не ја мaлтpeтиpaм
Next articleИгор за Илина: Таа во моментов држи предавање на Тенеси, јас во моментов држам мачка во раце и зјапам во ТВ…