Home Live Откако направи свадба за 600 гости, пејачката Марија од „Ѕвездите на Гранд“...

Откако направи свадба за 600 гости, пејачката Марија од „Ѕвездите на Гранд“ раскажа како го ќарила сопругот

Марија Груевска е битолчанката која го прославува градот Битола, а штом го слушнете нејзиниот глас, како да имате некое чудно чувство што заносно ве тера да се слеете со акордите, да заборавите на местото, светот, времето, брзината“, објави во една прилика порталот Шеталиште за оваа пејачка.

Едноставно слушате и уживате. Песната е лек, а оваа девојка го има вистинскиот. Сега, земете си една чаша црвено вино, ѕирнете во нејзината приказна заедно со нас и едноставно…

Оставете мислите да уживаат низ патот по кој ќе ве води овој волшебен глас“, пишува порталот за битолачканка која со својот глас, стас а богами и храбрите креации успеа да се истакне на „Ѕвездите на Гранд“.

-Јас сум најобична девојка, која како и многу други, посакав уште од многу малечка да бидам на сцена. Тргнав по тој пат, почнувајќи од основно преку средно музичко училиште, за да продолжам на музичката академија.

Од моето скромно искуство, мислам дека за да се владее на сцената ќе ми треба уште многу труд и искуство, но со работа и учење, за сега, се снаоѓам…

Сметам дека секоја сцена е предизвик, но искрено, би била среќна ако некогаш во животот, заедно со останатите членови од тимот на кој припаѓам, успееме да направиме некоја поголема турнеја… Но тоа е еден огромен сон..

Верувам во себе, во членовите на тимот и верувам дека чудата се случуваат само ако сите кои сме дел од нештото, вложиме максимална енергија и труд…

Тогаш се случуваат чудата…Тогаш се случуваат соништата!“, кажала Марија во ова интревју. Потоа раскажала што се случувало зад сцената на „Ѕвездите на Гранд“.

– Зад сцената е како и зад секоја сцена на вакво или слично шоу. Бара многу труд, подготовка, логистика и секако финансии, за сето она од зад сцената да изгледа вака како што изгледа на телевизиските екрани. Морам да кажам дека иако се „големи” тие се многу достапни и обични луѓе.

Секако ако некој од нас е во некој свој филм, тие стануваат недостижни, ама само за таквите. За среќа јас сум раскрстила со суетата и некако супер сум прифатена. Им благодарам за тоа. Сепак пред сѐ сите сме само луѓе“, рекла Марија минатата година.

Во ова музичко шоу, настапиле бројни учесници и ретко кога некој би можел да ја изненади јавноста со нешто сосема различно или да ги шокира членовите на жири комисијата, но нашата учесничка токму тоа го направи.

На настапот за влез во четврт финалето, Марија Груевска се појави со змија околу половината, додека ја изведуваше песната Негатив од Тијана Дапчевиќ. Членовите на жирито беа изненадени додека го следеа нејзиниот настап и се согласија дека за ваков настап навистина треба храброст.

-За сега Ѕвездите на гранд е единственото музичко шоу на кое еден пејач може да се обиде да излезе надвор од границите на Македонија и тоа беше првичниот мотив.

Пробите се секогаш строго професионални. Додека сме на проба максимално се посветуваме на проектот кој следи“, кажа Марија лани во Женски магазин.

Пред сè од ова шоу сакам да изградам и задржам многу пријателства и имам супер контакт скоро со сите учесници , но ете можам да ја издвојам Зорја Пајиќ со која и констатиравме дека сме soul mades“, рече Марија.

Слободното време, таа го минува мајмногу со семејството на нивната скромна терасичка, топло турско кафе и добра музика.

„Потоа прошетки со моето момче и пријателите и со мојот професор Вангел Мажевски и член од тимот со музика ,свирење и пеење“, изјавила Марија пред да се омажи.

Инаку, најекстравагантната учесничка на последната сезона на српското шоу „Ѕвездите на Гранд“, пред десетина дена го изговори судбоносното „да“ на својот долгогодишен избраник, фитнес-тренерот Синиша Стојаноски. За оваа свадба многу се зборуваше и се пишуваше.

Марија во Женски магазин раскажала детали за свадбата и рекла дека имало 600 гости на неа. Исто така раскажа и како го запознала сопругот Синиша и зошто е заљубена во него.

– Фустанот е креација на мојата мајка , која ме познава најдобро и ја знае секоја ситница која ја сакам, исто и едниот од бидермаерите, кристалниот.

Чувството е неописливо, сè уште не можам да се освестам и да поверувам дека сум била во реалноста и дека мојот сон се остварува…

Граѓанскиот брак пред матичарот беше како во филм, пред манастирот и пред најблиските а венчавката беше вечерна пред сите 600 гости“, рекла Марија која свадбата ја направила во манастирот Пресвета Богородица во Новаци.

Потоа, таа раскажала како се запознала со нејзиниот Синиша Стојаноски, и се вљубила во него. „Се запознавме преку Инстаграм по моја “вина”. Го сакам затоа што е посебен и затоа што секогаш кога сум во негова близина треперам како да го сретнувам одново и одново.

Ме поддржува и имаме исти гледишта во животот“, открила за Женски магазин оваа пејачка која станува се попозната на нашата естрада.

Previous articleИгор Дурловски им одговори на СДСМ кои му порачаа дека тој нема образ да зборува за НОБ
Next articleМлада супер бабичка, еве колку години полни денес Сузана Спасовска и што си посака за роденденот