Home Live Се разубави откако се омажи, водителката Јана со саканиот на меден месец...

Се разубави откако се омажи, водителката Јана со саканиот на меден месец во оваа прекрасна земја (ФОТО)

Убавата водителка која прво беше во ТВ 24 а потоа во Сител, Јана Серафимова и емисијата „Ферплеј“ стартува минатата година, секоја сабота на ТВ Телма со што ќе се збогати викенд понудата на телевизискиот канал.

-„Ферплеј“ е ТВ проект на каков што одамна сакав да работам, бидејќи спортот не учи на многу позитивни нешта, а животот и секојдневието на спортистите се секогаш инспиративни.

Па затоа, содржините на оваа емисија ќе имаат забавен и едукативен карактер, нема да бидат наменети само и единствено за спортските фанови, туку сакам да делуваат мотивирачки буквално за сите.

Ќе дознаваме каков е патот до постигнувањето на блескави спортски успеси, трофеи и медали за кои не е потребен само талент туку: дисиплина, посветеност, макотрпна работа и НАЈПОСЛЕ – барем малку среќа.

А, спортистите од Македонија и странство ќе откријат и што друго е дел од нивниот живот, какви таленти поседуваат освен оние за спорт, што ги исполнува и што ги прави среќни, вели водителката Јана Серафимова, а објави Телма.

Спортот пред сè го сакаат и следат сите членови на моето семејство. Дома, редовно на ТВ е вклучен некој спортски канал и се гледа некаков натпревар.

Брат ми Никола е фудбалер и единствен кој професионално се занимава со спорт, во моментов како играч на Унгарски Залаегерсег и Македонската фудбалска репрезентација.

Јас со спортови или физичка активност се бавам рекреативно, најдолго и најдисциплинирано до сега тренирав кик-бокс. Едно е сигурно – дека поседувам спортски дух“, рекла Јана минатата година.

Јазлични типови на Тв проекти како дел од редакциите за забава и култура, утринска програма, естраден/забавен Магазин.

Како репортер во информативните изданија ги следев настаните од културата, а мој авторски проект беше емисијата „Фан Пит“.

Таа откри дека нејзиниот неостварен сон е поврзан со еден од најпосакуваните мажи на светот, Лионел Меси. „Има многу спортисти кои би сакала да ги интервјуирам, но број еден на таа листа е Лионел Меси.

Причината е и повеќе од јасна, имам милион прашања за играчот кој важи за светско чудо, и покажува игра што на моменти делува и нереална.

Би сакала да ја почувствувам и пренесам на гледачите атмосферата од финале на Вимблдон на пример, или финале во Фудбалската Лига на шампиони“, рече Јана.

Јана во јуни правела свадба со Горан Петровски. Убавата новинарка која е вљубена во спортот направи свадба со својот сакан“, објави Женски магазин.

Јана и Горан го склучија граѓанскиот брак минатата година, и уште лани, Јана за Женски магазин рече дека стрпливо ќе чека да попуштат рестриктивните мерки, а големата забава ја планира за на лето.

– Си поминавме најубаво на целиот свет, журката беше супер, дури и над нашите очекувања, благодарение на веселите гости. Пере од Нокаут ни е пријател, па со задоволство прифати да ни ја отпее ,,Мене ми припаѓаш” за првиот танц, а во текот на целата вечер ,,Тумбао Салса Бенд” не дозволија ни минутка да седнеме, игравме – сите!

Пресреќни сме што нашите драги роднини и пријатели кои живеат во странство, најдоа начин да дојдат и да прославиме заедно, меѓу нив и брат ми кој, единствено викендов немаше професионални обврски во клуб или репрезентација.

Меѓу присутните секако беа и моите драги колеги од Тв24 и ТвТелма “, раскажала Јана во Женски магазин.

-Се запознавме на „Д фестивал“, работно бевме таму и двајцата. Организаторите на фестивалот дојдоа на свадбата и се смеевме – стројници ни се хаххаа! Другари ни се.

Кај Горан, најмногу го сакам тоа што е добар и чесен, секоаш насмеан, сите го знаат по смешките и по многу добрата смисла за хумор. Креативен е 24/7 да ги смее сите“, рече Јана за својот сопруг.

На Инстаграм, Јана се пофаи од неколку фотографии од својот меден месец со сопругот, и тоа во Турција каде што одмараат заедно, и ова е нивно прво патување по свадбата.

Јана изгледа топ како што може да се види насликите, таа откако се омажи станала уште поубава.

Previous articleМиланка Рашиќ имала голема мака во животот, позната новинарка раскажа како ѝ правеле сопки и ја кодошеле
Next articleСлободан: Бев во болница во Шведска – леле, леле, ми доаѓа медицинска сестра и ме прашува овие прашања