Home Live Бившиот на Северина, Милан Поповиќ се смири со Игор Којиќ, се прегрнаа...

Бившиот на Северина, Милан Поповиќ се смири со Игор Којиќ, се прегрнаа како браќа, а Александар им е син на двајцата, еве ја целата случка

Четвртиот вереник на Севе е сопственикот на спортскиот центар во Ријека, Славко Шаиновиќ. Две и пол години подоцна го оставила Славко поради Милан Поповиќ, кој го запознала кога му пеела на роденденската забава.

Милан ја опсипал со љубов и подароци, со неговиот авион патувале низ светот, им се случила вистинска филмска љубов. Со него го има синот Александар.

Сепак, една година по раѓањето на детето, Северина и Милан бурно се разделија, а нивните препирки околу детето, старателството и алиментацијата траат до ден денес.

По Милан пејачката не беше во врска се до моментот кога срцето и го освои синот на Кеба, Игор Којиќ, со кого се омажи, па потоа се разведе.

Српскиот крал на бакарот, Милан Поповиќ, по пропаднатиот брак со популарната пејачка Северина Вучковиќ, среќата ја најде покрај атрактивната Бојана.

Втората сопруга на Милан, згодна русокоса, е 28 години помлада од бизнисменот и, како што многумина забележуваат, е сосема спротивно од неговата поранешна сопруга.

Од големата љубов Милан и Бојана добија два сина Милан и Ѓорѓе, а потоа се подготвуваа и за трето дете и набрзо станаа родители и на девојче.

Сопругата на Поповиќ не сака да се експонира, па не се појавуva во медиумите, а Милан своевремено зборуваше за неа како „жена за пример“.

„Со неа нема кавги или расправии, дури и сега кога е бремена, кога жените знаат да бидат каприциозни. Таа е слатка, драга и прекрасна мајка, а тоа ми е многу важно“, рекол Милан, како што пренесува „Стори“.

Некои коментари на социјалните мрежи велат дека таа е поубава и позгодна ос Северина, стои во текстот на Стори.

Северина во едно постаро интервју за РТЛ зборуваше за својата љубов кон Игор Којиќ: Животот е игра и мојата среќа е кога ќе нправам некого среќен, кога ќе усреќам други луѓе, и тоа ми се оствари. Сакав живот како игра, тоа и го добив!

– Сакам што се сакаме, љубовта се враќа со љубов! – вели Северина. Игор пак за „Story“ изјави: Ако постои совршена жена, Северина е најблизу. Прекрасно е да сакаш и да бидеш сакан!

Северина потоа се најде во центарот на интересот на сите медиуми кога потврди дека стави крај на бракот со Игор Којиќ, а претходната вечер одржа настап во Црна Гора каде создаде фантастична атмосфера.

Иако со години беа во лоши односи, бизнисменот Милан Поповиќ и Игор Којиќ, поранешни љубовници на пејачката Северина Вучковиќ, решија да дадат уште една шанса на нивната пријателска врска.

Имено, Милан пред неколку дена објави интересна фотографија на Инстаграм со натпис „Поповиќи-Којиќи“. Всушност презимињата стоеја на еден сообраќаен знак.

– Доаѓа зима – напиша Поповиќ во описот на сликата, а само неколку дена пред тоа и Игор ја напиша истата реченица под својата последна објавена фотографија.

Тие двајца се следеа на споменатата платформа, а очигледно е дека решиле да ги остават сите лоши работи кои се случувале во минатото.

Во меѓувреме Игор објави нивна заедничка фотографија на која напиша:

„Благодарам на Милан што приреди изненадување и го донесе Александар на мојот роденден, тој ден беше посебен за мене.

Александар е прекрасно дете кое многу го сакам и со кое поминав убави години, некои врски се едноставно нераскинливи.

Секој кој е од фамилијата на Александар е и моја фамилија и секој од мојата фамилија е и на Александар. Така е сега, така ќе биде секогаш. На здравје“, напиша Игор во описот.

Инаку, двајцата не беа во добри односи поради Северина Вучковиќ, а Игор беше дури и во полиција поради случајот со свеќата.

Да потсетиме, пред три години пред куќата на Милан Поповиќ во Загреб, кон крајот на мај застана автомобил „ауди“ во сопственост на Северина Којиќ,

од кој од совозачкото седиште излегол тогашниот сопруг на пејачката Игор, а потоа остави мистериозна направа токму пред неговата порта, за која се вели дека е црна свеќа.

Камерите пред вилата на Поповиќ јасно снимија се’, а тој сето тоа го потврди и на полициското рочиште.

Previous articleРесенчанецот Туше pacпали: Cpам и арам да ви е, живеам за и од Македонската музика
Next articleЉубчо Герогиевски: Во мое време, Бугари земаа македонски пасоши