Home Live Димитар: Требаше да патувам со воз до Велес, кондуктерите ми рекоја: Во...

Димитар: Требаше да патувам со воз до Велес, кондуктерите ми рекоја: Во МЖ нема да се возат кучиња

Вчера го пренесовме статусот на Маја Лазарова, која објасни како изгледа да се патува со автобус на релација Велес – Скопје. Веќе денс, ново сведоштво, овојпат со воз, на истата релација.

Прочитајте ги двата статуса:

„АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВЕЛЕС – СКОПЈЕ

После три преубави денови на планина, доаѓа момент да се вратам во цивилизацискиов хаос и се упатуваме кон Меѓуградска автобуска станица – Велес.

Стасуваме во 16:40 и гледам шалтер од надвор и влез за шалтерот од внатре. Заради непикање во затворен простор сакам да извадам карта за Скопје на шалтерот од надвор – не може.

„Тој е така само ставен, од внатре се вади!“ ОК! Влегувам внатре, зад шалтерот нема никој. Прашувам каде се вади карта – „Тука, али почекај, сега ќе стаса вработената, тука е негде!“.

После 5 минути стасува црно офарбана, натапирана госпожА и отвара прозорчето. Велам: „Ве молам карта за Скопје“.
Пуна строгоча одговара: „Карта за Скопје се вади кога ќе стаса автобусот за Скопје, не може пред време!“

Прашувам: Како не може пред време?! А кога е следниот автобус?

Одговара: „Од кај знам! 10 за 6…6…6:10…кога ќе стаса тогаш!“ Затвара прозорчето и не праи муабет.

Немам избор, останува да дремам 50 минути на автобуска и да демнам кој од автобусите што стига е тој за Скопје па да се затрчам да ја извадам картата – оти пред тоа госпожА не продава карти!!!!

У меѓувреме стигаат бус за Кавадарци, за Битола,..госпожа прати ситуација со автобусиве и на разглас се дернува: КАВАДАРЦИ – СЕГА!!!! Трчаат луѓе, вадат карти и брзо се пикаат у соодветниот автобус.

Сфаќам дека за да стасам до карта у моментот кога госпожа ќе објави СКОПЈЕ-СЕГА!!!!, морам да застанам у редица пред шалтерот внатре. Застанувам, поминува 17:50, поминува 18ч, автобус за Скопје НЕМА! Стасува некој бус фирма ЕКСТРА БУС (мислам така беше) и госпожА од шалтер на разглас вика: „СКОПЈЕ!!!“

Сите од чекална нагрнуваат, јас среќа трета у редицава, давам платежна картица, одговара: „Не примаме картици!. Добро, вадам карта со кеш.

Кумашиниве ми пикаат претоварен планинарски ранец под автобус, ми викаат брзо внатре барај седиште. Влагам да седнам – внатре празно седиште НЕМА!

Јас, едно девојче и една постара жена се вртиме нагоре – надолу, нема!!! Влегува возачов и му викаме: каде да седнеме? Одговара: „Епа нигде!“ Убацува у прва и трга за Скопје. WHAT?!?

Постарава жена седнува на скалите од излезот у средина на бусот, девојчево седнува на под напред кај шоферот (види фото), јас останувам у средина растегната ко спајдермен меѓу две седишта, оти автобусов не е предвиден за патници да стојат па нема рачки и каиши да висат над седишта за да се придржувам!

Јас се уште у шок и неверување што ми се дешава, постарава жена коментира: Е добро де, 45 минути, голема работа ако постоиме!!!

Ох бре Македонче задоено со филозофија „ќути има и полошо“!

1. Абе сум платила регуларна цена на автобуски билет – должни се да ми обезбедат регуларно седиште!

2. Дозволиво ли е патници да стојат во автобус на меѓуградска линија? Безбедно ли е?

3. Која е таа катастрофална организација у вези продажбана на билети? Кој е тој директор на Автобускава станица и дали има појма како се врши продажбава на карти?

4. Во 21 век во Велес немаш опција да си извадиш претходно автобуски билет Велес – Скопје? Невозможно било – не знаеле колку патници имало во автобусот што стига? Really?!?!

5. Не примаат платежни картички само готовина?!

6. Ало Франкфурт? Абе електронски треба да може да си извадам карта од дома а не да малтретирате народ да се гужва у редица ко пред селска кооперација од пред два века и да не знае дали после саат време чекање ќе има место во автобусот? Нормални ли сте бре????

Најтрагично е што сфаќам дека луѓево што постојано користат автобуски превоз се навикнати на ваков третман, не им пречи, не сакаат да бидат третирани достоинствено и за чесно платен билет да си ја добијат услугата!

Не веруваат ни дека ако реагираат ќе се промени било што. Можеби и нема. Ама ако никој не реагира, дефинитивно нема.

Ако почнат повеќе луѓе да реагираат – можеби не веднаш, но некогаш ќе им текне да се организираат како што треба! Затоа избирам ДА НЕ МОЛЧАМ!

И освен овој статус ќе реагирам и до општина Велес и до Автобуската станица Велес. Работат како да сме во 19 век! Не се способни една евиденција на патници да водат – кому продаваат билети и кој им се вози во кој автобус. А тоа им е основна дејност!

Сфаќате ли колку сте неорганизирани Avtobuska stanica Veles – Автобуска станица Велес ? Веројатно НЕ. Не не’ бива другари, НЕ НЕ’ БИВА!!!! Needless to say: 4-5 души од 53 вкупно носеа маска. Толку.“

Димче Ацков објасни како поминал кога сакал да патува со миленик, на истата релација, но со воз:

-„амислете бев, прив еден и ма лтре тиран денеска на железничка во Скопје затоа што сакавме да се качиме на воз со миленик !!!

Моето патување од Скопје до Велес се претвори во пек ол , поради тоа што се решив да патувам во возот заедно со уште еден активист и со нас да носиме кутре , кое има медицинска потврда дека е куче помошник.

Со возот во 14 часот се качивме не симнаа , изговор им беше што не ја носевме медицинската потврда со нас . Се буневме , ни повикаа пол иција , не држеа пола час полицајците , имаше зак ани дека ќе не при ведат и слични работи.

Помина тоа, ги истрпевме полицајците некако , отидовме ја земавме медицинската потврдата се вративме да го фатиме другиот воз во 20 часот . На тој воз исто се случи, иако имавме медицинска потврда и маска за кучето , бевме уште погрубо пречекани од алко хол изирани кондуктери и повикано пак полиција .

Кој не исфрлија од возот со се сите работи и со кучето . Дојдоа замислете 8 полицајци , се собраа десетина кондуктери , кој не нап аѓаа вербално дека сме биле кучкари и дека во македонски железници никогаш немало куче да се вози.

Замислете кај живееме. А ние бевме јас , уште една активистка и дете од 17 години !!! Значи во оваа држава ако немаш пари за кола, не можеш миленичето да го носиш никаде!!!

Ова мора да се смени, и затоа повикувам на протест сите со кучињата да им отидеме таму да ги блокираме , и да видат дека нас илието на Македонски железници над животните не може да им помине !!!“, напишал на Фејсбук Димче Ацков.

Previous articleТолку е блиска со нив, што се смета како дел од семејството Мијалкови: Јас, со мајка ми и брат ми
Next articleВодителката Милена раскажа на кое место го запознала сопругот Гордан и како го ќарила