Home Live Ги интервјуираа заедно со Антониа, а Мартија откри дали е во врска...

Ги интервјуираа заедно со Антониа, а Мартија откри дали е во врска со фудбалерот Елиф Елмас

Антониа и Мартија беа план на неделата кога беа во посета на Белград, по повод промоција на парфем. Кога излегоа на промоцијата, македонските преставнички изгледаа како холивудски ѕвезди, што не беше добро прифатено од страната на нашинците.

Особено, голема улога играа нивните стајлинзи, што според Блиц.рс се пишуваше дека на Мартија и излегла едната гра да, а на Антониа и излегле прстите од сандалите.

Конечно, македонските пејачки проговорија за нивниот стајлинг и озборувањата кои следеа подоцна, а потоа Мартија откри дали е во врска со фудбалерот Елиф Елмас.

,,Мартија носеше зелен фустан со предлабоко деколте, а Антониа ги истакна нозете и стомакот. Позираа самоуверено како холивудски ѕвезди, но на едната и испаднаа гра дите, а на другата и излегоа прстите од сандалитe”, започна Лазаров кој го прочита натписот на еден сајт.

-Ние сме за во Холивуд, така изгледаме. Не ми испаднаа градите, туку само имам длабоко деколте, не се гледа ништо не знам зошто пишуваат глупости, рече Мартија.

-Ама и да се гледа, зошто во цел свет носат деколтиња големи, длабоки деколтиња, може да се гледа било што, на некоја града и искочила несекајќи.

Зошто на пример може Дуа Липа или Рита Ора, зошто ние не можеме? Зошто сме толку ограничени? Зошто не излеземе од таа комфорт зона, не разбирам?, изјави Антониа.

По повод обележувањето на 21 година од Рамковниот договор и започнувањето на преговорите за полноправно членство во Европската Унија, се организираше настап од Министерството за политички систем, на чие чело е Артан Груби, на плоштадот Скендербег во Скопје.

,,Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот “Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска.

Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија“, стои во објавата.

Министерството објави дека меѓу учесниците ќе биде и македонската пејачка Антониа Гиговска.

Иако од Министерство предводено од Артан Груби, на Фејсбук прво објавија дека пејачката ќе зеде учество на прославата на Рамковниот договор на плоштадот Скендербек во Скопје, потоа ја избришаа објавата и на нејзино место беше посочено дека на концертот ќе пее Јаневски.

Младата пејачка порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација.

– Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира…

Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене – стои во пораката од Гиговска.”

Антониа во емисијата на Лазаров објасни зошто прифатила да настапи на овој настан, со кој ги разочара многу од нејзините фанови:

-Единствено нешто што имам да кажам е дека менаџментот ги договара сите мои ангажмани и дека искрено немав ни јас појма дека има некаква политичка конотација, ни мојот менаџерски тим знаел дека има некаква политичка конотација, јас дознав сабајлево и чим видов што се случува и чим видов за што се работи, мојот настап е откажан.

Никогаш не сум пеела на никаков политички настан, за ниедна партија и тоа нема да се случи никогаш, заради тоа што јас работам на моја музика и работам на моите песни, за мојата публика да ја слуша мојата музика, сметам дека на такви настани не треба да се појавувам, рече Антониа.

Мартија Станојковиќ откри дали имала нешто со фудбалерот Елиф Елмас, со кој се шпекулираше дека меѓу нив има нешто повеќе:

– Јас Елиф, не го познавав лично во тој момент, и се запознавме случајно во Кино Карпош на кафе, покрај Антониа. Немавме никаква допирна точка.

Тој може само да донесе среќа на Македонија, во неговата кариера, но јас и тој ништо немаме, рече Мартија.

Previous articleЕдна година без омилениот Шоиќ- еве што зборуваше Лане Гутовиќ за заминувањето од овде
Next articleРесенчанецот Туше pacпали: Cpам и арам да ви е, живеам за и од Македонската музика