Home News Љубчо Герогиевски: Во мое време, Бугари земаа македонски пасоши

Љубчо Герогиевски: Во мое време, Бугари земаа македонски пасоши

Беше обожуван од народот, своевидна икона на македонизмот, во раните девеести години од минатиот век, кога ја почна својата политичка кариера.

Тогаш, младиот политичар Љубчо Георгиевски, не се плашеше да побара независна држава, со независни (од Југославија) институции, нешто што набрзо потоа се случи.

Бече долги години лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а четири години и претседател на македонската Влада.

Денес, Љубчо Георгиевски е остро критикуван на социјалните мрежи, поради неговите ставови, кои, доколку е човек објективен, ќе признае дека во најголем дел стануваа наша реалност.

Љубчо Георгиевски, како што самиот за себе вели, е човекот кој го кажува она што другите политичари го мислат, но го кријат од јавноста, поради својот рејтинг.

Во интервју за „Призма“, Георгиевски се задржа на неколку клучни поенти:

Љубчо Георгиевски често ја критикуваше Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ, споредувајќи ја со нејзиниот српски пандан САНУ, кој, со поддршката на српскиот национализам, практично одигра клучна улога во разгорувањето на војните на територијата на поранешна Југославија.

„Во 1990-тите години, МАНУ, ја викавме САНУ, бидејќи ја немаше никаде во првите години од осамостојувањето“.

„Ова досега, од самиот почеток, е едно од најголемите инволвирања на МАНУ во официјалната државна политика на Македонија“, вели Георгиевски.

На претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев му забележува за доцно разбуден „ирационален македонски национален патриотизам“, кој 30 години претходно, во други македонски историски периоди, како што е распаѓањето на Југославија, самостојноста, процесот на транзиција и ембаргата, не го манифестирал.

Приказната на оваа влада е завршена, но не по нејзина вина

„Приказната на оваа влада со неисполнетите ветувања за Европската Унија е потрошена, но таа не е виновна за тоа. Во тоа учествуваше меѓународниот фактор, кој го охрабруваше Заев на решавање на проблемот за името, а потоа не ги исполни ветувањата. Премиерот Заев, во најголем дел, беше жртва на меѓународната заедница“.

„Такви патриоти во последните десетина години се нагледавме многу, кои ги имаат преспиено сите важни настани на македонската современа историја и одеднаш продаваат висок национален патриотизам. Тоа може да го прифатам од некој што има 25 години, меѓутоа некој што тогаш бил во зрели години и го преспал тој период, тоа е непростливо“.

Како посебен и погубен настан во македонската историја, Георгиевски ја дефинира таканаречената „антиквизација“, односно тоа што „претходната влада на Никола Груевски во неговите 11 години, без расправа, без дискусија „ни го избриша словенското минато и нѐ направи антички“.

„Тоа беше една огромна негација на нашиот македонски идентитет, за кој единствено имаме некаква поткрепа дека влече од словенскиот карактер на македонскиот народ“, вели тој и прашува: каде беа сите тие доктори на науки, сите тие академици, зошто го имаат преспано целиот период?

„Е сега истите тие што го преспаа, одобруваа, дури и пишуваа за таа античка Македонија, која направи од македонскиот идентитет карикатура пред целиот свет, денес се најголемите критичари на препораките на заедничката комисија“.

Георгиевски беше активен и тогаш кога антиквизацијата била доминантна, а и денес, бидејќи сопствената историја ни ја доведува до апсурд.

„Ако Македонците биле христијанизирани во 1 век со мисијата на апостол Павле, ако имале писменост од 4 век пред нашата ера, тогаш која е улогата за христијанизирањето и описменувањето на Свети Кирил и Методиј и Свети Климент и Наум?“, прашува тој, заклучувајќи „нема нивна улога зашто (според ваквите тези) сѐ претходно сме си имале“.

-Јас кога бев премиер, бугарски граѓани земаа македонски државјанства, па во тоа време, барем 15-тина државјанства сме дале на бугарски граѓани, вели Георгиевски.

Говорејќи за моменталните трендови со Бугарија, Љубчо Георгиевски потсетува на еден факт, кој ретко кој го знае:

„Бугарија не го сфаќа доволно проблемот со издавање на нивни државјанства на македонски граѓани и го злоупотребува. Овој пристап на присила, кој го почнаа во последниве две години, ги натера и тие што имаат бугарски државјанства, да се изјаснуваат и да зборуваат против нив“.

„Имам еден пријател, кој вели вака – секогаш се чувствувам како Бугарин, ама штом некој Бугарин ќе ме праша што си ти, во истата секунда станувам Македонец“.

Целото интервју на Љубчо Георгиевски за Призма, прочитајте го ТУКА

Previous articleБившиот на Северина, Милан Поповиќ се смири со Игор Којиќ, се прегрнаа како браќа, а Александар им е син на двајцата, еве ја целата случка
Next articleКекеновски: Зошто немаме и нема да имаме саглам држава