Home Live Прво го сакаше овој наш многу фолк познат пејач, а сега е...

Прво го сакаше овој наш многу фолк познат пејач, а сега е среќна со сопругот и има три деца- нашата фолкерка се омажи кога стана мајка по трет пат

Јордан Миктев, познат пејач, сакан и почитуван од сите генерации, ретко кој љубител на нашата убава фолк песна не ги сака неговите мумери, испеани од срце и со многу љубов. Во едно интервју за Радар.мк, Митев има изјавено:

– Во првите години од мојата кариера бев возбуден на секој нов настап во дијаспората, бидејќи секое ново патување за мене значеше отварање на нов свет,нови луѓе.

Но со текот на годините, еве ова веќе е 13-та година од мојата активна кариера , тие настапи станаа за мене нешто најнормално.

На некој начин станаа секојдневие, а разликите помеѓу дома и надвор прилично се избалансираа и изедначија.По многу патувања, за мене сега веќе не е важно каде ќе пеам туку ми е најважно како е организирано,во каква сала,со колку гости и сите професионални нишани за еден музички професионалец.

-Во хороскоп сум лав, а лавот со сите свои позитивни и негативни страни е знак кој е многу искрен, емотивен и знае да сака. Од една страна многу јак , но од друга многу слаб.

Тој мој лавовски сензибилитет може да се почувствува и во мојата музика.Јас песните не ги пишувам и не ги пеам истресени како од ракав туку во секоја песна влевам емоција и ставам свој печат.

Доколку емоцијата не е доволно јака и искрена, песната нема мотор кој ќе ја движи. Би ја издвоил песната “Ајде сите на нозе”.Таа песна ја пеев 2011 година на Прилепскиот фолк фест.

Се сеќавам дека во понеделник се вратив од настап во Европа, а во петок требаше да настапам на фестивалот.На само пет дена пред фолк фестот, јас уште немав ниту напишано а камоли снимено песна за фестивалот.

Последен ден за предавање на песните беше четврток. Во вторник цел ден размислував. Си реков на себеси дека морам да направам нешто со што ќе ја кренам публиката и ќе ја “запалам” салата.И така се роди првата мисла.

Пораснав во многу многу скромни услови,знам што значи да си некаде на дното и затоа сега со се што имам сум среќен и задоволен.Меѓу другото , мојата кариера се движи по добар пат и се надевам дека така ќе остане уште многу години.

Затоа , јас со мојата сопруга останувам овде. За среќа , таа има разбирање и се надевам така ќе остане“, рече Митев за својота сопруга која е инаку Македонка од Австралија.

Јордан Митев, минатата година направи пауза цела година и потоа силен се врати на естрадата, како што вели, со Господ напред, со нови сили. Рестрикциите поради пандемијата со корона вирус не се единствената причина поради која популарниот фолк музичар не бил актуелен на сцената изминатиот период.

Како што раскажа за ,,Фокус”, водел една од најтешките бит ки во животот. Вели дека минал низ пе кол, од кој извлекол поука, дека здравјето е најважно и секогаш мора да биде приоритет.

– Поминав низ еден многу тежок и мрачен период кој траеше неколку месеци. Тоа се тешки моменти, како за самиот човек, така и за неговото најблиско опкружување и не го посакувам тоа ниту на непријателот. До сега сум имал многу битки, но битката со себе е најтешка – раскажува музичарот.

Околу актуелните случувања на естрадата, вели дека веќе е уморен да ги коментира. Според него, тешко дека може да се оди напред, посебно поради тоа што, како што раскажува, кај нас мајстор потешко може да се најде, отколку музичка ,,ѕвезда”, бидејќи сите се фаќаат за микрофонот.

-Не сакам да звучам песимистички, но тешко дека ќе не биде, не со тој професионален ментален склоп, не со тој пристап, не со тие сфаќања, не со тој морал и етика. Во Македонија сега мајстор за било што не можеш да најдеш, инаку пејачи и свирачи кои сакаат да се таканаречени ѕвезди колку сакаш“, рекол за Фокус Митев.

Инаку, Митев пред да се ожени со Славица, долги години пред тоа, беше во врска со пејачката Гонце Гогова. Потоа, откако раскинаа се појави вест дека се смириле на една турнеја во Австралија по што Митев тие вести ги демнатираше.

Тие двајца имаат снимено и заедничка песни во дует, која се вика „Голема свадба правиме“, а имаат и настапувано заедно на нашите фестивали на фолк музика.

Познатата фолк пејачка од Струмица, неговата поранешна, Гонце Гогова и борачот Игор Петков, во 2016 година ја крунисаа и пред олтар својата заедничка љубов, а потоа во ресторан се одржа и свадбената веселба.

За доброто расположение и на младоженците и на гостите се погрижија колегите на Гонце од групата „Болеро“, Сузана Гавазова, Анета, групата „Алегро“ со Санде Митев и се разбира останатите нејзини колеги.

Гонце била облечена во невестински фустан подготвен од модната креаторка Саве од Бутикот за венчаници „Ivory Bridal“ од Струмица. На сликата која неодамна Гонце ја објавила на Фејсбук, таа е во невестински фустан и ја држи третата, најмала ќерка во рацете, што значи дека свадбата се одржала кога ќерката била родена.

Гонце Гогова сега се презива Гонце Петкова и таа, како што споменавме погоре е среќно мажена. Неодамна, таа прославила 5 години брак, и на својот сакан му посакала сречна годишнина со заеднички слики од свадбата и од нивните деа и напишала:

Среќна годишнина најмил!!! Да си остариме, со слога и разбирање“, напишала Гонце до оваа слика од неа, сопругот и трите прекрсни ќеркички кои се најголем извор на нивната среќа.

Previous articleВасил Зафирчев прозборе за бракот со Калиопи и за тоа дали е вљубен сега
Next articleТолку е блиска со нив, што се смета како дел од семејството Мијалкови: Јас, со мајка ми и брат ми