Home Live Се појави досега необјавена слика од Ванчо Петрушевски со неговата сопруга Лидија,...

Се појави досега необјавена слика од Ванчо Петрушевски со неговата сопруга Лидија, четири години откако не напушти (ФОТО)

Рамче како што од милост го викаа според една негова улога, или Ваночо Петрушевски, омилениот актер на сите генерации, си замина на 25 август, во 2018 година, пред точно 4 години.

Ванчо инаку се викаше Иван, а во една прилика има раскажано кој всушност му го има дадено прекаро Ванчо. Тоа е токму негвоиот татко но и неговиот Гоце.

-Само татко ми ме викаше Ванчо. Во основно бев Иван, во гимназија Иван на факултет Иван. Арно ама, другар ми Гоце Тодоровски со кои сме од девет години другари, бидејќи татко ми ме викаше Ванче, и тој Ванче.

Кога почнавме да работиме, покрај Гоце почнаа да ме викаат Ванчо сите. И Коле Ангеловски, на некоја тезга ме запиша: Ванчо, пиши таму. Ванчо, тргна Ванчо и цела кариера ми помина во Ванчо, и со Рамче“, рече Ванчо за Сител во една прилика.

Ванчо својот пат не го почнал како актер. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа во Скопје, отсек за актерски кадри, во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент дошол до израз веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Душан Јовановиќ.

Инаку, глума студирал во Софија. Исто така, учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии итн.

Ја има добиено наградата „Димче Трајковски“ за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски. Потоа, за Најпопуларно ТВ лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година.

Награден е за за најдобро актерско остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“. Добил награда за најдобро актерско остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Душан Ковачевиќ.

Петрушевски е добитник на Државната награда 23 Октомври за остварување во областа на културата и уметноста во 2016 година.

Од „Театарче лево ќоше“, „Хихируку“, Македонските народни приказни, „Грев или шприцер“, „Солунски патрдии“, „Трст виа сСкопје“- нема филмски или театарски проект во кој го немаше Ванчи и неговата харизма.

Неговиот добар другар, легендарниот актер Гоце Тодоровски во една прилика рече дека едно нешто никогаш не може да прежали, а тоа е неговиот другар и колега Ванчо Петрушевски, кој си замина на 25 авуст во 2018 година од струен удар во неговата викендичка во скопското село Орешани.

Бидејќи бевме другари од 1962 година, заедно запишавме петто одделение, и уште од тие детски денови ние правевме скечеви разни. На родителски состаноци настапувавме со скечеви пред родителите. И така, заедно бевме 54 години. Јас на комеморацијата кажав баш дека повеќе бев со него отколку со самиот себе“, изјави Гоце.

Гоце има изјавено и дека Ванчо е најзаслужен затоа што тој станал актер. Тој студирал прва година во Софија, и заедно биле на одмор во Бугарија, и откако на Ванчо царинокот му го замал пасошот и не му го враќаче три години, тој запишал и втора година глума во Бугарија.

Ванчо исто така зборуваше дека не е лесно да се насмее народот, кажа дека тоа на него му е најтешко. „Најтешко е.

Јас сум многу популарен , познат кај народот како комичар, а всушност, во театар ги имам одиграно сите драмски улоги. Сите награди ми се за драмски улоги“, рече Ванчо и потоа зборуваше дека всушност популарноста и не е добра секогаш.

Еднаш ме ка зни еден полицаец, затоа што застанав кај еден банкомат, банкоматот не работеше. Се вратив во колата, ќерка ми ме чекаше, а тој трчаше од Буњаковец да стаса до Градежен факултет, и мафта со рацете да не смеам да тргнам.

-Што е, му велам. Не смееш да паркираш. Абе, не сум паркиран. Добро, му викам: Кога ќе се сретнеме некој пат, ќе седнеме негде и јас ќе речам: Е, овој ме к азни мене. Нема да ти биде срам?“, изјави актерот.

За Ванчо има борувано и легендарниот актер Димче Мешковски кој живее во Америка со години. „Сите по нешто бевме познати, а Ванчо, тој беше насмевката“.

На страницата на Ѓорѓи Колозов, авторот на оваа страница Горан Марковски која го почитува и го одржува делото на Колозов, но и на другите македонски легендарни актери, е објавено сеќавање на Ванчо со овие зборови, но и многу ретка, негова приватна фотографија:

-Четири години непребол по неповторливиот Ванчо, четири години од cм pттa. Ретка фотографија на денот на неговата венчавка со сопругата Лидија. Во негов спомен!

Previous articleЗорица: Господине Стевчо, поминав голгота, но овие ваши колеги ме спасија
Next articleАпасиев изненаден – распали по Пецаков од ВМРО: Мислевме дека сте различни