Home Live Се упокои Невена „Мањифико“, мајката на Тања и на Лидија Кочовски –...

Се упокои Невена „Мањифико“, мајката на Тања и на Лидија Кочовски – ова не можела да си го прости до самиот крај на животот

Деенска во Скопје, по долго боледување се упокои Невена Кочовскја, легендарната пејачка на групата „Мањифико“, која го прошета целиот свет и пееше пред видни личности од политиката.

Невена беше сопруга на Панче Кочовски, со кој заедно пееше во овој ансамбл кој настапуваше исклучиво со мексикански песни, а мајка на познатата пејачка Лидија Кочовска и познатата актерка и пејачка Тања Кочовска.

Сестрите Лидија и Тања Кочовски, поминува тежок период, исполнет со тага и болка, но и голема борба.

Нивната мајка Невена боледуваше од Алцхајмер, болест која се манифестира со намалување на дневните активности и когнитивните способности, односно моќ на спознавање.

-Мајка ми често ги разгледува семејните албуми. Се сеќава на одредени ликови. Ги бара своите браќа и сестри, кои се починати и плаче по нив. Понекогаш не го препознава татко ми и прашува каде е Панче, иако претходно правеле нормален муабет.

Но, мајчинскиот инстикт кај неа е многу голем и во ваква состојба. Се случува да не ги памти нашите имиња, но никогаш не заборава дека јас и Тања сме нејзини ќерки“, откривла Лидија во Женски магазин.

Невена до самиот крај не ги заборавила текстовите кои ги пеела со „Мањифико“, и Лидија знаеше да објави снимка како пее со свијата мајка. Иако ги заборавала имињата и луѓето, песните ги паметела секогаш.

Во мај во 2020 година, Тања на Фејсбук објави дека нејзината мајка исчезнала и ги замоли сите кои имаат информации да се јават на семејството и да помогнат да се најде.

-Ова е мајка ми Невенка Кочовска, која боледува од Алцхај мерова болест и од дома е излезе во 9,30 часот и уште не е вратена.

Пред два часа е видена кај Фонтана во Градски парк. Ако ја видете или добиете некаква информација, пишете ми во инбокс или јавете се на бројот…, напиша Тања Кочовска.

Потоа, Невена беше најдена, и ќерките посветено се грижеа за не до самиот крај. Во една прилика, во Женски магазин, Тања има зборувано за својата мајка и татко и за тоа како ја доживувала нивната популарност.

– Нормално ја доживував нивната популарност. Така и ме учеа како мала-како што има луѓе што работат на шалтер во банка, продавница, фирма, така и нивната работа е пеењето-сцената.

Во професијата никогаш ништо не ми било чудно, зашто уште од мала сум се дружела со познати пејачи, глумци кои ни доаѓале и дома.

Значи од мала го живеам тој живот-живот на познати родители. Сите „детски болести“ околу популарноста и професијата ги прележав како многу мала.

Со години бев Тања Мањифико, така ме викаа сите знаејќи чие дете сум, но тоа ме остави приземна и можеби и затоа публиката ја сака мојата искреност.

Најдраги спомени? Ги има илјадници. Кога со часови вежбаа во дневната соба, а и јас со часови ги слушав и затоа ги знаев сите песни.

Кога одев на патување во земјите каде што имаа концерти со мојата тетка (најстарата сестра на мајка ми) со која живеев седум години.

Кога ме носеа на најразноразни фестивали (пример Скопскиот фестивал). Кога во тоа време ми ги испраќаа најубавите подароци од странство, кола на педали и кога ги качив сите мои другари и другарки, веднаш ја искршивме.

Кога летно време „живеевме“ во изнајмена куќа на Хрватското приморје и уште многу други спомени“.

Ова го изјавила Тања, а во една прилика изјавила дека нејзината мајка не може да си прости што морала да ја остави да живее со тетка и затоа што таа со „Мањифико“ била на турнеја, а со неа бил и нејзиниот татко.

Previous articleКекеновски: Зошто немаме и нема да имаме саглам држава
Next articleЦрвената е нејзината боја, тесниот фустан и карминот во тон- Анета Наковска изненади (ФОТО)