Home Live Црвената е нејзината боја, тесниот фустан и карминот во тон- Анета Наковска...

Црвената е нејзината боја, тесниот фустан и карминот во тон- Анета Наковска изненади (ФОТО)

Во октомври месец, фолк пејачката Анета НАковска ќе прослави седум години брак со својот Спире кој е нашинец од Америка. Иако се омажи во 2015 година, дури во 2018 година одлучи фановите да ги почести со фотографии од венчавката.

– Денес е посебен ден, па ете мажу мој убав од сѐ срце ќе посакам Господ да не нѐ раздели, да останеме заедно во оваа љубов, хармонија и брачна среќа којашто ја имам.

Ти благодарам што ме правиш толку среќна и што си токму таков, посебен и прекрасен – напиша познатата пејачка на социјалните мрежи.

Наковска со нејзиниот партнер, бизнисменот Спиро Крлевски, веќе неколку години живее на релација Македонија-САД. Кога не се во Скопје, најчесто уживаат во семејниот дом во охридско Велгошти.

Во една прилика откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел, објави Женски магазин во една прилика.

Кога учествуваше во шоуто Големиот брат, Анета Наковска во интервју за весникот Вечер си ја отвори душата и кажа како си поминала во куќата на Големиот брат.

Анета за весникот Вечер тогаш кажа дека е среќна што останала до самото финале на шоуто и дека за неа ова е едно многу важно животно искуство и нешто што не би можела да го искуси на друго место.

Во врска со шпекулациите дека Анета потпишала договор пред да влезе во шоуто да не зборува на Македонски јазик, таа тогаш изјави дека тоа не е вистина.

– Не, прв пат слушам за такво нешто. Не знам дали тоа било објавено, но јас им се извинив на сите мои Македонци дека не можам да зборувам македонски затоа што не ме разбираа.

Наковска е првата македонска пејчка која призна дека ставила силикони, и се има фотографирано за весник во времето кога тоа го раскажа.

Во 2013 година, порталот popara.mk објави дека Анета Наковска ги извадила силиконите од гра дите, а причините биле здравствени. Таа, како што изјавила за малку ќе ум рела поради нив.

Анета патувала на турнеја во Австралија, а летот малку фалело да заврши тр агично, токму поради силиконите..

Силиконот од едната страна пукнал после силна турболенција. Новите гради немале ни три месеци, а морала да ги извади.

Аната е првата јавна личност во Македонија што призна дека има силикони.

После сето тоа што и се случило сигурно се покајала што воопшто ги ставила“, напиша Попара тогаш.

Наковска се омажи за македонскиот Американец Спиро за кој раскажа дека за прв пат ја бакнал во авион и многу брзо откакко се запознале ја побарал за жена. Во една прилика, пејачката објави слики на Фејсбук на кои напиша:

Добро утро Македонијо, да е утро благословено.

Усните на Наковска доаѓаат до израз на овие две фотографии на кои се гледа дека има користено и филтри, но и на двете одлично изгледа. Наковска досега ги нема искоментирано своите полни усни ниту тоа дали има ставено филери.

Анета на Фејсбук објавила слики каде што е во црвен фустан и со нагласени усни со црвен кармин кои се во тон со мини фустанот.

Анета изгледа доста помлада во овој тесен црвен фустан со кој уште еднаш ги истакна своите облини и пријатно изненади.

Previous articleСе упокои Невена „Мањифико“, мајката на Тања и на Лидија Кочовски – ова не можела да си го прости до самиот крај на животот
Next articleЕве како денес изгледа згодната Јагодинка Симоновиќ од „Варљиво лето“- Меси сине меси!