Home Live Васил Зафирчев прозборе за бракот со Калиопи и за тоа дали е...

Васил Зафирчев прозборе за бракот со Калиопи и за тоа дали е вљубен сега

Нашиот познат и популарен актер Васил Зафирчев, улогата на Марио во серијата „Преспав“ го прави омилен кај сите генерации. Но Васил Зафирчев не е само лажниот готвач и будист, другарот на Јелена од Драчево и партнерот на Тони.

Во едно интервју за Женски магазин, актерот зборува за тетарските улоги на кои е најгорд, за најголемата тинејџерска беља коja ja направил, и за многу нешта од својот живот.

– Четвртата декада од животот означува полна животна зрелост и носи значајна промена, особено во внатрешното чувствување, доживување и разбирање на светот и животот воопшто.

Фаза во која нема сомнежи и неодговорени прашања, туку јасно спознание за суштината и значењето, за мисијата, но и за вистинските можности“, рекол Зафирчев. Потоа, тој кажал какво детство имал во Велес.

-Имав убаво, спокојно и безгрижно детство во родниот Велес, кој во тоа време беше еден од најуспешните и најпросперитетните индустриски развиени градови во тогашна Југославија.

Наследив добро домашно воспитување од родителите и семејството и смерници за вистинските вредности во животот.

Во најубаво сеќавање ги имам бескрајните детски игри низ велешките маала, во Дворови, на Мегдан или Црна Џамија, возбудливите авантури на Вршник и Костурница, возењето со велосипед до Езерото Младост.

Пливањето на Вардар или пак по вировите на Бабуна и Тополка, дружењата со врсниците од другите градови низ детските летувалишта и зимувалишта во Македонија, како и долгите летни одмори со родителите на Јадранот на кои запознав пријатели од цела Европа, а со дел од нив и денес одржувам комуникација.

Ретко се лутам и не умеам да држам лутина. Конфликтите и недоразбирањата настојувам да ги решавам по мирен пат, низ отворен разговор и искрена комуникација. Сакам дружби во кафеани, иако заради ангажманите ретко имам прилика да уживам во тоа.

Со убаво друштво знам и да се напијам чашка повеќе, да заиграм и да запеам. Ги сакам и адреналнските авантури, но ги избегнувам заради професијата и опасноста од физички повреди“, изјавил Зафирчев.

-Преку родниот град човек постојано се препознава и запознава себе си. Тој однос е животен и непрекинлив. При секое заминување родниот град го носите во себе си. Никогаш не можете да го напуштите, зошто тоа значи да се напуштите себе си.

Тој секогаш ќе живее длабоко во вас. Како вечен потсетник за тоа кој сте, од каде сте, каде сте сакале да одите и каде впрочем сте стигнале на тој пат“, има изјавено Зафирчев за Фепнел.

-Театарот за мене е живот. И театарот треба да се занимава со животот. Со неговата уметничка промисла на сцената“, рекол Зафирчев за Елементал, а потоа го споменал и танцот.

-Уште за време на студиите, освен актерската игра, низ различни работилници и мастер-класови изучував повеќе современи и традиционални танцови техники. А танц-театарот практично го истражувам.

Неговите принципи, а особено неговата естетика биле инспирација за повеќе мои авторски проекти, кои на театарската сцена кај нас ги промовирале и ги афирмирале токму неговите методолошки начела и естетички вредности.

Младоста, ми беше отворена, храбра, луда и непредвидлива, но со правилни избори и соодветни можности низ кои сè повеќе се откривав себеси. Немав идоли. И никогаш не сум сонувал за победи. Никогаш не сум се натпреварувал со никого. Освен со себе. Но, не за да се победам, туку за да се запознам подобро.

Најважна е вербата во себе. И желбата за учење, за откривање нови светови, поинакви искуства. А потоа и размена на тие искуства со другите и споделување на доживувањата врзани за нив. Животот секогаш нè подготвува за промените, иако доаѓаат навидум ненајавено.

Најчесто се случуваат како последица на настани и луѓе, некои добри, некои лоши, но и едните и другите со иста цел.

Да нè променат. И да нè поттикнат на лично растење. На развој“, рекол тој во истиот медиум.

Во Женски магазин пак во една прилика го имаат прашано: Дали си во моментов емотивно исполнет и вљубен? „Секогаш сум емотивно исполнет и вљубен. Вљубен во луѓе, настани и нешта. Во животот и неговата убавина. Во пространствата кои допрва треба да се откриваат.“

Исто така, тој прозборе за бракот со Калиопи, нашата позната дива со кохја беше во брак неколку години, а и сега убаво си се дружат и комуницираат како пријатели. Но, Зафирчев даде мислење и за љубовта воопшто.

-Секогаш сум емотивно исполнет и вљубен. Вљубен во луѓе, настани и нешта. Во животот и неговата убавина. Во пространствата кои допрва треба да се откриваат.

Со Калиопи отсекогаш сме биле пред сè добри пријатели. И секогаш не врзувал искрен однос и меѓусебно почитување. Таа ми е една од најблиските во животот. Се гледаме онолку колку што ни дозволуваат професионалните ангажмани, отсуства и патувања.

Но секогаш се радуваме на можноста за заедничка средба или дружење, на кои покрај разговорот, уживаме во готвењето и убавата храна. Од неа научив дека животот е вечна сегашност.

Едно големо овде и едно, долго, долго сега. Токму затоа со неа сме секогаш сега и овде еден за друг. Искреноста, талентот и алтруизмот ме фасцинираат кај неа“, рекол Зафирчев.

-Секој човек има свој пат. Јас сум непоправлив романтичар. Преку разводот е тешко да помине, онолку колку што сте спремни да поднесете. Моите поранешни сопружници денес се мои најдобри пријатели. Веројатно успеавме во тоа, бидејќи сите сме паметни луѓе, рекла Калиопи за поранешните сопружници за порталот „Аска“.

Previous articleГрешка е во прашање, на доктор или сестра – Саша и Дејан Матиќ гледале кога се родиле
Next articleПрво го сакаше овој наш многу фолк познат пејач, а сега е среќна со сопругот и има три деца- нашата фолкерка се омажи кога стана мајка по трет пат