Home Live Водителката Милена раскажа на кое место го запознала сопругот Гордан и како...

Водителката Милена раскажа на кое место го запознала сопругот Гордан и како го ќарила

За познатата ТВ-водителка Милена Антовска Станковска 2022 година почна на најубав начин. Милена на големиот празник Василица го доби најубавиот подарок. Водителката стана мајка по вторпат, на свет ја донесе ќерката Јоана.

Меѓу другото, интересно е тоа што Милена имаше две причини за славење – на Василица ја роди Јоана, а само ден претходно, убавата водителка го прослави својот 35-ти роденден.

Милена ексклузивно за „Слободен печат“ сподели и еден непријатен период, иако краток, со кој се соочила при породувањето. Водителката се породи во ковид-центарот на Клиниката за гинекологија и акушерство Скопје.

Никогаш не сум добила поубав подарок за роденден и тврдам дека нема никогаш да добијам. За малку мислев дека ќе се породам токму на мојот роденден, на 13 јануари, на Василица или Стара нова година.

Но, ете Јоана сакаше да почека уште еден ден, односно да си има свој ден и да се роди на празник, на Свети Василиј односно на Василица, за да не биде „покусо“ од сестра ѝ Лана Марија којашто е родена на 28 август на празникот Голема Богородица.

Ете, Јоана сакаше да си се роди на свој ден, на свој празник. Инаку, роденденот не го почувствував, не ни мислев на мојот роденден, бидејќи токму тој ден бев двапати на преглед, лекарите сакаа да ме видат, односно мојот лекар, д-р Јосиф Ѓоревски, кој ме породи и првиот пат со Лана Марија и вториот пат со Јоана, сакаше да бидам таму во близина, бидејќи се очекуваше секој момент да се породам.

Да, ова што ќе го споделам сега со вас, всушност не го споделив со никој, го знаеја само моите најблиски. Искрено, не ни планирав да го споделам во јавност, затоа што сметав дека нема некоја посебна потреба.

Но, ете вие како вистински професионалци од сосема друга страна сте дознале дека се породив на ГАК, но на одделот каде што лежат пациентки позитивни на ковид-19.

За жал, по вторпат прележав ковид, но за среќа, со многу лесни симптоми, или можам да кажам дека вториот пат без никакви симптоми, затоа што јас сосема случајно дознав дека сум позитивна на ко вид.

Бидејќи јас и сопругот имавме некој контакт со личност позитивна на коронавирус сосема случајно, одлучивме да се тестираме, јас се тестирав затоа што бев бремена и не сакав да оставам на случајност и не дај Боже нешто да се искомплицира.

Сакав да бидам сигурна и да знам дали сум позитивна или не на ко вид“,, рекла Милена.

Во Женски магазин, таа има сборувано за троа како секогаш изгледа убаво и средено и како се негува.

Негата за моето лице почнува уште од самото будење. Покрај миењето со вода -употребувам и мицерална вода од Eucerin, па потоа нанесувам крема и шминкам за емисија. Пред спиење шминката ја бришам исто така со водата од Eucerin и нанесувам гел за подочници и ноќна крема.

Во мојот несесер секогаш носам кармин и сјај, камена пудра заради рефлекторите во студио, маскара и туш за очи. Секогаш сакам да ги истакнам очите, но тоа најдобро знае да го направи мејк ап артистот Хиба Арслани, неа најмногу и верувам и целосно и се препуштам кога станува збор за шминкањето.

Со оглед на мојата професија и секојдневното шминкање потребно е да посетувам козметички салони и тоа го правам прилично често, затоа што на мојата кожа навистина и треба нега.

Линијата ја одржувам со тоа што внимавам што и кога јадам. Не јадам доцна навечер, јадам почесто ама во мали количини. Сега моментално не вежбам бидејќи сум преокупирана со новата емисија и семејството, но планирам во брзо време да почнам со физичка активност.

Инаку пијам многу вода и јадам многу овошје.

Тоа е мојата формула за витка линија“, кажала Милена. Искрена како и секогаш, Милена за порталлот Еспресо во една прилика се присети како се запознала со својот сопруг.

– Гордан го запознав пред нешто повеќе од пет години во една кафана. Односно тогаш првпат се видовме и од таа вечер па натака почнавме со комуникација.

Социјалните мрежи помогнаа многу како и секогаш. Брзо после тоа започнавме врска. Паметам дека второто наше гледање беше во дискотека – вели Антовска, која од бракот со Гордан имаат две ќерки.

Previous articleДимитар: Требаше да патувам со воз до Велес, кондуктерите ми рекоја: Во МЖ нема да се возат кучиња
Next articleЕдна година без омилениот Шоиќ- еве што зборуваше Лане Гутовиќ за заминувањето од овде