Home News Зорица: Господине Стевчо, поминав голгота, но овие ваши колеги ме спасија

Зорица: Господине Стевчо, поминав голгота, но овие ваши колеги ме спасија

Општина Карпош, на својата официјална страна на социјалните мрежи, редовно известува за случувањата во општината.

Вчера тие информираа дека градоначалникот Стевчо Јакимовски ги примил претставниците на АКУД Мирче Ацев кои се домаќини на традиционалниот Меѓународен студентски фолклорен фестивал, што годинава по 43 пат се организира во чест на сите оние кои помогнаа во обновувањето на град Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Заедно со претставниците на ансамблот Мирче Ацев во посета на општина Карпош беа и играорци од културно уметнички друштва од Србија, Словачка и Полска, кои учествуваат на фестивалот.

Директорот на фестивалот Благоја Јовановски му се заблагодари на градоначалникот за традиционалната поддршка која општината ја дава на овој фестивал.

Градоначалникот Јакимовски ги поздрави организаторите и гостите, и изрази надеж дека фестивалот ќе биде уште помасовен во наредните години.

Фестивалот на солидарноста, како што уште го нарекуваат, годинава се одржува од 22 до 26 август на повеќе локации во Скопје.

Денес, од општина Карпош, информираат за своевидно херојско дело на нивни вработени!

-Нашите колеги Сеат Чаколи, Самет Голич, Камуран Сулејманов ќе бидат предложени за награда поради нивната денешна храбра и пред се’, човечка реакција со која спречиле кражба на велосипеди која сторителот ја извршил пред очите на мајка со две малолетни деца.

Мајката на децата, госпоѓата Зорица Димитриевска, замоли нејзината благодарност до вработените која ја испрати и лично до градоначалникот Јакимовски, да биде јавно објавена:

„Господине Јакимовски, Лично сакав да ве известам за голготата што ја поминав со децата пред еден час за кој полицијата беше известена и за херојството на овие тројца луѓе, ваши вработени со кои верувајте треба да се гордеете.

1. Сеат Чаколи

2. Самет Голич

3. Камуран Сулејманов

Не само што ме спасија од крадецот, туку и децата ми ги смируваа и борбено со нивните скутери ми ги спасија и одземаа точаците од крадецот.

Јас како самохрана мајка и ваш гласач на Општина Карпош барам да се удостојат овие поштени луѓе за мене херои, кои ништо друго не сакаа освен зборчето „ФАЛА“.

Душава ми плаче колку среќата се гледаше во нивните очи што направија хумано дело, колку скромност во нивните очи, а очите на моите деца солзи радосници.

Ве молам направете добро дело, помогнете им на овие добри луѓе!“

Previous articleЕве како денес изгледа згодната Јагодинка Симоновиќ од „Варљиво лето“- Меси сине меси!
Next articleСе појави досега необјавена слика од Ванчо Петрушевски со неговата сопруга Лидија, четири години откако не напушти (ФОТО)