Home Live Дејан покажа каква дупка направило невремето среде една од најпознатите плажи на...

Дејан покажа каква дупка направило невремето среде една од најпознатите плажи на Халкидики- плажата е доста оштетена (ФОТО)

Една од поновите објави во познатата група Live from Greece ги вознемири оние кои ја следат оваа група, откако Виолета од Србија објави колку лошо си поминала во Платамано, во областа Пиериа во Грција.

– Поздрав до сите. Поминавме 5 многу непријатни денови во „Olympion Melathron Villas“, Платамон во бунгалов. Имавме мравки на мебелот, како и во креветите.

Постелнината како да не беше сменета од претходните гости кога влеговме во собата. Останаа некои работи од гостите, кои беа пред нас. Добивме само крпи за две лица, и покрај тоашто бевме четворица.

Кога им кажавме дека имаме мравки и дека постелнината не е сменета, тие само испрскаа от ров од мравки пред нас, а ние не добивме друга соба.

Моравме да спиеме во таа соба дури и ако јас и ќерка ми имаме астма. Спиевме на крпи, бидејќи чаршафите првпат се сменија на 4-тиот ден…

Значи, никогаш не сме имале погрдо искуство во Грција. Многу тажно. Во бањата немаше завеса, па моравме сами да ја собереме водата од подот и да ја исчистиме. Никогаш не би го препорачала овој хотел на никого…“, стои во објавата.

– Искрено, изненаден сум што станот беше толку валкан… Претстојувавме кај нив 2018, 2019 и 2021… секогаш спомнуваа чистота, дружељубивост и храна… но во 2021 година веќе забележавме дека нема инвестиција во бунгаловите воопшто и тоа навистина ни пречеше.

Никогаш не било вака, пристојно беше за парите што ги плативме… 2018-700€, 2019-750€ и 2021-800€ полупансион за жена ми, ќерка ми и мене.

Оваа година, штом одговорот на мејлот за цената оваа година започна со „Господин Бранко, се е качено…цените на храната…“ Знаев што следува…

Ни бараа 110 € дневно за полупансион за тројцата, што според мене искрено не вреди… Ова не се вили туку поранешни бунгалови од хотелот до нив, Platamon Resort…

Изгледа оваа година ја завршија зградата до хотелот, која со години беше недовршена, па таму им отишле парите, што секако не е изговор за неинвестирање во други згради…“, стои во еден коментар под оваа објава.

Крајот на септември дефинитивно е најповолен за одмор во Грција, а за среќа морето е доволно топло за капење.

Меѓутоа, доколку барате најевтини опции, треба да се откажете од луксузните апартмани и чартер летовите, како и да се фокусирате на одредени места кои се сметаат за поевтини.

– Факт е дека во секоја од дестинациите може да се најде сместување по многу ниски цени за целото семејство, но најчесто таквите капацитети се доста далеку од морето или не нудат многу содржини како некое луксузно сместување.

Значителна разлика во цените можете да забележите и кога станува збор за места кои имаат добра репутација во споредба со оние кои се помалку познати и со помал туристички развој, но тоа не мора секогаш да биде така.

Огромен број фактори играат улога во формирањето на цените, затоа на една дестинација може да се види широк опсег и варијации на цените…

Општ пресек покажува дека најниските цени за сместување се на Евија, Атос, во околината на Солун, а потоа и Ставрос и сите градови од Олимписките региони – пренесува порталот Грција инфо.

Овие локации се атрактивни, а за комплетен аранжман можете да поминете со помалку од 100 евра.

Олимпик би, 10 ноќевања, од 21 септември за 32 евра по лице – звучи речиси нереално достапно, а ако сакате и автобуски превоз, истиот аранжман е околку 65.

Паралија е во тој период и за 10 ноќевања од 39 евра односно 73 со превоз и може да се плати и на рати. Аргус ги брои последните места за олимпискиот регион, а цените во септември се од 89 евра за 10 ноќевања во апартмани и превоз.

Неос Мармарас, најпознатото летувалиште во Ситонија, на вториот крак на Халкидики, е една од хит понудите на Вива травел – за септември има аранжман за 45 евра по лице, но со сопствен превоз, само шест дена ( пет ноќевања), а за 79 евра по лице.

Грција деновиве беше зафатена од силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд а регистрирани се и 50.000 удари на громови, објави Прес 24.

Солун, Атина, Халкидики, Тасос и некои од другите острови се соочија со силни дождови и ветрови, а како последица улиците се поплавени и уништени се објекти и плажи, но засега нема информација за повредени. На поголем дел од местата, ситуацијата со времето е веќе смирена.

– Ханиоти вечерва: нов дожд, ветер и грмежи! До кога веќе?! Денеска беше пристојно време – облачно, но без дожд, мирно. Многу луѓе пливаат на плажите, шеталиштата и градот се преполни со луѓе кои сакаат да излезат од своите куќи.

Прогнозата вели дека вака ќе биде цела ноќ до утре во 11 часот, а потоа конечно сонце. Можеме ли веќе да и веруваме на прогнозата?“, напишала Јасмина од србија во групата „Live from Greece“.

Во истата група, се споделуваа доста слики од плажите во Грција, а една сподели Дејан, и тоа од плажата Каламици во Ситонија, на Хаклидики. Она што го споделил корисникот на групата од Србија воопшто не е пријатно.

-Плажата во Каламици, ден потоа, песокот направил брегови во морето, речиси е оштетена“. На сликата се гледа колку лошо изгледа оваа плажа, а која инаку според критиките на интернет важи за една од најубавите.

Previous articleМаја Саздановска искрено кажа како сама ја раснела ќерката откако сопругот се упокоил кога таа била бебе, и кажа дали е спремна за нов партнер
Next articleЛила сама го израсна синот Филип и како другари се- ова е името на неговиот татко чија приказна е енигма за јавноста