Home Live И на одмор во Грција може да се да се прави зимница...

И на одмор во Грција може да се да се прави зимница со пипер, и тоа се случи на островот Тасос (ФОТО)

Во последните години Грција бележи повисока стапка на раст на цените, речиси највисока во последните две децении, а порастот се однесува и на цените на храната, па на одмор мора да се тргне со полн паричник.

На пример, гирото за носење се продава по цена од 4 евра, а сервирано во чинија достигнува и до 7 евра, пишува „Телеграф Бизнис“.

Аперол шприц на плажа се служи за 8,5 евра, додека шолја „фредо капучино“ чини 5 евра. Пивото е 4,5 евра додека цените на печивата останаа во голема мера исти.

Во Грција и горивото поскапе, но сепак на некои бензински пумпи е поевтино отколку во другите земји во регионот. Статистичките податоци покажуваат дека поскапеле овошјето, зеленчукот, маслото, мастите, лебот, месните производи, пренесе Република.

Грција е популарна дестинација за летување, па затоа, една анализа на цените за лежалки и чадори во земјата на веб-страницата „Грчка инфо“ би можела да биде корисна за многумина.

Анализата била направена со помош на информации од туристи и членови на група на „Фејсбук“ кои минатата или оваа година летувале во Грција.

Халкидики е дел каде има многу плажи каде не се плаќа за лежалка и чадор доколку купите пијалок, но има исклучоци.

Така, во Неа Флогита се добива комплет од 3 лежалки, чадор, маса и столици со порачка на кој било пијалок од 3 евра, но не може да ја напуштите плажата и потоа пак да се вратите.

Во Ипанема, 2 лежалки чинат 15 евра, а во Неа Потидеа некои сместувања вклучуваат користење чадори и лежалки. Во Ханиоти цените се разнолики, но најчесто се плаќа од 8 до 10 евра за 2 лежалки и чадор, додека пијалаците се плаќаат одвоено. Има и поскапи опции.

Во Пефкохори, комплет чини од 8 до 10 евра, но има места каде комплетот е гратис со пијалокот. На некои популарни плажи околу Пефкохори се плаќа влез од 15 до 20 евра по лице.

Во Афитос, за 10 евра се добиваат 2 лежалки, чадор и пијалок. Во Палиури, две лежалки чинат 8 евра, а пијалокот се плаќа одвоено“, објави Факултети.

Туристите проценуваат дека околу 80 отсто од плажите на Тасос даваат бесплатни лежалки за користење со порачан пијалак.

Во Нотос, лежалки без пијалок чинат од 5 до 10 евра, а на Мермерната Плажа комплет лежалки чинат 20 евра, но со тоа се добиваат 2 пијалоци.

Некои туристи забележале поскапувања во однос на претходната година, па на плажа во Ханиоти комплет од лежалки и чадор поскапел од 7 на 12 евра. Во Полихроно, за 5 евра се добива пијалок и лежалка, а има места и каде лежалките се бесплатни ако купите пијалок.

Милан Рачиќ штотуку се вратил од Грција а за „Ало.рс“ вели дека продавниците таму се преполни. Потврди дека цените се малку повисоки од лани, дека се поскапело во просек за евро, евро и пол, но дека сепак е прифатлива дестинација за одмор.

Оние кои сакаат да седат во ресторан ќе платат седум евра за гиро, но гирото и сувлакито се по 2,7 евра во киосците за брза храна.

– Ако некој мисли на тоа дека ќе плати гиро за евро пред повеќе од две-три години, нека не оди ни во Грција – вели Милан и додава дека треба да се жртвува нешто за одмор и уживање.

Лебот во некои продавници чини 2,5 евра, но за помалку пари се наоѓа, се е прашање на избор, вели Милан и додава дека продавниците се полни, ништо не фали.

Според порталот biznis.telegraf.rs, статистичките податоци покажуваат дека во Грција поскапеле овошјето, зеленчукот, маслото, мастите, лебот и месните производи.

Доколку планирате патување во Грција, можете да добиете многу корисни информации на Фејсбук групите Live from Greece и Grčka.info, страници кои ги собираат граѓани кои летуваат во таа земја, имаат недвижен имот таму или едноставно сакаат да читаат информации за Грција.

Еден од корисниците забележал дека сместувањето годинава е речиси двојно поскапо, но Владана Б., што би рекле од прва рака, пријавила дека во вторникот пристигнале во Солун, дека на граница нема гужва, никој не ги прашал за потврда и тоа гиро чинело колку лани.

„Ја сакам Грција, и нека е скапа, не одам само за гиро“, напиша еден од членовите на групата на Фејсбук, а оние на кои им се допаѓа оваа дестинација се согласуваат дека тие што имаат пари одат на одмор и дека ако треба да се плати некое евро повеќе тоа нема да може да им го расипе одморот.

Еден од корисниците забележал дека сместувањето годинава е речиси двојно поскапо, но Владана Б., што би рекле од прва рака, пријавила дека во вторникот пристигнале во Солу

Во групата Live from Greece се појави шеговита слика и објава која ја постирал Небојша од Србија, кој летува на островот Тасос. Тој објавил слика како пржи пипер и напишал:

-Кој вели дека во Грција не може да се подготви зимски зимница. Смедеревацот (ќумбето) не ги исполни очекивањата, (не е водоотпорен, нема да врне), па мораше да биде во тавчето, бавно е, ама иде некако!(p.s.: овој пост е од хумористично-сатиричен карактер, не е наменет за нервирање и длабоко размислување.

Previous articleВнукот на Тоше, Кристијан вљубен во Хрватица, ова е убавата Маринела која му го освои срцето (ФОТО)
Next articleСите тажни судбини на актерите од „Жикина династија“, само еден од нив е денес жив