Home Live Им одржа лекција на младите како треба да се изгледа на плажа,...

Им одржа лекција на младите како треба да се изгледа на плажа, Светлана Црнокрак како да не старее (ФОТО)

Таа е една од најзначајните манекенки кои оставија огромен белег на македонската модна сцена. По многу години успешна кариера, Светлана Црнокрак денеска е исполнета и успешна во она што го работи, посветена мајка и сопруга, и жена на која како се да и оди од рака.

Ужива во подучувањето на младите модели кои се дел од модното студио Црнокрак, го надградува своето образование и сето внимание им го посветува на своите две ќерки и сопругот Мики.

За Фешнел, таа вели дека не и недостасува активното манекенство, но со задоволство би се вратила на некоја ревија или фотосесија.

-Модното студио Црнокрак два пати во годината организира курсеви за манекенки и фотомодели. Во моментов се случуваат последните со кои ќе ја заокружиме оваа година. Ги водиме курсевите заедно со Мики, тој ги води машките, а јас женските модели.

Кога имам слободно време, секогаш гледам да го поминам со моето семејство, да се прошетам со децата и со Мики и секако, да повежбам малку.

Најмногу ме исполнува средбата со семејството, кога на крајот на денот ќе се собереме сите дома. Најубаво е кога ќе седнеме сите дома и ќе си раскажеме што се ни се случило во текот на денот. Сите нервози што ми се случиле во текот на денот исчезнуваат кога ќерките ќе почнат да не забавуваат по дома.

Првенствено, од страна на приватниот живот, јас сум среќно мажена жена со големо разбирање од мојот сопруг, имаме две дечиња и тие ми се секако на прво место. Во однос на мојата кариера, се чувствувам целосно исполнета, со сето она што сега ми се случува, а секако и со она што досега го имам постигнато како модел кој својата кариера ја започна уште на 18 годишна возраст“, рекла за Фешнел Светлана.

Можеби многумина не знаат, но јас завршив средно медицинско училиште и по професија сум акушерка и тоа ми е една неостварена желба што не значи дека нема да се оствари.

-Јас секогаш си велам дека има време, сега сум се уште во модата, но сакам да го работам тоа, бидејќи ги сакам бебињата и децата и тие навистина ме исполнуваат.

Јас секогаш велам дека секоја жена треба да се почитува и да се цени пред се себеси. Доколку тоа го нема, се друго е неуспешно во животот. Успешната жена не треба да биде само успешна во кариерата, туку и во семејеството и на сите полиња што ја окружуваат.

Доколку жената е среќна и е исполнета во она што го работи, мислам дека успесите сами си доаѓаат. Нормално, добрата организираност и поддршката од семејството е секако многу потребна.

Јас секогаш сум повеќе по елегантните парчиња. Јас веќе седум години сум заштитно лице на Астибо и мислам дека повеќе се пронаоѓам во некои такви варијанти. Преку ден сакам да бидам опуштена и да носам лежерни парчиња, но за вечерните комбинации сакам поелегантни варијанти.

Ќе кажам дека најубаво се чувствувам кога сум во фармерки, но сепак мојот стил е поелегантен. Ги сакам оние вечерни настани каде што се оди со гламурозна шминка, раскошни тоалети и слично. Едноставно обожавам кога одиме на такви настани“, додала таа.

– За разлика од времето кога ние работевме, сега има многу предности. Во тоа време ние сами се снаоѓавме, односно немаше модни агенции што ни посредуваат. Ние токму поради тоа ја отворивме и нашата модна агенција, за да им помогнеме на помладите од светот на модата.

Сега ги има сите тие работи, но повеќе има непрофесионалност во однос на младите модели. Не зборувам за сите, но некои од нив можеби сега не си ја сфаќаат работата сериозно. Порано се знаеше, бевме 10 манекенки кои можеа да се избројат на прсти и функциониравме беспрекорно.

Ја шетавме цела Југославија, секој викенд имавме модни ревии. Се сеќавам дека работевме со Марио Липша и тој само ќе се јавеше и ќе ни кажеше каде и во колку часот имаме модна ревија и тука не смееше да има никакво откажување.

Сега, малку се неодговорни младите, можеби такво е времето и тоа не само во модата, туку и во сите други бранши. Сите сакаат да работат надвор, но таму не се работи вака. Таму ти даваат мапа и ти кажуваат дека во седум часот треба да си на кастинг во таа и таа агенција и сам се снаоѓаш.

Таму се многу ригорозни и можеби затоа имаме мал број на наши девојки кои успеале надвор. Прво, затоа што се несигурни во себе, второ поради непрофесионалност, токму ние имавме случај со наши девојки кои поради тоа беа вратени назад, за жал.

Исто така на девојките големо влијание имаат момчињата, пријателите, миленичињата… Малку се поопуштени и не можат да сфатат дека ова е професија. Јас се надевам дека сите ќе ја сфатат работата посериозно“, изјавила Светлана.

На својата нова слика која ја објавила од плажа, Светлана Црнокрак изгледа топ, како и секогаш. Но со држењето и со стилот, таа им одржала и лекција на младите како треба да изгледа на плажа.

Бела кошула, бел готен дел, син долен, наочари, накит кој не е нападен и сликана покрај јахти, оваа слика е вистинска разгледница, а Црнокрак вистинска дама со стил на неа, секоја чест!

Previous articleЛила сама го израсна синот Филип и како другари се- ова е името на неговиот татко чија приказна е енигма за јавноста
Next articleМинистерката Бисера синоќа во Cтруга, во бел комплет и со цитат од Фрост: Зборувам со кнедла во грлото (ФОТО)