Home Live Марко го започна своето десеттото и најголемо препливување, Охрид – Струга –...

Марко го започна своето десеттото и најголемо препливување, Охрид – Струга – Св.Наум – Охрид 64 километри – тој се помоли пред големиот предизвик

Марко Пејчиноски стана познат во јавноста откако како 12-годишно момче за прв пат го преплива Охридското Езеро во 2018 година, со нек роза на ногата.

-Моја прва љубов беше фудбалот, но поради проблемите кои ми се случија со ногата, реков да пливам, тоа ми беше единствен спорт со кој можам да се занимавам. Почнав со тренинзи.

Потоа вежбав за малиот Илинденски маратон. Го препливав и потоа беше средниот на 10 километри и големиот од Свети Наум до Охрид.

Му реков на татко ми за оваа година 2018-та да го пливам средниот маратон, но тој ми рече дека е брзинска трка, а јас немам доволно кондиција, па ми рече да го препливам езерото.

Прво помислив дека е шега, но по долго договарање одлучивме да започнам со подготовки. Во периодот од октомври до јуни тренирав во базенот на хотелот „Тино“, а потоа на градскиот базен и во езеро.

На почетокот, бидејќи водата беше ладна и нечиста и тогаш помислив да се откажам. Но, си реков да попливам во подлабокото, каде водата сигурно ќе е потопла.

Кога пристигнав на целта беше потешко. Во текот на пливањето не беше толку тешко, иако ми велеа дека ќе ме фати криза, но не беше толку тешко“, рече Марко тогаш за Супер радио од Охрид, а овој разговор го пренесе iportal.mk

„Кога почнав да пливам водата беше многу студена. Но, ниту еден момент не помислив да се откажам.

Додека пливав ми студеше и си мислев како да си олеснам. Си реков дека како што пливам, ќе ми станува сѐ потопло и потопло. Така и беше“, изјави Марко за Женски магазин тогаш.

-Јас сакав да се пријавам на маратонот, но за жал, ја немам брзината поради проблемите со ногата. Затоа, кога татко ми ме праша: дали сакаш да го препливаш езерото, јас веднаш му кажав: да ,сакам“, додаде Марко.

Лани за празникот Голема Богородица го повтори подвигот, и како 15-годишник пливаше на релација Охрид-Струга-Охрид, во знак на поддршка на децата со ретки болести.

Во јанури годинава, се упокои медицинската сестра Виолета Пејчиновска, која е мајка на Марко. Веста за нејзината смрт ја објавија вработените во ЈЗУ Охрид, простувајќи се од својата колешка.

Минатото лето тој пливаше 14 часа, од Охрид до Свети Наум. Тогаш, на својата страница напиша: – Ова пливање го посветувам на мојата мајка!

Родителите на Марко, таткото Тони и мајката Виолета, секогаш му беа безрезервна поддршка. Во 2019 година, момчето се обиде да преплива 64 километри на рутата Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид за време на верскиот празник Богородица во Охрид, и го прекина ултрамаратонот поради болки во ногата, објави Фокус.

На 7 август годинава, на Фејсбук профилот на Марко беше напишано: Успешно препливани 18 километри на релација Заум – Охрид со време од 5 часа 16 минути 15 секунди. 8/10. Потоа, следеше уште еден предизвик.

На 16 август година, на неговиот Фејсбук профил, Марко објави видео од деветото препливување за 2022 година. Станува збор за релацијата Градиште – Трпејца- Охрид која е долга 20 километри. Марко ја преплива за 5 часа 59 минути.

До крајот на летото Марко ќе преплива вкупно 10 релации, во должина од 250 километри. Подвизите на Марко Пејчиновски се единствени и уникатни.

Тој е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид и Струга до Св. Наум и обратно (Св. Наум – Охрид).

Сега, Марко се подготвува да го исполни својот сон, и да плива 64 километри. Тој обајви слика од црква, како се моли за својот успех и за своето здравје и напиша:

– ГОСПОДЕ, како и пред три години и денес велам: “Нека биде ВОЛЈАТА твоја!” Спремен за ГОЛЕМИОТ подвиг – за освојување на езерото и 64 км“.

Со среќа Марко, и со успех за остварување на твојот сон и твојата цел!

Previous articleЦела Југоcлавија ѝ се поклонуваше на оваа пејачка, а таа ненадејно ја напушти Сpбија, и сега не ја ни посетува- еве како изгледа денес (ФОТО)
Next articleПо подолго време се оглаcи Мицкоски и одговори на прозивките: Набргу ќе се соочите со народот и ќе загубите