Home Live Струмичанката Сања објави фотка од кај Дацо, па еве што и порачаа...

Струмичанката Сања објави фотка од кај Дацо, па еве што и порачаа (ФОТО)

Барби во една прилика им се обрати на Фејсбук на сите како што таа ги нарече „хејтери“:

-Почитувани хејтери. Долго размислував на крајот одлучив да оделам малце време и за вас.

Свесна бев дека не знаете да ја препознаете храброста да се донесат новите трендови кај нас, но ете и овој пат решив да бидам во првите и покрај тоа што знаев на какви коментари ќе наидам.

Ама ако не Ви замерувам, толку Ви е капацитетот да процените и да вреднувате,

само не ми е јасно како ги поддржувате естрадните уметници од регионот со овој жарн на музика, а нас домашните не плукате, вре-ѓате и понижувате, од мене простено Ви е.

На крајот од денот ако не Ви се допаѓа не слушајте и не гледајте, сите ние имаме различни вкусови, а во тоа сум сигурна бидејќи покрај многуте хејтерски коментари,

добив дупло повеќе поддржувачки и охрабрувачки коментари, да бидам искрена Ви благодарам и на едните и на другите.

Имало и коментари од типот дека сум ги исмејувала жрт-вите од Ко-вид, НЕ НЕ НЕ, како би ги исмејувала кога и јас лично го прележав вирусот,

темата на песната е таква се со цел малце позитива да дадеме на се околу вирусот,

да ја тргнеме барем на неколку минути негативната енергија! Ве сака Сања Барби, наскоро се гледаме и дружиме на најдобрите забави!

Приказните за Сања Цинцева-Барби се секогаш интересни за јавноста. Пред неколку години, таа долг период престојуваше во Швајцарија.

Причина за тоа, како што тогаш тврдеа многумина, е нејзиниот дечко кој живее таму, а со кого Барбиката е во врска неколку месеци.

Двојката се запознала сосема случајно, а љубовта се родила уште на прв поглед.

Имено, на еден од настапите на Сања, која честопати пее во Швајцарија, меѓу гостите бил и бизнисменот кој веднаш штом ја здогледал згодната струмичанка, изгубил глава по неа.

По настапот, тој и пришол, се запознале, а само неколку дена потоа се родила и љубовта меѓу нив. Сепак, фолкерката ги демантираше ваквите шпекулации.

“Нема врска, немам дечко. Точно е дека сум во Швајцарија, но немам дечко. Работно престојувам тука и се враќам кон почетокот на идниот месец”, рече Сања тогаш за медиумите.

-Кај нас во Македонија, па воопшто и на Балканот живеат луѓе кои се сеирџии по природа и се гласни и моќни само пред тастатура.

Не бираат зборови кога навредуваат, а за мене тоа се злобни, неуспешни и нереализирани луѓе.

Очигледно немаат што да прават во својот живот, несреќни се, па затоа плукаат и хејтаат по се. „Барбика кралица“ е нов звук на овие простори, досега немало ваква тема, па затоа е и критикувана.

Морам да нагласам дека има и многу позитивни коментари, но нели, како и секогаш, ние прво се „фаќаме“ за негативните…, изјави Барби за една нејзина песна.

Сања Цинцева-Барби, фолк-пејачката која на пошироката македонска јавноста стана позната по песната „Министерка“ уште една покажа дека е фатална за припадниците на машкиот род.

Откако имаше физичката пресметка со поранешниот дечко, фудбалерот Мартин Блажевски, повторно се сте пала со уште еден дечко, овојпат на австриски терен, односно во Виена каде што живее и работи партнерот.

„Ексклузив“ потоа објави дека фолкерката завршила во станица откако соседите ги пријавиле неа и дечкото за нарушување на јавен ред и мир, а причина била нивната гласна караница поради фактот што дечкото бил оженет, а Барби во моментот кога дознала викала и урлала на цел глас, па полицијата морала да интервенира.

Сања Барби често ги почестува своите обожаватели со провокативни фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.

Како што може да се види, нејзиниот Инстаграм профил е исполнет со ,,селфи” фотографии на кои Сања е или по фустанче или шорцеви, а некаде и по танга -бикини.

Како и да е, Сања пред неколку денови објави фотографија во син и краток фустан кој личеше како да ќе пукне во секој момент, па во еден од коментарите пишуваше дека Сања е како ,,темпирана бомбa”.

Споредливо со тоа што Сања го објави на својот Фејсбук е нејзина фотографија која датира од 2019 година, Сања е речиси идентична, не старее, освен тоа што ја има променето бојата на косата, од бринета стана плавуша.

Previous articleЕве што јаде Цеца додека трае Богородичниот поcт, затоа изгледа извајано и многу жени ѝ завидуваат (ФОТО)
Next articleМаксим Димитриевски проговори околу идејата за нова партија и дали позади него стои Бранко Црвенковски