Home Live Лила сама го израсна синот Филип и како другари се- ова е...

Лила сама го израсна синот Филип и како другари се- ова е името на неговиот татко чија приказна е енигма за јавноста

Јавноста секогаш ја интересира нејзиниот приватен живот, за кој Лила Стојановска сѐ помалку зборува.

Она што сака да го сподели со јавноста, го има на нејзиниот Инстаграм профил, а долгогодишното ТВ-искуство, квизот „Сѐ или нешто“, синот Филип се работи за кои со городст сака да зборува“, обајви во една прилика Женски магазин.

-Јас реков дека ако почнам да го работам ова онака, ќе престанам веднаш да го правам, бидејќи не можам да работам нешто што не ме исполнува и не ми е предизвик. Сакам да бидам мотивирана и да се надградувам себеси.

Често знам да ги гледам квизовите од серијалот на “Deal or no Deal”, бидеќи и “Се или ништо” е дел од нив, односно е правен по нивна лиценца. Квизот го има во многу земји, ги гледам сите бидејќи на многу места е различен концептот.

Со оглед на тоа дека секоја земја го адаптира на сопствениот менталитет. Учам од сите нив бидејќи сум застапник на ставот дека секогаш можеш да научиш нешто друго и многу повеќе.

Заради тоа, јас се уште работам со љубов и ќе продолжам да го правам тоа се додека имам предизвик. Имав среќа мене да ми биде доделен овој проект од мојата телевизија, Сител. Веројатно во првиот момент кога нема да го чувствувам тоа, не е исклучена можноста да застанам зад камерите, во друга улога.

Омилениот дел од работата ми е комуникацијата со банкарот, кој сакам да го ‘закачакам’, да се надмудрувам со него. Уште еден дел кој го сакам е комуникацијата со гостите.

Интересно ми е кога луѓе кои имаат голема трема пред камера, се плашат дека ќе се изгубат и дека нема да знаат што да направат, кога ќе застанат до мене, бараат начин јас да им олеснам, да не се почувствуваат сами, бидејќи имаат страв.

Јас со радост им излегувам во пресрет и драго ми е што успевам во тоа.

Важна е и непосредноста, која или ја имаш или не. Не се учи, туку само се надградува со текот на годините.

Би се вратила на ток шоута, доколку изгледаат како оние на запад. Ми се допаѓа стилот на Елен Деџенерис, динамиката на емисијата, гостите доаѓаат по 10 минути и се изгледа неверојатно забавно.

Се доделуваат големи, милионски награди на дневно ниво на луѓе кои имаат вистинска потреба од нив…

Можеби звучи амбициозно, но тоа е еден проект од кој би сакала да бидам дел бидејќи сметам дека можам да го одработам како што треба“; рекла во едно интервју за Хибрид Лила.

Синот на нашата најпопуларна ТВ водителка Лила Филипвска, можеби не толку е активен на социјалните мрежи како мајка си, но затоа кога тоа го прави, направено е.

Па оттука, јасно е дека крвта не е вода, а како и Лила така и Филип е одличен во привлекување внимание кај следбениците и пријателите на своите профили.

Наследникот на Лила се почесто можеме да го видиме на јавни случувања во нејзино друштво, што дополнително ги прави атрактивни кога се еден до друг меѓу јавноста.

Филип е дефинитивно најважниот човек во животот на Лила, а таа секогаш со гордост и љубов во очите зборува за него. И дефинитивно има зошто да се гордее.

Филип е младо, воспитано момче, со добри манири, за кои со сигурност е заслужна неговата мајка.

Лила кусо прокоментира на сликата: „Кога син ти ќе ти стави опис на сликата…“

Лила Филиповска два пати вплови во брачните води, еднаш со таткото на нејзиниот син Филип, Златко Филиповски, а потоа и со Орце Димитровски гитаристот од групата „Арија“.

Изгледа дека Лила повеќе не верува во брак, а доказ за тоа е една фотографија што ја прикачи на социјалната мрежа Инстаграм.

„Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“ е цитатот во кој се пронајде убавата водителка и симпаично се пошегува со своите следачи.

Лила и Филип се како другари, што покажува и нејзиното ново стори, каде што таа го бакнува синот а и тој неа, и заедно се на забава, и си ја пеат познатата песна „За Љиљану“ од тома Здравковиќ.

Малку се знае за Златко, таткото на Филип, речиси воопшто, но се знае дека Лила го пораснала во супер момче кое многу ја почитува својата мајка.

Previous articleДејан покажа каква дупка направило невремето среде една од најпознатите плажи на Халкидики- плажата е доста оштетена (ФОТО)
Next articleИм одржа лекција на младите како треба да се изгледа на плажа, Светлана Црнокрак како да не старее (ФОТО)