Home Live Маја Саздановска искрено кажа како сама ја раснела ќерката откако сопругот се...

Маја Саздановска искрено кажа како сама ја раснела ќерката откако сопругот се упокоил кога таа била бебе, и кажа дали е спремна за нов партнер

Пејачката Маја Саздановска повеќе од десет години нема нова песна, но сè уште важи за еден од најмоќните вокали во Македонија“, обаји Репортер, кој направи интервју со Маја.

Од првата песна „Глушец ушец“ до денес поминаа 35 години. Во меѓувреме таа ја испеа приспивната песна „Во светот на бајките“, со која пораснаа многу генерации, но и поп-хитови кои и сега се паметат.

Таа во една прилика кажала во Женски магазин дека нејзиниот талент е и шминкањето: Поминато е време како јас и шминката ептен се дружиме, и според моите калкулации некаде повеќе од 22 години. Јас моите раце ги ,,валкам“ со сите бои на палетата.

Првата жена која ми го довери својот лик беше Елена Пресилска, тогаш водител на една наградна игра во Сител телевизија, а до тогаш моето лице беше мое платно.

Првиот момент кога ја направивме пробната шминка и кога финалето го видов на телевизија, знаев дека шминкањето ќе биде креативниот уметнички израз кој ми фали во личното уметничко изразување.

Хоби ми е кога ја цртам ќерка ми и внуките, задоволство ми е кога ја разубавувам мајка ми и братучетките, а работа и заработка е кога се наплаќа (се смее). Така да гледаш колку сум јас адаптибилна личност. И да бидам најискрена со тенденција сум да ми биде работа“.

„Пеењето како предизвик сè уште ми стои. Јас се појавив во најубавото време кога песните оставиле некаков траг. И потоа се случи животот, мили и немили настани, дојдоа обврските околу ќерката Срна и пеењето остана некако во позадина“, вели Саздановска.

Таа денес работи во МОБ и пее придружни вокали на концертите на Калиопи, и па така си ја задоволува потребата за музика, вели во Репортер.

Освен за музиката и љубовта, таа муабетела и за слабеењето. Пред четири години ги смени животните навики и ослабе, но вели мотивот не ѝ бил физичкиот изглед.

„Мене деб елината никогаш не ми пречела, а мајка ми секогаш била тука да ме насочи во вистинскиот правец.

Едноставно, еден ден се вратив од работа толку изморена, што немав сила за да се посветам на Срна, па си реков, ако сега не можам, како ли ќе биде кога ќе остарам“, искрена е во разговорот.

За времето кога беше популарна и снимаше хитови, трите Евровизии кога пееше придружни вокали на Тоше, Елена Ристеска и Калиопи, ама и за нејзиното музичко семејство во кое се и Виолета Томовска, Славе и Дарко Димитрови, Дамир Имери, Олгица Христовска и кој уште не, Маја зборувала со многу чувства.

Но исто така зборувала и за за упокоениот сопруг, какво дете е Срна, шминкањето како втора професија, дали еден ден пак ќе снима песни…

-Тие три спрата некогаш и по десет пати во денот можам да ги качам, убаво ми е. Конечно си дојдов своја на своето“, вели Маја. Маја речиси десет години сама се грижи за ќерката Срна.

Неполни две години откако се омажи, нејзиниот сопруг Саша се упокои ненадејно, а таа остана со ќерката. Срна во тоа време имаше девет месеци. За сопругот кој го загуби пред десет години, таа додаде:

„Тоа што го изгубив сопругот направи да гледам поинаку на животот. Можеби тоа беше неговата мисија, да ме научи дека љубовта е нешто повеќе од ова земско задоволство и благодарна сум што го имав Саша барем и толку малку колку што беше со нас.

Дека таа производ на нешто како што е Срна, но да сме живи и здрави. Тоа е тоа, срна е веќе доволно голема, и многу работи ѝ се јасни. Се уште има време и моменти кога се лута.

Срна е негова копија, се наследила од татка си. Ѝ раскажувам за него, но тука е и свекрва ми, која е трезорот на сите сеќавања за Саша и која ги споделува приказните со Срна“, вели Маја за еден од најтажните периоди во животот.

На прашањето дали е спремна за нова љубов, Маја вели: „Секогаш. Јас имам голема верба во изненадувањето.

Секогаш сум во потрага по она што може да го направи денот поубав, да има нешто што само јас ќе го искусам, така што секогаш сум отворена, дали било љубов, партнер, маж, како сакаш ќе ги наречеме“.

-Десет години како сме во раскорак со времето. Како производ на таа љубов, еве се развива и расте веќе полни девет години. Никогаш не можеш да претпоставиш каде ќр те однесе животниот пат, и што е она што ќе се исправи на твојот пат.

Тоа се предизвици коишто те учат на многу работи, тој стоп што ни се случи, ме упати во правец во кој што можеби никогаш немаше да тргнам“ изјавила Маја во Репортер.

Previous articleАпасиев изненаден – распали по Пецаков од ВМРО: Мислевме дека сте различни
Next articleДејан покажа каква дупка направило невремето среде една од најпознатите плажи на Халкидики- плажата е доста оштетена (ФОТО)