Home Live Маријана Станојковска ослабена и уште постегната, само едно нешто останува исто и...

Маријана Станојковска ослабена и уште постегната, само едно нешто останува исто и не се намалува на нејзиното тело (ФОТО)

Maрјана Станојковска важи за една од најпознатите и најатрактивни македонски водители. Марјана со години важи за заштитно лице на „Лото“. Меѓутоа, Станојковска беше и водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Марјана за „Бесктејџ“ проговори за нејзините почетоци во емисијата, за соработката со нејзиниот пријател, колега, починатиот пејач Влатко Илиевски, по што се издвојува магазинот од останатите шоубизнис емисии…

-Морам да кажам дека „Бекстејџ“ има огромно значење за мене. Да не беше „Бекстејџ“ јас немаше да се занимавам со водителство. Се случи во вистински момент.

Паметам кога ми се јавија да ми викнаат на разговор за да ми ја предложат целата идеја.

Тогаш се уште немаше дефинирано кој ќе ми биде партнер. Знаев дека ќе треба да ми биде некој кој ќе ми одговара, некој кој што има телевизиско искуство и да е препознатлив лик. После некое време ми се јавуваат и ми викаат:

Марјана ти најдовме супер партнер, мислам дека ќе бидете идеална комбинација за на телевизија. – Викам, добро за кого стануваа збор, ми викаат – Влатко Илиевски. Реков – одлично сте направиле одличен избор. Знаев дека добро ќе се вклопиме со Влатче. Така и беше“, вели Марјана, а текстот го пренесе Вистина.

Ме асоцира на Влатче, на тие почетни денови кога започнуваше целиот проект. Има многу анегдоти. Јас секогаш се сеќавам на едно снимање кое беше по повод за 1ви април кога си ги сменивме улогите.

Тоа беше идеја на Влатче. Се сеќавам кога ми кажа – Мацо да направиме нешто интересно за 1ви април. Ајде да си ги смениме улогите, јас ќе се потрудам да те одглумам, ти мене. Најинтересно беше тоа што беше спонтано, ние немавме сценарио.

Излезе многу интересно, сите имаа позитивни реакции. Со „Бекстејџ“ ме врзуваат многу убави спомени. Прекрасни дружби, јас никогаш не сум си поминала поубаво како со екипата од Бекстејџ.

Во една прилика, Маријана покажа дека почнала да подготвува и вкусни рецепти. Таа направи и колач по рецептот на својата баба и ѝ го однесе на нејзината пријателка.

-Предмалку го прелистував стариот тефтер со рецепти од баба ми и така читајќи ги нејзините торти и колачи се потсетив на неа и на тоа како со љубов ми ги подготвуваше моите омилени слатки.

,,Манче што сакаш баба да ти направи? Сакаш палачинки, Васина (торта) , крофни или сакаш да направиме бомбици? “ Тоа беше мојата баба Мира. Со мојата друга баба, Марика, веднаш ме врзуваат спомени како заедно ги полевавме ружите од дворот.

Јадевме од грозјето на дедо ми и секогаш ќе го памтам вкусот на највкусните домашни јуфки кои таа ги подготвуваше. За жал двете мои баби повеќе не се меѓу нас, но секогаш ми е мило и ми доаѓа убаво на душата кога ќе се сетам на нив. Тоа се моите ангели чувари.

Денес решив да ја посетам тетка Данче, инаку мајка на Ане, најдобрата другарка на мајка ми. Тетка Данче ја има пораснато и мајка ми и се уште таа и Ане знаат да поседат во нејзината девојчинска соба( која патем тетка Данче ја чува непроменета ) и да си евоцираат спомени од детсвото и младоста.

Решив да и го подготвам оној класичен старински колач со џем од сливи и да и да ја посетам, за да барем на кратко го осетиме духот на старите добри времиња.

Драго ми е што измамив насмевка на нејзиното лице и и го разубавив денот . Понекогаш дури и најмалите дела можат да го направат тоа.

Отворете го вашето срце и душа и почувствувајте ја добрината која природно ја поседувате.

Ве повикувам сите заедно да се вклучиме на бранот добри дела и да почнеме да споделуваме добрина. (Номинирај и пет пријатели да го направат истото) – напиша Марјана на Инстаграм.

Маријана објави нова слика од Инста, тоест стори, во розеви бикини кои ги рекламира. Со тенката половина по која е позната, Маријана изгледа топ, а сега делува ослабена и уште позгпдна и постегната.

Едно нешто никогаш не се менува и не се намалува на нејзиното тело, а тоа е богатото деколте. Маријана и покрај тоа што е убава и згодна и сите мажи ја сакаат е многу културна и комуникативна девојка.

Previous articleГерманска амбасада: Внимание – несериозни агенции за визи!
Next articleГо загуби саканиот и овде ја најде утехата, Николина Пишек се враќа во живот