Home Live Министерката Бисера синоќа во Cтруга, во бел комплет и со цитат од...

Министерката Бисера синоќа во Cтруга, во бел комплет и со цитат од Фрост: Зборувам со кнедла во грлото (ФОТО)

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во едно интервју за Хибрид.мк, искрено зборуваше за тоа каква е таа по карактер, и колку ѝ пречат неправдите и навредите.

-Mојот план и намера да му одговорам на тој што ме навредил или повредил никогаш не бил толку совршен како одговорот на животот во мое име. Одамна разликувам вистинска од лажна емоција. На навредите научив да гледам како на туѓа слабост.

Верувам во силните аргументи и ме движи волјата да сторам нешто добро, а не суетата. Тоа што чувствувам емпатија, благодарност, разбирање не е моја слабост. Напротив.

Во Собранието дојдов во скафандер за да гласам за уште еден пакет мерки за помош на погодените категории од последиците од светската пандемија. Да имаше опозицијата минимум почит кон нашите граѓани, јас не ќе бев неопходниот глас ЗА“, изјавила таа и додала:

Јас во Скопје работам, а живеам кога ќе си отидам дома, во Битола. Одговорот на другиот дел од прашањето е работа на договор во моето семејство. И толку. Работата од дома беше тест на кој, за жал, многу семејства „паднаа на испитот“.

Нашето семејство токму тогаш доби дар – ќерката Ана. И ако мајката треба да е пример за своите деца, токму заради мојата Ана правам и ќе направам сè да не дозволи пеглата и правосмукалката да и бидат „ору жје“, а налевањето со кафиња со сосетките да ѝ станат утеха. Затоа моето работење во Скопје не е ниту жртва, ниту храброст.

Порано беше печалбарство, сега прејде во преселба. Денеска е поинаку бидејќи младите поинаку го гледаат светот. За нив е доволен Вибер и понекоја фотографија на социјалните мрежи за поздрав. Точно дека секој има право да го бара подоброто за себе, но животот се менува за миг“, изјавила таа.

Министерката на култура гостуваше во емисијата Магазин на ТВ Сител и таму раскажа голем дел од својата приватност, за сопругот, за децата и за тоа како живеат раздалечени додека е таа во Скопје, тие во нивниот роден град Битола.

-Секое сабајле кога сме во Скопје, син ми доручкува здраво, а кога сме во Битола во недела обавезно палачинки, тие палачинки се нерасикнлив дел од син ми“, рече министерката и раскажа дека таа му ги подготвува палачинките на синот.

-Тука на почетокот беше многу тешко темпото, многу напорно. Некогаш по 14 часа имав обврски. Меѓутоа, во овие шест ипол месеци научив дека морам поинаку да го организирам моето време.

Наоѓам време за готвење, бидејќи мојата шефица на кабинетот е исто така ов Битола и многу често ќе се договориме навечер да вечераме или да ручаме, до пред два месеци имав најдено време да одам и на тренинг, еден час малку да извежбам“, рече Бисера и потоа кажа дека тренира кик бокс и раскажа кога почнала.

-Мојот брат е авантурист, се занимаваше со парајглајдинг, екстремен бајкинг. Нас никогаш не не интерсирале класични спортови, сум тренирала и ракомет и женски фудбал, меѓутоа никогаш тоа не ми стана интересно. Јас некаде на 21 година во Битола почнав да тренирам кик бокс..“.

-Сега наоѓам време и да трчам на кеј“, рече министерката а водителот ја праша: Кога трчаш на кеј, има обезбедување околу тебе?“. А таа рече: Не, фала Богу, тоа не ми следува на мене.

Потоа водителот ја праша како се запознале со сопругот, и како е да се живее на далечина, со оглед на тоа дека сопругот со децата е во Битола, а таа е во Скопје, а таа одговори:

-Со сопругот се запознавме во еден од локалните клубови во Битола, тоа беше скоро пред ѝ 10 години. Како се функционира на далечина? Навистина е потребно многу големо разбирање и многу голема поддршка.

Тој систем на поддршка којшто секогаш никој не го гледа во позадина“, рече Костадинвоска, а потоа се покажа слика од нејзината свадба каде што таа била невеста во патики, а таа искоментира:

-Тој момент беше многу интересен, бидејќи мојата венчаница беше од Вера Ванг, и никој не очекуваше дека ќе носам Конверс патики. Целата моја фамилија во моментов е фокусрана на тоа моите многу мали деца, што е можно помалку да го осетат моето отсуство.

Мојот поголем син е шест ипол години, тој од септември сега ќе е прваче, и преселувањето од една во друга средина, бидејќи јас сум со моите родители заедно, и тој е многу поврзан со нив, и пред се тешко ни беше да се одлучиме на тој чекор да се преселиме сите заедно во Скопје.

Токму заради него и заради тој критичен период којшто сега го очекува. И мојот татко и мојата мајка, и родителите на сопругот и мојит сопруг се сконцентрирани токму на тоа, да се одржи тоа ниво, тој баланс.

Бидејќи јас не само што сум министер, туку сум и потпретседател на СДСМ. Благодарение на целата нивна поддршка, правиме баланс, јас сум секој викенд во Битола, тие доаѓаат во Скопје“, рекла во Магазин Костадиновска- Стојчевска.

Таа била облечена во бел комплет на отварањето на Струшките вечери на поезијата и таму одржала говор, кој го пренесе Независен весник:

– Како што според зборовите на американскиот поет Роберт Фрост: „Секоја песна започнува со кнедла во грло“, ќе бидам искрена, и јас го почнувам овој говор со тоа чувство.

Во свет во кој поезијата сѐ помалку ја има, а сѐ повеќе ни треба и ако поезијата е кралица на литературниот израз, тогаш Струга е светска престолнина на поезијата и вечерва“.

Ова го рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска синоќа на отворањето на 61-то издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, а  го објави Независен весник.

Previous articleИм одржа лекција на младите како треба да се изгледа на плажа, Светлана Црнокрак како да не старее (ФОТО)
Next articleЦела Југоcлавија ѝ се поклонуваше на оваа пејачка, а таа ненадејно ја напушти Сpбија, и сега не ја ни посетува- еве како изгледа денес (ФОТО)