Home Live Нашиот познат пејач ја покани на танго згодната Сани која радо прифати...

Нашиот познат пејач ја покани на танго згодната Сани која радо прифати да заигра со него (ФОТО)

Фолк пејачот Христијан Кико Божинов, познат како дел од популарниот македонски фолк бенд „Болеро“ постигнуваат големи успеси кај нас и во дијаспората.

Македонците и нашинците во дијаспората ги обожаваат неговите песни кои со исполнето срце се пејат на цел глас. Кико едно време направи пауза од групата ,,Болеро”, која траеше 2 години, а потоа ги изненади фановите кога повторно се врати со неа.

Како еден од најдобрите македонски вокали, тој функционира одлично каде и да запее. Болеро бенд зад себе има долгодишен успех кој е проширен низ целиот свет.

За Ин продукција, Кико даде интервју пред 2 години кога ги прокоментира музичките песни и хитови:

-Моментално квалитетна македонска музика има, но најдобрите песни мислам дека секогаш се затскриени, не знам од кои причини.

Значи има многу убави македонски песни, но најубавите се некако се подзатскриени, неслушани.

Секогаш, исплувува нешто, не кажувам дека не е квалитетно, но најквалитетното едноставно е затскриено.

За снимањето на ,,кавер” верзии од веќепостоечки песни, Кико изјави:

-Значи, се снима свашта. Една песна ја снимаат 50 групи и 50 пејачи, така да кога ќе пуштат луѓето, не знаат што да слушаат и тука самата песна станува одбивна, не знаат од кој да ја слушаат.

Луѓето си имаат пријатели музичари, така да не знаат од овој да ја слушаат, од трет ли и затоа треба малку да се распоредат песните, околу овие ,,кавер” верзии, додаде Кико.

Христијан Кико Божинов неодамна на својот Фејсбук профил објави статус каде што порача дека мисијата во Австралија била успешна, а нашинците уживале во настапите.

,,MISSION COMPLETED !!! Заврши уште една успешна Австралиска турнеја Организацијата екстра! (Republica Entertaiment (Menadjer Vlatko Joveski) во соработка со Estrada events, Rock dail Ilinden, MKUD Makedonski Biseri, Makedonski centar Vardar i Mak Fm )

Доаѓаме до неизбежниот и најважниот дел за овие забави!!

Вие драги пријатели и сонародници, вие бевте тие кои ги полнеа салите и конечно после Ко рона кризата знаевте да се развеселите и да ги стоплите душите и срцата, и вашите и нашите, допополнително да ни дадете стимул и љубов

Посебна благодарност и до сите наши колеги музичари и пејачи, кои неизмерно не испочитуваа со нивното присуство, а кога требаше да се помогне во техничка смисла, секогаш бевте до нас и со неизмерна посветеност помагавте несебично..

Да не го заборавиме и нашиот агент Даниела (CEO bo Stojanović Associates P/L MIgration agent), која во последен момент ни помогна со уште едно дополнително апдејтирање на декларациите, без кои не можевме да влеземе во Австралија. Срдечни и братски поздрави од сите нас…

БРАВО ЗА НАШАТА УБАВА, ВЕСЕЛА ПУБЛИКА ВО АВСТРАЛИЈА!!

Се гледаме во некоја наредна прилика,” напиша Кико кој беше на турнејата заедно со нашата најзгодна пејачка Сања Сани Гроздановска.

Да потсетиме, Сани Гроздановска е една од нашите најпопуларни и најзгодни пејачки на фолк сцената. Сани секоја година ја гледаме како настапува во емисијата „Мерак меана“.

Емитувањето на оваа емисија која ја собира целата фолк естрада од Македонија е реприза, но сепак народот ужива додека ја гледа.

Таа откpи и дека политика не следи, но затоа пак актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев и се допаѓа, додека, пак за тогашниот премиер, Зоран Заев, рече дека воопшто не е нејзин тип на маж.

Сани Гроздановска сподели нејзина изведба на една тажна љубовна песна од Милица Тодоровиќ, која се вика, „Љубав мање“- Љубов помалку.

„Со ноќи чекав, низ прсти гледав, се ми излезе на нос. Срцето ми вели, застани малку, а паметот, тргни се будало. Ако ја бирав убавината, секогаш ќе беше прв…“

Сани неодамна го истетовира својот грб со тетоважа која има симболично значење. Станува збор за ружи околу кои има виолински клуч од петолиние со ноти, а меѓунив изпишани зборовите:

„Љубов“, „Среќа“, „Независност“, а симболично претставени беа музиката и двата цвета кои се нејзините две ќерки.

Сани на својот Инстаграм профил сподели видео од пејачот Кико Божинов кој објави како игра танго со нашата пејачка на свечена прослава.

Сани беше облечена во долг шарен фустан со голем шлиц, кој оставаше голем впечаток. На едната страна, рамото и беше откриено, а косата и беше пуштена и се разлеваше насекаде додека таа танцуваше, како вистинска принцеза.

Previous articleСпенџарска проговори за тежок период од нејзиниот живот и што морала да надмине: Уште не бев свесна дека некои работи мора да се случат
Next articleТрифун Костовски му одговори на Бранко Героски, зачуден е како новинарот се ставил на страната на НБРСМ